ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Едно стадо, еден пастир
    Стражарска кула 2010 | 15 Март
    • 18 Целокупниот Божји народ има чест да извлече корист од исполнувањето на ова величествено ветување, овој сојуз за мир. Да, Јехова ветува мир за сите свои послушни слуги. Плодовите на духот јасно се гледаат кај нив. Неговото светилиште, кое овде го претставува чистото христијанско обожавање, е меѓу нив. Тие навистина станале негов народ затоа што отфрлаат секакво идолопоклонство и Јехова е единствениот Бог кому му служат.

      19, 20. Кој спаѓа во оние што Јехова ги нарекува „мој народ“, и што овозможил новиот сојуз?

      19 Колкава радост е што сме сведоци на обединувањето на овие две групи во нашево време! Иако сѐ побројното големо мноштво нема надеж за живот на небото, за неговите членови е чест што можат да соработуваат со оние кои ја имаат оваа надеж. Тие му се придружиле на Израелот Божји. Бидејќи го направиле тоа, тие се меѓу оние што Јехова ги нарекува „мој народ“. На нив се исполнува следново пророштво: „Многу народи во тој ден ќе појдат по мене и ќе бидат мој народ, а јас, Јехова, ќе живеам среде тебе“ (Зах. 2:11; 8:21; прочитај Исаија 65:22; Откровение 21:3, 4).

      20 Јехова го овозможил сето ова преку новиот сојуз. Милиони симболични туѓинци сега се дел од Јеховиниот најмил народ (Мих. 4:1-5). Тие се решени да продолжат да се држат за сојузот така што и понатаму ќе ги прифаќаат и послушно ќе ги исполнуваат неговите барања (Иса. 56:6, 7). Правејќи го ова, заедно со Израелот Божји, тие се богато благословени со бескраен мир. Истото ова нека важи и за тебе — сега и за сета вечност!

  • Прашања од читателите
    Стражарска кула 2010 | 15 Март
    • Прашања од читателите

      Дали зборовите од Езекиел 18:20, каде што се вели дека „синот нема да ја сноси вината за престапот на таткото“, се противречни на зборовите од 2. Мојсеева 20:5, според кои Јехова ‚поради престапите на татковците ги казнува синовите‘?

      Нема ништо противречно во овие два стиха. Едниот се однесува на личната одговорност на поединецот, а другиот го потврдува фактот дека грешките на еден човек може да имаат последици и врз неговите потомци.

      Контекстот покажува дека во 18. поглавје од Езекиел се зборува за личната одговорност. Во 4. стих се вели дека „онаа душа што греши, таа и ќе умре“. А што „ако е некој праведен и го прави она што е право и праведно“? „Тој ќе остане жив“ (Езек. 18:5, 9). Значи, кога некој е доволно возрасен, или зрел, да одговара за своите постапки, нему може да му се суди „според неговите патишта“ (Езек. 18:30).

      Ова начело може да се види од она што се случило со еден левит кој се викал Кореј. Додека Израелците патувале низ пустината, Кореј станал незадоволен од посебните задачи што му ги дал Јехова. Сакајќи да служи како свештеник, тој и неколкумина други се побуниле против Јеховините претставници Мојсеј и Арон. Бидејќи дрско се обиделе да ја преземат таа служба на која немале право, Јехова ги казнил со смрт и Кореј и оние што му се придружиле во побуната (4. Мој. 16:8-11, 31-33). Но, синовите на Кореј не учествувале во таа побуна. Затоа, Бог не сметал дека се одговорни за гревот на татко им. Бидејќи

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели