-
Објавители на добрата вестОрганизирани за да ја вршиме Јеховината волја
-
-
организација. Искуствата нѐ допираат до срце, ја разгоруваат нашата ревност и нѐ поттикнуваат да даваме сѐ од себе во службата на проповедање (Дела 15:3). Затоа е важно редовно и навреме да го даваме нашиот извештај за служба. Тоа е доказ дека сме вистински заинтересирани за сите браќа и сестри. На овој начин, покажуваме дека сме ѝ подложни на Јеховината организација (Лука 16:10; Евр. 13:17).
ДА СИ ПОСТАВУВАМЕ ЦЕЛИ!
37 Нема потреба да го споредуваме она што ние го правиме во службата со она што го прави некој друг (Гал. 5:26; 6:4). Секој човек има различни околности. Од друга страна, може да извлечеме голема корист ако си поставуваме достижни цели кои можат да ни помогнат да го следиме нашиот напредок во службата. Тоа што ќе ги исполниме овие цели може да ни донесе задоволство.
38 Очигледно е дека Јехова го забрзува собирањето на оние што ќе ги заштити во „големата неволја“. Ние живееме во време кога се исполнува следново пророштво на Исаија: „Од малиот ќе стане илјада, и од незначителниот — силен народ. Јас, Јехова, ќе го забрзам тоа кога ќе дојде време“ (Отк. 7:9, 14; Иса. 60:22). Навистина е голема чест тоа што можеме да ја објавуваме добрата вест во овие значајни последни денови (Мат. 24:14).
-
-
Методи на проповедање на добрата вестОрганизирани за да ја вршиме Јеховината волја
-
-
ПОГЛАВЈЕ 9
Методи на проповедање на добрата вест
ИСУС им дал многу добар пример на своите следбеници со тоа што ревносно ја проповедал добрата вест. Тој не чекал луѓето да дојдат кај него, туку одел во нивните домови и на јавни места за да им сведочи и да ги поучува (Мат. 9:35; 13:36; Лука 8:1). Исус зборувал со поединци, ги поучувал своите ученици насамо и им се обраќал на мноштва од илјадници луѓе (Мар. 4:10-13; 6:35-44; Јован 3:2-21). Тој ја користел секоја соодветна прилика за да ги охрабри другите и да им влее надеж (Лука 4:16-19). Исус не испуштал прилика да сведочи дури и кога имал потреба да се одмори и поткрепи (Мар. 6:30-34; Јован 4:4-34). Кога ги читаме библиските извештаи за службата на Исус, и ние како апостолите сме поттикнати да го следиме неговиот пример (Мат. 4:19, 20; Лука 5:27, 28; Јован 1:43-45).
2 Да видиме на кои начини христијаните денес можат да го вршат делото кое го започнал Исус Христос пред околу 2.000 години.
ПРОПОВЕДАЊЕ ОД КУЌА ДО КУЌА
3 Како Јеховини сведоци, сфаќаме дека е многу важно да ја проповедаме добрата вест за Царството од куќа до куќа. Толку многу ја користиме оваа метода што таа станала знак по кој другите нѐ распознаваат. Оваа метода се покажала многу делотворна затоа што за кратко време добрата вест стигнала до милиони луѓе
-