ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Како се пишува и како се преведува нашата литература?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
    • ПОГЛАВЈЕ 23

      Како се пишува и како се преведува нашата литература?

      Човек работи во Одделот за пишување (САД)

      Одделот за пишување (САД)

      Група преведувачи во Јужна Кореја

      Јужна Кореја

      Човек од Ерменија држи книга преведена од Јеховините сведоци

      Ерменија

      Девојка од Бурунди држи книга преведена од Јеховините сведоци

      Бурунди

      Жена од Шри Ланка држи списанија преведени од Јеховините сведоци

      Шри Ланка

      За да можеме да ја објавуваме ‚добрата вест на секој народ и племе и јазик и народност‘, издаваме литература на преку 750 јазици (Откровение 14:6). Како успеваме во тоа? Со помош на писатели и ревносни преведувачи од цел свет — сите Јеховини сведоци.

      Оригиналниот текст се подготвува на англиски. Водечкото тело ја надгледува активноста на Одделот за пишување кој се наоѓа во нашето главно седиште. Овој оддел ја организира работата на писателите што служат во седиштето и во некои други подружници. Поради тоа што писателите се со најразлично потекло, во нашите публикации се обработуваат теми што се интересни за луѓе од сите култури.

      Текстот се праќа до преведувачите. Откако пишаниот текст е подготвен и одобрен, електронски се праќа до преведувачките тимови низ светот, кои го преведуваат, го проверуваат и го коригираат. Тие се трудат да ги најдат „точните зборови на вистината“ со кои потполно ќе ја пренесат смислата на англискиот текст на својот јазик (Проповедник 12:10).

      Компјутерите го забрзуваат процесот. Компјутерот не може да ги замени писателите и преведувачите. Меѓутоа, нивната работа може да се забрза со помош на електронски речници, разни компјутерски програми и алатки за истражување. Јеховините сведоци имаат направено еден компјутерски систем — MEPS (Multilanguage Electronic Publishing System) — кој овозможува преведениот текст да се внесе на стотици јазици, да се спои со сликите и да се подготви за печатење.

      Зошто го вложуваме сиот тој труд, дури и за јазици што ги зборуваат само неколку илјади луѓе? Затоа што Јеховината волја е „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тимотеј 2:3, 4).

      • Како се подготвуваат нашите публикации?

      • Зошто ја преведуваме нашата литература на толку многу јазици?

  • Како се финансира нашето дело?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
    • ПОГЛАВЈЕ 24

      Како се финансира нашето дело?

      Човек пушта доброволен прилог
      Јеховини сведоци проповедаат

      Непал

      Доброволци за изградба на Сали на Јеховините сведоци во Того

      Того

      Доброволци работат во подружницата во Британија

      Британија

      Секоја година нашата организација бесплатно објавува и дистрибуира стотици милиони Библии и други публикации. Градиме и одржуваме подружници и сали за состаноци. Издржуваме илјадници бетелски слуги и мисионери, а пружаме и хуманитарна помош во време на катастрофа. Можеби се прашуваш како се финансира сето тоа.

      Не се зема десеток, не се плаќа членарина и не е задолжително да се даваат прилози. Иако се потребни многу средства за нашето дело на проповедање, ние не бараме пари од луѓето. Пред повеќе од еден век, во вториот број на списанието Стражарска кула беше кажано дека ние веруваме дека Јехова нѐ поддржува и дека „никогаш нема да молиме за пари ниту да бараме помош од луѓе“ — и никогаш не сме го направиле тоа! (Матеј 10:8).

      Нашите активности се финансираат со доброволни прилози. Многу луѓе го ценат она што го правиме и затоа даваат доброволни прилози. И самите ние радосно даваме од своето време, сила, пари и други средства за да се врши Божјата волја по целата Земја (1. Летописи 29:9). Во нашите сали и на нашите собири и конгреси има кутии за доброволни прилози во кои може да пушти прилог секој што сака. Исто така, може да се приложи и преку нашата интернет-страница jw.org. Оние што даваат прилози најчесто се луѓе со скромни примања, исто како сиромашната вдовица која пуштила две парички во ковчежето за прилози во храмот — гест што Исус искрено го пофалил (Лука 21:1-4). И денес, секој може редовно да „става настрана“ и да дава „како што одлучил во своето срце“ (1. Коринќаните 16:2; 2. Коринќаните 9:7).

      Уверени сме дека Јехова и понатаму ќе ги поттикнува оние што од срце сакаат ‚да му искажуваат чест со својот имот‘ да даваат прилози за Царството за да може да се изврши неговата волја (Изреки 3:9).

      • По што се разликува нашата организација од другите религии?

      • За што се користат доброволните прилози?

  • Зошто и како ги градиме нашите сали?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
    • ПОГЛАВЈЕ 25

      Зошто и како ги градиме нашите сали?

      Доброволци за изградба на Сали на Јеховините сведоци во Боливија

      Боливија

      Сала на Јеховините сведоци во Нигерија пред да се реновира
      Сала на Јеховините сведоци во Нигерија по реновирањето

      Нигерија, пред и потоа

      Изградба на Сала на Јеховините сведоци на Тахити

      Тахити

      Главното библиско учење за кое се зборува во Салите на Јеховините сведоци е Божјето Царство — истата тема за која зборувал и Исус (Лука 8:1).

      Во нив се учи вистината за Бог. Салите на Јеховините сведоци се места од кои тие го организираат проповедањето во нивната околина (Матеј 24:14). Овие објекти се разликуваат по големината и изгледот, но тоа се скромни градби, а во многу од нив се состануваат повеќе собранија. Бидејќи бројот на објавители и собранија постојано расте, во последниве години изградивме десетици илјади нови сали, во просек по пет на ден. Како е возможно тоа? (Матеј 19:26).

      Се градат со помош на прилозите што се даваат за таа цел. Овие прилози се испраќаат до подружницата за да може парите да им послужат на собранијата кои сакаат да изградат сала или да ја реновираат онаа што веќе ја имаат.

      Ги градат доброволци со најразлично потекло и вештини. Во многу земји има формирано групи за изградба на сали составени од браќа и сестри. Тие се селат од едно до друго собрание во една земја — дури и до подалечни места — за да им помагаат на локалните собранија околу изградбата на нивната сала. Во други земји, некои браќа се задолжени да ги надгледуваат изградбата и реновирањето на Салите на Јеховините сведоци во одреден регион. Иако вешти мајстори доброволно ги даваат своето време и сила, повеќето од оние што работат на градилиштата се волонтери од локалното собрание. Сето ова е возможно поради Јеховиниот дух и сесрдниот труд на неговиот народ (Псалм 127:1; Колошаните 3:23).

      • Зошто градиме сали за состаноци?

      • Што ни овозможува да градиме сали низ целиот свет?

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели