-
Како библиската вистина била повторно откриена?Кој ја врши Јеховината волја денес?
-
-
ПОГЛАВЈЕ 3
Како библиската вистина била повторно откриена?
Истражувачи на Библијата, 1870-тите години
Првиот број на Стражарска кула (1879)
Стражарска кула денес
Библијата прорекла дека по смртта на Христос ќе се појават лажни учители меѓу првите христијани кои ќе ја искриват библиската вистина (Дела 20:29, 30). Со текот на времето, токму тоа и се случило. Ги помешале учењата на Исус со паганските религиозни идеи и се појавил лажен облик на христијанство (2. Тимотеј 4:3, 4). Како да бидеме сигурни дека денес исправно разбираме што навистина учи Библијата?
Дошло време Јехова да ја открие вистината. Тој претскажал дека во „времето на крајот... вистинското знаење ќе се умножи“ (Даниел 12:4). Во 1870 год., една мала група луѓе кои ја барале вистината сфатиле дека многу црковни учења не се библиски. Затоа, истражувале што навистина учи Библијата и Јехова им помогнал да ги сфатат тие учења.
Искрените луѓе внимателно ја проучувале Библијата. Тие искрени Истражувачи на Библијата, наши претходници, имале метод на проучување на Светото писмо кој го користиме и ние денес. Дискутирале за Библијата тема по тема. Кога ќе наишле на дел што тешко можел да се разбере, барале други библиски стихови со кои можеле да го објаснат тој дел. Кога ќе дошле до заклучок кој бил во согласност со целата Библија, го запишувале. Бидејќи дозволиле Библијата да се толкува самата себеси, успеале повторно да ја откријат вистината за Божјето име и за Божјето Царство, за неговата намера со човештвото и со Земјата, за состојбата на мртвите и за надежта во воскресение. Нивната потрага ги ослободила од голем број лажни верувања и обичаи (Јован 8:31, 32).
Истражувачите на Библијата сфатиле дека дошло време да ја објават вистината насекаде. Затоа, во 1879 год. почнале да го издаваат списанието што се издава и ден-денес — Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство. Сега, библиската вистина ја објавуваме во 240 земји и на преку 750 јазици. Никогаш порано вистинското знаење не било толку големо!
Што се случило со библиската вистина по смртта на Христос?
Што ни помогнало повторно да ја откриеме вистината од Божјата Реч?
-
-
Зошто го издадовме Преводот Нов свет?Кој ја врши Јеховината волја денес?
-
-
ПОГЛАВЈЕ 4
Зошто го издадовме Преводот Нов свет?
Конго (Киншаса)
Руанда
Фрагмент од грчкиот превод на Симах во кој стои Божјето име во Псалм 69:31 (трети или четврти век од н.е.)
Со децении, Јеховините сведоци користеа, печатеа и дистрибуираа различни преводи на Библијата. Но, тогаш увидовме дека има потреба од нов превод што ќе им помогне на луѓето „добро да ја запознаат вистината“, што е во склад со Божјата волја (1. Тимотеј 2:3, 4). Па така, во 1950 год. почнавме да издаваме делови од нашиот превод на Библијата, Преводот Нов свет, на современ англиски јазик. Потоа, тој превод послужи како темел за да се направи точен превод на Библијата на преку 130 јазици.
Беше потребна лесно разбирлива Библија. Со текот на времето, јазиците се менуваат, па многу преводи содржат нејасни или застарени изрази што тешко може да се разберат. Освен тоа, беа откриени древни ракописи кои се поточни и, временски гледано, поблизу до периодот кога биле напишани оригиналните записи, а тоа помогна подобро да се разбере библискиот хебрејски, арамејски и грчки јазик.
Беше потребен превод кој верно ќе ја пренесе Божјата реч. Наместо да си земаат слобода со Божјите вдахновени списи, преведувачите на Библијата треба верно да го следат оригиналниот текст. Меѓутоа, во повеќето преводи на Светото писмо не се спомнува Божјето име, Јехова.
Беше потребна Библија што ќе му оддаде признание на нејзиниот Автор (2. Самоилова 23:2). Во Преводот Нов свет, Јеховиното име е вратено на околу 7.000 места каде што се јавува во најстарите библиски ракописи, како што се гледа од фрагментот на сликата (Псалм 83:18). Оваа Библија, која е плод на повеќегодишно внимателно истражување, е задоволство да се чита бидејќи јасно ги пренесува Божјите мисли. Сеедно дали имаш Превод Нов свет на твојот јазик или не, убаво е да си стекнеш навика да ја читаш Јеховината Реч секој ден (Исус Навин 1:8; Псалм 1:2, 3).
Зошто сметавме дека е потребен нов превод на Библијата?
Што е добро да правиме секој ден ако сакаме да дознаеме која е Божјата волја?
-