-
Дел 7: Водење напредни библиски студииНашата служба 2005 | Март
-
-
Дел 7: Водење напредни библиски студии
Молитва на студијата
1. а) Зошто е прикладно да се започне и да се заврши библиската студија со молитва? б) Како можеме да ја воведеме молитвата во библиската студија?
1 За да може ученикот духовно да напредува, неопходен е Јеховиниот благослов (1. Кор. 3:6). Затоа, прикладно е библиската студија да се започне и да се заврши со молитва. Кај религиозни луѓе честопати ова можеме да го направиме уште на првата студија. Кај други, пак, можеби ќе треба да процениме кога е вистинското време за да ја воведеме молитвата. За да му помогнеш на ученикот да разбере зошто е потребна молитвата, би можел да ги користиш Псалм 25:4, 5 и 1. Јованово 5:14. Исто така употреби го Јован 15:16 за да објасниш зошто е важно да му се молиме на Јехова преку Исус Христос.
2. Кој треба да се моли, ако на библиската студија сестрата ја придружува крстен брат или некрстен објавител?
2 Кој треба да се моли? Ако крстен брат придружува сестра на студијата, тој треба да се моли иако сестрата ја води студијата со покриена глава (1. Кор. 11:5, 10). Од друга страна, пак, ако некрстен објавител придружува сестра на студијата, тогаш таа треба да се моли. Во таква ситуација, таа треба да носи покривало на главата додека се моли, но и за време на студијата.
3. Кои работи е прикладно да ги вклучиме во молитвите на библиската студија?
3 Што може да се вклучи во молитвата: Молитвите на една библиска студија не мора да бидат долги, но треба да бидат конкретни. Освен тоа што ќе побараме благослов од Јехова за студијата и ќе му се заблагодариме за вистините што сме ги научиле, прикладно е да го фалиме како Извор на поуката (Иса. 54:13). Исто така, со избрани зборови можеме да го покажеме нашиот искрен интерес за ученикот, а и нашето ценење за организацијата којашто Јехова ја користи (1. Сол. 1:2, 3; 2:7, 8). Тоа што ќе го молиме Јехова да го благослови трудот што го вложува ученикот за да го применува наученото, може да му помогне да сфати колку е важно да биде ‚извршител на речта‘ (Јак. 1:22).
4. Кои користи се добиваат ако библиската студија ја започнеш и ја завршиш со молитва?
4 Од молитвата има многу користи. Таа носи Божји благослов (Лука 11:13). Ја нагласува важноста од проучувањето на Божјата Реч. Додека ученикот ги слуша нашите молитви, тој учи како да се моли (Лука 6:40). Освен тоа, молитвите коишто доаѓаат од срце исполнето со љубов кон Бог и ценење за неговите ненадминливи особини, можат да му помогнат на ученикот да развие личен однос со Јехова.
-
-
Што да речеш за списанијатаНашата служба 2005 | Март
-
-
Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 мар.
„Луѓето низ целиот свет ги фалат учењата на Исус. [Прочитај еден од цитатите на страница 3, пасус 1.] Но, што мислите, дали денес се практични овие учења, како што е примерот во овој стих?“ [Прочитај Матеј 5:21, 22а. Потоа почекај да одговори.] Ова списание дискутира за тоа што поучувал Исус и како може тоа да ни користи.
Стражарска кула 1 апр.
„Дали сте слушнале како некои велат дека науката и Библијата си противречат? [Почекај да одговори.] Ова списание ја разгледува историјата на судирот меѓу науката и религијата. Но исто така дава докази за да покаже дека вистинската наука е во склад со Библијата.“ Покажи ги страниците 6-7. Потоа прочитај Проповедник 1:7.
Разбудете се! 8 апр.
„Дали сте забележале дека општеството сѐ повеќе го нагласува надворешниот изглед на луѓето? [Почекај да одговори.] Ова списание дискутира за некои опасности што би се појавиле ако станеме опседнати од убавината. Исто така ја истакнува вредноста на најважната убавина.“ Прочитај 1. Петрово 3:3, 4.
-