-
Како ќе ти користат нашите состаноци?Кој ја врши Јеховината волја денес?
-
-
ПОГЛАВЈЕ 5
Како ќе ти користат нашите состаноци?
Аргентина
Сиера Леоне
Белгија
Малезија
Многу луѓе престанале да одат на богослужба затоа што тоа не ги исполнува духовно и не им носи никаква утеха. Тогаш, зошто да одиш на состаноците на Јеховините сведоци? Како може да ти користат?
Ќе бидеш радосен затоа што си опкружен со добри и грижливи луѓе. Во првиот век, христијаните биле организирани во собранија и одржувале состаноци на кои го славеле Бог, ги проучувале светите списи и се храбреле еден со друг (Евреите 10:24, 25). Собрани заедно во пријатна атмосфера, чувствувале дека се меѓу вистински пријатели — меѓу своите духовни браќа и сестри (2. Солуњаните 1:3; 3. Јованово 14). Ние го следиме нивниот пример и ја чувствуваме истата радост.
Ќе научиш како да ги применуваш библиските начела. Како што било случај во библиски времиња, и денес мажите, жените и децата се собираат заедно. Оние што се оспособени да поучуваат ја користат Библијата за да ни помогнат да сфатиме како да ги применуваме нејзините начела во секојдневниот живот (5. Мојсеева 31:12; Неемија 8:8). Секој од присутните може да дава коментари и да учествува во пеењето на песните, со што ја изразуваме својата надеж (Евреите 10:23).
Ќе ти се зајакне верата во Бог. На едно од собранијата во негово време, апостол Павле му напишал: „Копнеам да ве видам... заемно да се охрабриме, јас со вашата вера, а вие со мојата“ (Римјаните 1:11, 12). Времето што го минуваме заедно со нашите соверници на состаноците, ни ја зајакнува верата и ни помага да бидеме уште порешени да живееме според библиските начела.
Зошто не дојдеш на нашиот следен состанок и самиот да се увериш во тоа? Ќе ни биде мило ако дојдеш. Сите состаноци се бесплатни.
Чиј пример го следиме во поглед на нашите собраниски состаноци?
Каква корист можеме да имаме ако одиме на состаноците?
-
-
Како ни користи дружењето со нашите соверници?Кој ја врши Јеховината волја денес?
-
-
ПОГЛАВЈЕ 6
Како ни користи дружењето со нашите соверници?
Мадагаскар
Норвешка
Либан
Италија
Сеедно дали треба да се пробиеме низ густа џунгла или да излеземе надвор кога времето е лошо, ние редовно одиме на нашите состаноци. Зошто Јеховините сведоци вложуваат толкави напори за да се собираат со своите соверници и покрај тешкиот ден на работа и проблемите што ги носи животот?
Тоа е добро за нас. „Да размислуваме еден за друг“, напишал Павле во врска со оние што се во нашето собрание (Евреите 10:24). Овој израз значи „внимателно да се размислува“, т.е. добро да се запознаеме еден со друг. Значи, зборовите на апостол Павле нѐ поттикнуваат да се интересираме за другите. Кога се запознаваме со другите во собранието, сфаќаме дека некои од нив успеале да се изборат со проблеми слични на нашите и дека можат да ни помогнат и нам.
Тоа ни помага да изградиме трајни пријателства. На нашите состаноци се собираме со браќа и сестри што за нас не се само познајници, туку блиски пријатели. Има и прилики кога заедно се рекреираме. Како ни користи ваквото дружење? Учиме повеќе да се цениме еден со друг, а тоа ја зајакнува љубовта меѓу нас. Па така, кога некој наш соверник има проблеми, блискоста меѓу нас нѐ поттикнува да направиме сѐ за да му помогнеме (Изреки 17:17). Кога се дружиме со сите членови на нашето собрание, покажуваме дека се грижиме еден за друг (1. Коринќаните 12:25, 26).
Те поттикнуваме да си побараш пријатели меѓу оние што ја вршат Божјата волја. Такви пријатели можеш да најдеш меѓу Јеховините сведоци. Не дозволувај ништо да те спречи да се дружиш со нас.
Како ни користи тоа што сме заедно на состаноци?
Кога би сакал да дојдеш и да се запознаеш со членовите на нашето собрание?
-
-
Како изгледаат нашите состаноци?Кој ја врши Јеховината волја денес?
-
-
ПОГЛАВЈЕ 7
Како изгледаат нашите состаноци?
Нов Зеланд
Јапонија
Уганда
Литванија
На состаноците на првите христијани главно се пееле песни, се кажувале молитви, се читало Светото писмо и се воделе библиски дискусии. Не се правеле никакви ритуали (1. Коринќаните 14:26). Нашите состаноци изгледаат многу слично.
Поуките се практични и се темелат на Библијата. Секој викенд, собранијата се собираат да чујат 30-минутно библиско предавање за тоа како она што го учиме од Светото писмо е поврзано со нашиот живот и со времето во кое живееме. Кога се читаат стихови од Библијата, сите сме поттикнати да следиме во својот личен примерок. По говорот следува Проучувањето на „Стражарска кула“ кое трае еден час. На овој состанок членовите на собранието може да учествуваат во дискусија на темел на статијата од изданието за проучување на Стражарска кула. Ваквите дискусии ни помагаат да ги примениме советите од Библијата во нашиот живот. Истиот материјал се проучува во сите собранија низ целиот свет, кои ги има над 110.000.
Учиме како подобро да поучуваме. Се собираме и еднаш во текот на седмицата за состанокот Нашиот живот и служба како христијани, кој се состои од три дела и се темели на месечното издание на публикацијата Нашиот живот и служба како христијани — работни листови. Првиот дел, кој се вика Од ризницата на Божјата Реч, ни помага да се запознаеме со некој дел од Библијата за кој претходно сме се подготвиле. Во делот Дај сѐ од себе во службата има прикази од кои учиме како да разговараме за Библијата со другите. Еден брат внимателно следи и потоа ни дава совети што ќе ни помогнат да се подобриме во читањето и поучувањето (1. Тимотеј 4:13). Во последниот дел, Да живееме како христијани, учиме како да ги применуваме библиските начела во секојдневниот живот. Меѓу другото, обработуваме одреден материјал со прашања и одговори, и тоа ни помага да го продлабочиме нашето разбирање за Библијата.
Кога ќе почнеш да доаѓаш на нашите состаноци, сигурно ќе бидеш одушевен од квалитетниот начин на кој сме поучени за Библијата (Исаија 54:13).
Што ќе чуеш на состаноците на Јеховините сведоци?
На кој од нашите седмични состаноци би сакал да дојдеш?
-