ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 8-9
  • Седум мудри изреки

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Седум мудри изреки
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Треба ли да имам кредитна картичка?
    Разбудете се! 2000
  • Пари
    Разбудете се! 2014
  • Дали се исплаќа да влегувате во долгови?
    Разбудете се! 1995
  • Вистинска благосостојба во Божјиот нов свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 8-9

Седум мудри изреки

ИЗРЕКИТЕ што следат се наоѓаат во една древна книга во која има многу начела што се докажале практични и корисни и во наше време. Да видиме како можат да ти помогнат со финансиите.

1. „Кој го љуби среброто, никогаш не му е доста сребро, и кој го сака богатството, никогаш не му е доста добивка“ (Проповедник 5:10). Ова не се зборови на некој завидлив сиромашен човек. Еден од најбогатите луѓе што некогаш живееле, израелскиот цар Соломон, ги напишал од лично искуство и од она што го гледал околу себе. Нешто слично кажале и некои богати луѓе од наше време.

2. „Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни. А оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение“ (1. Тимотеј 6:8, 9). Овие зборови ги напишал апостол Павле, кој се откажал од успешна кариера и станал следбеник на Исус Христос. За разлика од некои денешни верски водачи, Павле решително се спротивставил на секое искушение да извлече материјална добивка од оние што ги поучувал или од пријателите. Наместо тоа, искрено можел да рече: „Не посакав ничие сребро, ниту злато, ниту облека. Сами знаете дека овие раце послужија за моите потреби и за потребите на оние што беа со мене“ (Дела 20:33, 34).

3. „Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот за да види дали има со што да ја доврши?“ (Лука 14:28). Споредбата на Исус може да се примени ако се најдеш во ваква ситуација: Кога одиш да купуваш, особено со кредитна картичка, дали ќе го купиш првото нешто што ќе го видиш или ќе бидеш стрплив и ќе го пресметаш трошокот? Дали навистина ти треба тој производ и можеш ли да си го дозволиш?

4. „Кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот“ (Изреки 22:7). Неодамнешната светска финансиска криза покажа колку е неразумно да се трупа долг на кредитната картичка или да се задолжиш на каков и да било друг начин. „Денес е вообичаено човек да има во просек над 9.000 долари долг на четири или на повеќе кредитни картички“, вели Мајкл Вагнер во својата книга од 2009 год., Твои пари, ден прв.

5. „Злиот зема на заем и не враќа, а праведникот е милостив и дава дарови“ (Псалм 37:21). Некои луѓе сметаат дека лесен начин да ги исплатат долговите е да прогласат банкрот. Од друга страна, пак, оние на кои им значи да имаат добар однос со Бог не само што се трудат, колку што е во нивна моќ, да си ги исплатат долговите туку и великодушно даваат од она што го имаат.

6. „Бев млад и остарев, но никогаш не видов праведник да биде оставен, ниту неговите деца да просат за леб“ (Псалм 37:25). Овие зборови ги напишал човек кој претрпел многу неправди. Со години живеел како бегалец, понекогаш криејќи се во пештери, а понекогаш барајќи прибежиште во непријателски земји. Подоцна, овој бегалец, Давид, станал цар на древниот Израел. Во текот на својот живот многупати ја увидел вистинитоста на зборовите што ги запишал.

7. „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Овие зборови ги кажал најголемиот човек што некогаш живеел. ‚Поради радоста што стоела пред него‘, Исус го поминал својот живот на Земјата служејќи им на другите. Сега тој е бесмртно духовно суштество на небото и стои од десната страна на „среќниот Бог“, Јехова (Евреите 12:2; 1. Тимотеј 1:11).

Највозвишена смисла во животот е да го следиме примерот на Исус со тоа што ќе правиме сѐ што е во наша моќ за да им служиме на другите. Сигурно и ти ќе се сложиш дека е подобро мудро да штедиш за да можеш великодушно да даваш отколку себично да трошиш.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели