Што ќе правиш за време на празниците?
Кога има верски или државни празници, многу луѓе не се на работа. Затоа, добро е тие денови да одиш во служба. Собранијата можат да направат посебни планови за сведочење во текот на празниците. Ако тие денови луѓето обично спијат до подоцна, можеби ќе треба да се смени времето за состанокот за проповедање. На Состанокот за нашата служба може да се даде известување за тоа што се планира околу сведочењето за време на празниците и да се поттикнат објавителите кои се во можност да учествуваат. Се разбира, за време на празниците можеби ќе сакаш да се одмориш или да завршиш некои лични работи. Но, зошто да не одвоиш еден дел од денот за да проповедаш? Сигурно ќе се чувствуваш убаво затоа што си учествувал во светата служба (Мат. 11:29, 30).