Библиски теми за разговор
1. Армагедон
А. Божја војна која ќе му стави крај на злото
Народите собрани за Армагедон От 16:14, 16
Бог се бори со посредство на Синот и ангелите 2Со 1:6-9; От 19:11-16
Како можеме да преживееме Сф 2:2, 3; От 7:14
Б. Не се коси со Божјата љубов
Светот е крајно расипан 2Ти 3:1-5
Бог е стрплив, но правдата бара да се стори нешто 2Пе 3:9, 15; Лк 18:7, 8
Злобните мора да исчезнат за да можат праведните мирно да живеат Из 21:18; От 11:18
2. Библија
А. Божјата Реч е вдахновена
Божјиот дух поттикнал некои луѓе да пишуваат 2Пе 1:20, 21
Содржи пророштва: Да 8:5, 6, 20-22; Лк 21:5, 6, 20-22; Иса 45:1-4
Целата Библија е вдахновена и корисна 2Ти 3:16, 17; Ри 15:4
Б. Таа е практичен водич за нашево време
Игнорирањето на библиските начела е погубно Ри 1:28-32
Човечката мудрост не може да ја замени 1Ко 1:21, 25; 1Ти 6:20
Таа ни е одбрана од најсилниот непријател Еф 6:11, 12, 17
Го води човекот по исправниот пат Пс 119:105; 2Пе 1:19; Из 3:5, 6
В. Напишана за луѓе од сите народи и раси
Пишувањето на Библијата започнало на Истокот 2Мо 17:14; 24:12, 16; 34:27
Бог не ја дал само за Европејците Ри 10:11-13; Га 3:28
Бог прифаќа најразлични луѓе Де 10:34, 35; Ри 5:18; От 7:9, 10
3. Брак
А. Брачната заедница мора да биде чесна
Споредена со Христос и невестата Еф 5:22, 23
Брачната постела мора да биде неизвалкана Ев 13:4
Сопружниците се советувани да не се разделуваат 1Ко 7:10-16
Порни́а — единствената библиска основа за развод Мт 19:9
Б. Христијаните мора да го почитуваат начелото за подложност
Мажот како глава на семејството мора да го сака, да се грижи за него Еф 5:23-31
Жената која е подложна на мажот, го сака и го почитува 1Пе 3:1-7; Еф 5:22
Децата мора да бидат послушни Еф 6:1-3; Кол 3:20
В. Одговорност на христијанските родители кон децата
Мора да им покажуваат љубов, да им посветуваат време, внимание Тит 2:4
Да не ги дразнат Кол 3:21
Да се грижат за нив за сѐ, па и за духовните работи 2Ко 12:14; 1Ти 5:8
Да ги поучуваат и воспитуваат Еф 6:4; Из 22:6, 15; 23:13, 14
Г. Христијаните треба да стапуваат во брак само со христијани
Да се стапи во брак само „во Господарот“ 1Ко 7:39; 5Мо 7:3, 4; Не 13:26
Д. Библијата не ја одобрува полигамијата
На почетокот, за мажот била предвидена само една жена 1Мо 2:18, 22-25
Исус повторно го утврдил тоа начело за христијаните Мт 19:3-9
Првите христијани не биле полигамисти 1Ко 7:2, 12-16; Еф 5:28-31
4. Воскресение
А. Надеж за мртвите
Сите што се во гробовите ќе воскреснат Јвн 5:28, 29
Воскресението на Исус е гаранција 1Ко 15:20-22; Де 17:31
Оние што грешеле против духот нема да воскреснат Мт 12:31, 32
Воскресението им е загарантирано на оние што имаат вера Јвн 11:25
Б. Воскресение за живот или на небото или на Земјата
Во Адам сите умираат; во Исус добиваат живот 1Ко 15:20-22; Ри 5:19
По што се разликуваат воскреснатите 1Ко 15:40, 42, 44
Оние што се со Исус ќе бидат како него 1Ко 15:49; Фп 3:20, 21
Оние што нема да владеат ќе бидат на Земјата От 20:4б, 5, 13; 21:3, 4
5. Грев
А. Што е грев
Повреда на Божјиот закон, на неговите совршени мерила 1Јо 3:4; 5:17
Човекот, како Божја творба, е одговорен пред Бог Ри 14:12; 2:12-15
Законот покажал што е грев, ги направил луѓето свесни за гревот Га 3:19; Ри 3:20
Сите се грешни, не можат да ги исполнат Божјите совршени барања Ри 3:23; Пс 51:5
Б. Зошто сите страдаат поради Адамовиот грев
Адам им пренел несовршеност и смрт на сите луѓе Ри 5:12, 18
Бог е милосрден и стрплив со човештвото Пс 103:8, 10, 14, 17
Исусовата жртва ги покрива гревовите 1Јо 2:2
Гревот и сите други дела на Ѓаволот ќе бидат отстранети 1Јо 3:8
В. Забранетиот плод бил непослушноста, а не сексуалниот однос
Забраната за дрвото била дадена уште пред да биде создадена Ева 1Мо 2:17, 18
На Адам и Ева им било речено да имаат деца 1Мо 1:28
Децата не се последица на гревот, туку се Божји благослов Пс 127:3-5
Ева згрешила кога нејзиниот сопруг бил отсутен; постапила самоволно 1Мо 3:6; 1Ти 2:11-14
Адам, кој ѝ бил поглавар на Ева, се побунил против Божјиот закон Ри 5:12, 19
Г. Што е грев против светиот дух (Мт 12:32; Мр 3:28, 29)
Тоа не е наследениот грев Ри 5:8, 12, 18; 1Јо 5:17
Некој може да го жалости духот, и да му биде простено Еф 4:30; Јк 5:19, 20
Кога некој намерно и истрајно прави некаков грев, го чека смрт 1Јо 3:6—9
Бог му суди на таквиот, му го одзема својот дух Ев 6:4-8
Не треба да се молиме за таквите што не се каат 1Јо 5:16, 17
6. Дух
А. Што е светиот дух
Сила со која се служи Бог; не е личност Де 2:2, 3, 33; Јвн 14:17
Бог го користел за да создава, да го вдахнови пишувањето на Библијата итн. 1Мо 1:2; Езе 11:5
Ги раѓа, односно ги помазува, членовите на Христовото тело Јвн 3:5-8; 2Ко 1:21, 22
Му дава сила на Божјиот народ денес и го води Га 5:16, 18
Б. Животната сила е наречена дух
Го претставува животот на суштествата, кој се одржува преку дишење Јк 2:26; Јов 27:3
Бог има власт над животната сила Зх 12:1; Про 8:8
Животната сила на луѓето и на животните му припаѓа на Бог Про 3:19-21
Духот му е доверен на Бог со надеж за воскресение Лк 23:46
7. Душа
А. Што е душа
Човекот е душа 1Мо 2:7; 1Ко 15:45; ИсН 11:11; Де 27:37
И животните се наречени души 4Мо 31:28; От 16:3; 3Мо 24:18
Душата има крв, јаде, може да умре Ере 2:34; 3Мо 7:18; Езе 18:4
За жив човек се вели дека има душа Мр 8:36; Јвн 10:15
Б. Разлика меѓу душата и духот
Животот на еден човек или животно е душа Јвн 10:15; 3Мо 17:11
Животната сила која ги движи душите се нарекува „дух“ Пс 146:4; 104:29
Кога ќе умре еден човек, власта над животната сила се враќа кај Бог Про 12:7
Само Бог може да ја активира животната сила, односно да создаде живот Езе 37:12-14
8. Ѓавол, демони
А. Ѓаволот е духовна личност
Не е злото во човекот, туку духовна личност 2Ти 2:26
Ѓаволот е личност исто како и ангелите Мт 4:1, 11; Јов 1:6
Самиот се направил Ѓавол поради погрешни желби Јк 1:13-15
Б. Ѓаволот е невидливиот владетел на светот
Владее со светот како бог 2Ко 4:4; 1Јо 5:19; От 12:9
Дозволено му е да живее додека не се реши спорното прашање 2Мо 9:16; Јвн 12:31
Ќе биде фрлен во бездна, а потоа уништен От 20:2, 3, 10
В. Демоните се бунтовни ангели
Му се придружиле на Сатана пред потопот 1Мо 6:1, 2; 1Пе 3:19, 20
Понижени, се наоѓаат во потполна духовна темнина 2Пе 2:4; Ју 6
Се борат против Бог, ги угнетуваат луѓето Лк 8:27-29; От 16:13, 14
Ќе бидат уништени со Сатана Мт 25:41; Лк 8:31; От 20:2, 3, 10
Г. Спиритизмот мора да се избегнува бидејќи е дело на демоните
Божјата Реч го забранува Иса 8:19, 20; 3Мо 19:31; 20:6, 27
Гатањето е демонизам; осудено е Де 16:16-18
Води кон уништување Га 5:19-21; От 21:8; 22:15
Астрологијата е забранета 5Мо 18:10-12; Ере 10:2
9. Живот
А. Вечниот живот им е загарантиран на оние што му се послушни на Бог
Бог, кој не може да лаже, ветил живот Тит 1:2; Јвн 10:27, 28
Вечен живот загарантиран за оние што имаат вера Јвн 11:25, 26
Смртта ќе биде уништена 1Ко 15:26; От 21:4; 20:14; Иса 25:8
Б. Небесниот живот е ограничен на оние што го сочинуваат Христовото тело
Бог ги одбира членовите по своја волја Мт 20:23; 1Ко 12:18
Само 144.000 се земени од Земјата От 14:1, 4; 7:2-4; 5:9, 10
Дури ни Јован Крстител нема да биде во небесното Царство Мт 11:11
В. Земниот живот им е ветен на неограничен број луѓе, на ,другите овци‘
Ограничен број со Исус на небото От 14:1, 4; 7:2-4
,Другите овци‘ не се Христови браќа Јвн 10:16; Мт 25:32, 40
Денес се собираат мноштво луѓе кои ќе останат да живеат на Земјата От 7:9, 15-17
Другите ќе воскреснат за живот на Земјата От 20:12; 21:4
10. Земја
А. Божјата намера со Земјата
На Земјата бил создаден рај за совршените луѓе 1Мо 1:28; 2:8-15
Божјата намера е сигурна Иса 55:11; 46:10, 11
Земјата ќе биде полна со мирољубиви, совршени луѓе Пс 72:7; Иса 9:6, 7; 45:18
Царството ќе го обнови рајот Мт 6:9, 10; От 21:3-5
Б. Никогаш нема да биде уништена или ненаселена
Планетата Земја ќе постои засекогаш Про 1:4; Пс 104:5
Во времето на Ное биле уништени луѓето, а не Земјата 2Пе 3:5-7; 1Мо 7:23
Тој пример дава надеж за преживување во нашево време Мт 24:37-39
Злите уништени; преживува едно „големо мноштво“ 2Со 1:6-9; От 7:9, 14
11. Зло, проблеми во светот
А. Кој е одговорен за проблемите во светот
Владеењето на зли луѓе е причина за денешното зло Из 29:2; 28:28
Владетел на светот е Божјиот непријател 2Ко 4:4; 1Јо 5:19; Јвн 12:31
Ѓаволот предизвикува проблеми, времето е кратко От 12:9, 12
Ѓаволот врзан, следи прекрасен мир От 20:1-3; 21:3, 4
Б. Зошто е допуштено злото
Ѓаволот тврди дека никој нема да му биде лојален на Бог Јов 1:11, 12
На верните слуги дадена можност да докажат дека се лојални Ри 9:17; Из 27:11
Се покажало дека Ѓаволот е лажливец, треба да се реши спорното прашање Јвн 12:31
Верните наградени со вечен живот Ри 2:6, 7; От 21:3-5
В. Времето на крајот е одолжено поради Божјето милосрдие
Како во деновите на Ное, потребно е време за да се предупредат луѓето Мт 24:14, 37-39
Бог не е бавен, туку милосрден 2Пе 3:9; Иса 30:18
Библијата ни помага крајот да не нѐ затече неподготвени Лк 21:36; 1Со 5:4
Сега треба да се бара Божјата заштита Иса 2:2-4; Сф 2:3
Г. Решението за проблемите во светот не е од луѓе
Луѓето се исплашени, збунети Лк 21:10, 11; 2Ти 3:1-5
Ќе успее да ги реши Божјето Царство, не луѓето Да 2:44; Мт 6:10
За да останеме живи, треба да останеме во мир со Царот Пс 2:9, 11, 12
12. Исус
А. Исус е Божји Син и поставен Цар
Првороден син на Бог, преку него е создадено сѐ От 3:14; Кол 1:15-17
Станал човек роден од жена, понизок од ангелите Га 4:4; Ев 2:9
Роден од Божјиот дух, за небесен живот Мт 3:16, 17
Поставен на положба повисока од онаа што ја имал пред да живее на Земјата Фп 2:9, 10
Б. Верата во Исус Христос е неопходна за спасение
Христос е ветениот Потомок на Авраам 1Мо 22:18; Га 3:16
Исус е единствениот Првосвештеник, откупител 1Јо 2:1, 2; Ев 7:25, 26; Мт 20:28
Живот преку познавањето на Бог и Христос, преку послушност Јвн 17:3; Де 4:12
В. Не е доволно само да се верува во Исус
Верата мора да биде придружена со дела Јк 2:17-26; 1:22-25
Мора да се слушаат заповедите, да се врши службата што тој ја вршел Јвн 14:12, 15; 1Јо 2:3
Нема сите што го употребуваат името на Господарот да влезат во Царството Мт 7:21-23
13. Јехова, Бог
А. Божјето име
„Бог“ е неодреден поим; нашиот Господар има лично име 1Ко 8:5, 6
Се молиме да се свети неговото име Мт 6:9, 10
Јехова е Божјето име Пс 83:18; 2Мо 6:2, 3; 3:15; Иса 42:8
Името се користи во ПСП: 2Мо 17:15; Су 6:24; Ос 12:5
Името се користи во обликот „Јахве“ во ДХК: Бит 22:14; Изл 34:5, 6, 23; Су 6:24; Езр 9:5; Езе 48:35; Во Новиот Завет според РВ (фуснотите): Мт 22:44; Мр 12:36; Лк 8:40; 20:42; Јвн 8:58; Де 2:34
Исус го објавувал името Јвн 17:6, 26; 5:43; 12:12, 13, 28
Б. Божјето постоење
Невозможно е да се види Бог и да се остане жив 2Мо 33:20; Јвн 1:18; 1Јо 4:12
Нема потреба да го видиме Бог за да веруваме во него Ев 11:1; Ри 8:24, 25; 10:17
Бог го познаваме по неговите видливи дела Ри 1:20; Пс 19:1, 2
Исполнувањето на пророштвата докажува дека постои Бог Иса 46:8-11
В. Божјите особини
Бог е љубов 1Јо 4:8, 16; 2Мо 34:6; 2Ко 13:11; Мх 7:18
Има ненадминлива мудрост Јов 12:13; Ри 11:33; 1Ко 2:7
Праведен е и постапува според правдата 5Мо 32:4; Пс 37:28
Семоќен е Јов 37:23; От 7:12; 4:11
Г. Сите не му служат на истиот Бог
Патот кој се чини добар, не е секогаш исправен Из 16:25; Мт 7:21
Два пата, само едниот води во живот Мт 7:13, 14; 5Мо 30:19
Многу богови, но само еден вистински Бог 1Ко 8:5, 6; Пс 82:1
Познавањето на вистинскиот Бог е неопходно за живот Јвн 17:3; 1Јо 5:20
14. Јеховини сведоци
А. Потекло на Јеховините сведоци
Јехова покажува кои се неговите сведоци Иса 43:10-12; Ере 15:16
Првиот верен сведок бил Авел Ев 11:4, 39; 12:1
Исус бил верен и вистинит сведок Јвн 18:37; От 1:5; 3:14
15. Кипови, слики
А. Ако му се приближуваме на Бог со помош на слики и кипови, го срамотиме
Не е можно да се направи слика на Бог 1Јо 4:12; Иса 40:18; 46:5; Де 17:29
Христијаните се предупредени да не користат слики 1Ко 10:14; 1Јо 5:21
Бог мора да го почитуваме со дух и со вистина Јвн 4:24
Б. Обожавањето ликови испаднало кобно за Израелците
Обожавањето ликови им било забрането на Евреите 2Мо 20:4, 5
Не можат да слушаат, да зборуваат; оние што ги прават стануваат како нив Пс 115:4-8
Им станале замка, ги одвеле во пропаст Пс 106:36, 40-42; Ере 22:8, 9
В. Не е дозволено да му се молиме на Бог пред кипови и слики
Бог не дозволил, покрај него, да бидат обожавани и ликови Иса 42:8
Бог е единствениот „што ги слуша молитвите“ Пс 65:1, 2
16. Крв
А. Со трансфузија се повредува светоста на крвта
На Ное му било речено дека крвта е света, дека е живот 1Мо 9:4, 16
Сојузот на Законот забранувал јадење крв 3Мо 17:14; 7:26, 27
Забраната повторена на христијаните Де 15:28, 29; 21:25
Б. Спасувањето живот не го оправдува кршењето на Божјиот закон
Послушноста е подобра отколку жртвата 1Са 15:22; Мр 12:33
Опасно е својот живот да го ставаш пред Божјиот закон Мр 8:35, 36
17. Крст
А. Исус висел осрамотен на столб за погубување
Исус висел на столб, односно на дрво за погубување Де 5:30; 10:39; Га 3:13
Христијаните мораат да го поднесуваат срамот на столбот Мт 10:38; Лк 9:23
Б. Не смее да се обожава
Да се покажува Исусовиот столб е срамота Ев 6:6; Мт 27:41, 42
Употребата на крст како верски симбол е идолопоклонство 2Мо 20:4, 5; Ере 10:3-5
Исус е дух, повеќе не е на столб 1Ти 3:16; 1Пе 3:18
18. Крштавање
А. Задолжително за христијаните
Исус дал пример Мт 3:13-15; Ев 10:7
Симбол на самооткажување или на ветување Мт 16:24; 1Пе 3:21
Само за оние што се доволно стари за да бидат поучени Мт 28:19, 20; Де 2:41
Нурнувањето во вода е исправниот начин Де 8:38, 39; Јвн 3:23
Б. Не ги чисти гревовите
Исус не се крстил за да се исчисти од гревови 1Пе 2:22; 3:18
Исусовата крв ги чисти гревовите 1Јо 1:7
19. Лажни пророци
А. Лажните пророци претскажани; постоеле во времето на апостолите
Правило за препознавање на лажните пророци 5Мо 18:20-22; Лк 6:26
Биле претскажани; се препознаваат по плодовите Мт 24:23-26; 7:15-23
20. Лекување, јазици
А. Од духовното лекување има трајна корист
Духовната болест е погубна Иса 1:4-6; 6:10; Ос 4:6
Главна задача е духовното лекување Јвн 6:63; Лк 4:18
Отстранува гревови; дава среќа, живот Јк 5:19, 20; От 7:14-17
Б. Божјето Царство ќе донесе трајно телесно лекување
Исус лекувал болести, проповедал за благословите на Царството Мт 4:23
Царството ветено како средство за трајно излекување Мт 6:10; Иса 9:7
Дури и смртта ќе биде отстранета 1Ко 15:25, 26; От 21:4; 20:14
В. Нема доказ дека Бог стои зад денешните исцелувања со вера
Учениците не се лекувале себеси преку чудо 2Ко 12:7-9; 1Ти 5:23
Чудесните дарови престанале со смртта на апостолите 1Ко 13:8—11
Лекувањето не е доказ за Божја наклоност Мт 7:22, 23; 2Со 2:9-11
Г. Зборувањето јазици само привремен дар
Тоа било знак; треба да се бараат поголеми дарови 1Ко 14:22; 12:30, 31
Проречено е дека духот нема повеќе да дава чудесни дарови 1Ко 13:8-10
Моќните дела не се доказ за Божјата наклоност Мт 7:22, 23; 24:24
21. Марија
А. Марија, мајка на Исус, а не „Богородица“
Бог нема почеток Пс 90:2; 1Ти 1:17
Марија била мајка на Божјиот Син, кога тој живеел на Земјата Лк 1:35
Б. Марија не е „вечна девица“
Се омажила за Јосиф Мт 1:19, 20, 24, 25
Имала и други деца освен Исус Мт 13:55, 56; Лк 8:19-21
Тие тогаш не биле негови „духовни браќа“ Јвн 7:3, 5
22. Меѓуверство
А. Здружувањето со други религии не е по Божја волја
Само еден пат, кој е тесен, малцина го наоѓаат Еф 4:4-6; Мт 7:13, 14
Предупредени дека лажните учења валкаат Мт 16:6, 12; Га 5:9
Заповедано ни е да бидеме одделени 2Ти 3:5; 2Ко 6:14-17; От 18:4
Б. Тврдењето дека „во секоја религија има нешто добро“ не е точно
Некои имаат ревност за Бог, но не на начин што е по негова волја Ри 10:2, 3
Она што е лошо го расипува и она што е добро 1Ко 5:6; Мт 7:15-17
Лажните учители ги водат луѓето во пропаст 2Пе 2:1; Мт 12:30; 15:14
За Бог да нѐ прифати, мора да му бидеме оддадени само нему 5Мо 6:5, 14, 15
23. Молитва
А. Молитви кои Бог ги услишува
Бог ги слуша молитвите на луѓето Пс 145:18; 1Пе 3:12
Неправедните не ги слуша додека не ги сменат постапките Иса 1:15-17
Мора да се молиме во името на Исус Јвн 14:13, 14; 2Ко 1:20
Мора да се молиме во склад со Божјата волја 1Јо 5:14, 15
Верата е неопходна Јк 1:6-8
Б. Залудни се повторувањата напамет, молитвите до Марија или до „светците“
Мора да му се молиме на Бог во Исусово име Јвн 14:6, 14; 16:23, 24
Нема да бидеме услишени и кога повторуваме сѐ едни исти зборови Мт 6:7
24. Небо
А. Само 144.000 одат на небото
Ограничен број; ќе бидат цареви со Христос От 5:9, 10; 20:4
Исус бил претходник; другите избирани по него Кол 1:18; 1Пе 2:21
Многу други ќе живеат на Земјата Пс 72:8; От 21:3, 4
144.000 во посебна положба каква што нема никој друг От 14:1, 3; 7:4, 9
25. Обожавање предци
А. Обожавањето на предците е залудно
Предците се мртви, без свест Про 9:5, 10
Нашите први предци не се достојни за обожавање Ри 5:12, 14; 1Ти 2:14
Бог забранува такво обожавање 2Мо 34:14; Мт 4:10
Б. Луѓето може да бидат почитувани, но само Бог обожаван
Младите треба да ги почитуваат постарите 1Ти 5:1, 2, 17; Еф 6:1-3
Но, само Бог смееме да го обожаваме Де 10:25, 26; От 22:8, 9
26. Одбележување на Христовата смрт; литургија
А. Одбележување на Господаровата вечера
Се слави еднаш годишно на датумот на Пасхата Лк 22:1, 17-20; 2Мо 12:14
Се одбележува Христовата жртвена смрт 1Ко 11:26; Мт 26:28
Од лебот и виното земаат оние што се надеваат на небесен живот Лк 22:29, 30; 12:32, 37
Како знае едно лице дека има таква надеж Ри 8:15-17
Б. Литургијата не е библиска
Неопходно е да се пролее крв за да се простат гревови Ев 9:22
Христос е единствениот Посредник на новиот сојуз 1Ти 2:5, 6; Јвн 14:6
Христос е на небото; еден свештеник не може да го врати на Земјата Де 3:20, 21
Нема потреба да се повторува Христовата жртва Ев 9:24-26; 10:11-14
27. Откупнина
А. Со Исусовиот човечки живот е платена „откупнина за сите“
Исус го дал својот живот како откупнина Мт 20:28
Вредноста на пролеаната крв овозможува простување на гревовите Ев 9:14, 22
Една жртва била доволна за сите времиња Ри 6:10; Ев 9:26
Немаме корист од неа автоматски; мораме да ја признаеме Јвн 3:16
Б. Жртвата била соодветна цена
Адам создаден совршен 5Мо 32:4; Про 7:29; 1Мо 1:31
Поради гревот, тој и неговите деца го изгубиле правото на совршенство Ри 5:12, 18
Децата беспомошни; била потребна противвредност на Адам Пс 49:7; 5Мо 19:21
Животот на совршениот човек Исус послужил како откупнина 1Ти 2:5, 6; 1Пе 1:18, 19
28. Пекол (ад, шеол)
А. Не е дословно место на мачење во оган
Додека страдал, Јов се молел да оди таму Јов 14:13
Место на неактивност Пс 6:5; Про 9:10; Иса 38:18, 19
Исус воскреснал од гробот, пеколот Де 2:27, 31, 32; Пс 16:10
Пеколот ќе ги предаде и другите мртви, ќе биде уништен От 20:13, 14
Б. Огнот е симбол на уништување
Погубувањето симболизирано со оган Мт 25:41, 46; 13:30
Непокајничките зли луѓе уништени засекогаш, како со оган Ев 10:26, 27
Сатановото „мачење“ во оган, всушност, е вечна смрт От 20:10, 14, 15
В. Прикаската за богаташот и Лазар не е доказ за вечно мачење
Огнот не е дословен како што не е ни Авраамовата прегратка Лк 16:22-24
И темнината е наведена како спротивност на Авраамовата милост Мт 8:11, 12
Уништувањето на Вавилон е наречено мачење во оган От 18:8-10, 21
29. Последните денови
А. Што се подразбира под „крај на светот“
Свршеток на овој поредок Мт 24:3; 2Пе 3:5-7; Мр 13:4
Не крај на Земјата, туку на злиот свет 1Јо 2:17
Време на крајот, кое му претходи на уништувањето Мт 24:14
Спас за праведните; потоа доаѓа новиот свет 2Пе 2:9; От 7:14-17
Б. Потреба да се внимава на знаците на последните денови
Знаците ги дал Бог за да се ориентираме по нив 2Ти 3:1-5; 1Со 5:1-4
Светот не сака да ги сфати сериозно 2Пе 3:3, 4, 7; Мт 24:39
Бог не е бавен, туку дава предупредување 2Пе 3:9
Награда за будноста, за посветувањето внимание Лк 21:34-36
30. Празници, родендени
А. Раните христијани не славеле ни родендени ни Божик
Ги славеле оние што не му служеле на вистинскиот Бог 1Мо 40:20; Мт 14:6
Треба да се одбележува денот на Исусовата смрт Лк 22:19, 20; 1Ко 11:25, 26
На Божјите слуги не им личи да одат на празнични лумпувања Ри 13:13; Га 5:21; 1Пе 4:3
31. Противење, прогонство
А. Причина за некој да им се противи на христијаните
Исус го мразеле, тој претскажал противење Јвн 15:18-20; Мт 10:22
Придржувањето кон исправните мерила го осудува светот 1Пе 4:1, 4, 12, 13
Сатана, богот на овој свет, се противи на Царството 2Ко 4:4; 1Пе 5:8
Христијаните не се плашат, Бог ги поддржува Ри 8:38, 39; Јк 4:8
Б. Жената не смее да дозволи мажот да ја оддели од Бог
Предупредена дека други можат погрешно да го информираат Мт 10:34-38; Де 28:22
Таа мора да гледа на Бог и на Христос Јвн 6:68; 17:3
Со својата верност кон Бог може да го спаси и него 1Ко 7:16; 1Пе 3:1-6
Мажот е глава, но нема право да ја спречува жената да му служи на Бог 1Ко 11:3; Де 5:29
В. Мажот не смее да дозволи жената да го спречува да му служи на Бог
Мора да ги сака жената и децата, да им посакува вечен живот и ним 1Ко 7:16
Одговорен е да донесува одлуки, да обезбедува издршка 1Ко 11:3; 1Ти 5:8
Бог го сака човекот кој не отстапува од вистината Јк 1:12; 5:10, 11
Компромисот ,заради мир во куќата‘ не му е по волја на Бог Ев 10:38
Го води семејството кон среќа во новиот свет От 21:3, 4
32. Религија
А. Само една вистинска религија
Една надеж, една вера, едно крштавање Еф 4:5, 13
Овластена да прави ученици Мт 28:19; Де 8:12; 14:21
Се препознава по нејзините плодови Мт 7:19, 20; Лк 6:43, 44; Јвн 15:8
Љубов, слога меѓу членовите Јвн 13:35; 1Ко 1:10; 1Јо 4:20
Б. Лажните учења се со право осудени
Исус ги осудил лажните учења Мт 23:15, 23, 24; 15:4-9
Го сторил тоа за да ги заштити оние што биле заслепени Мт 15:14
Вистината ги ослободила, па станале Исусови ученици Јвн 8:31, 32
В. Треба да се смени религијата ако се покаже неисправна
Вистината ослободува; доказ дека мнозина немаат право Јвн 8:31, 32
Израелците и други ја напуштиле религијата на своите предци ИсН 24:15; 2Ца 5:17
Првите христијани ги смениле своите гледишта Га 1:13, 14; Де 3:17, 19
Павле ја сменил својата религија Де 26:4-6
Целиот свет е заведен; мора да го обновиме умот От 12:9; Ри 12:2
Г. Привидната вистина дека „во секоја религија има нешто добро“ не гарантира наклоност од Бог
Бог одредува што е прифатливо, а што не е прифатливо во една религија Јвн 4:23, 24; Јк 1:27
Ако нешто не е во склад со Божјата волја, тогаш не е добро Ри 10:2, 3
На Бог не му се допаѓаат сите „добри дела“ Мт 7:21-23
Религијата се препознава по плодовите Мт 7:20
33. Сабота
А. Христијаните не се должни да држат сабота
Законот е укинат на темел на Исусовата смрт Еф 2:15
Христијаните не се обврзани да држат сабота Кол 2:16, 17; Ри 14:5, 10
Укорени поради држењето сабота и други прописи на Законот Га 4:9-11; Ри 10:2-4
Во Божјата починка се влегува преку вера и послушност Ев 4:9-11
Б. Денот за одмор бил задолжителен само за стариот Израел
Првпат се држело сабота (Шабат) по излегувањето од Египет 2Мо 16:26, 27, 29, 30
Тој пропис важел само за Израелците и им служел како знак 2Мо 31:16, 17; Пс 147:19, 20
Законот барал да се држат и сабатни години 2Мо 23:10, 11; 3Мо 25:3, 4
Христијаните не треба да држат сабота Ри 14:5, 10; Га 4:9-11
В. Божјиот ден за одмор (7-от ден од „седмицата“ на создавањето)
Започнал на крајот од создавањето на Земјата 1Мо 2:2, 3; Ев 4:3-5
Трае и по Исусовиот живот на Земјата Ев 4:6-8; Пс 95:7-9, 11
Христијаните почиваат од остварувањето на личните интереси Ев 4:9, 10
Завршува кога Царството ќе ја заврши својата улога во врска со Земјата 1Ко 15:24, 28
34. Сведочење
А. Христијаните со својата служба го следат примерот на Исус
Исус бил Божји слуга Ри 15:8, 9; Мт 20:28
Христијаните го следат неговиот пример 1Пе 2:21; 1Ко 11:1
Мора да проповедаат за да ја извршат службата 2Ти 4:2, 5; 1Ко 9:16
Б. Сите христијани мора да сведочат, да ја објавуваат добрата вест
Мора да го признаеме Исус пред луѓето за Бог да биде задоволен со нас Мт 10:32
Мора да бидеме извршители на Речта, да покажуваме вера Јк 1:22-24; 2:24
И новите треба да станат учители Мт 28:19, 20
Објавувањето на добрата вест донесува спасение Ри 10:10
В. Оспособени за службата
Важни се Божјиот дух и познавањето на неговата Реч 2Ти 2:15; Иса 61:1-3
Да го следиме Христовиот пример во проповедањето 1Пе 2:21; 2Ти 4:2, 5
Бог нѐ поучува преку духот и организацијата Јвн 14:26; 2Ко 3:1-3
Г. Потребно е секогаш одново да доаѓаме, непрестајно да сведочиме
Мора да ги предупредиме луѓето за претстојниот крај Мт 24:14
Еремија со години го најавувал крајот на Ерусалим Ере 25:3
Како првите христијани, не можеме да престанеме Де 4:18-20; 5:28, 29
Д. Мора да сведочиме за да не бидеме виновни за крв
Мора да ги предупредиме луѓето за претстојниот крај Езе 33:7; Мт 24:14
Во спротивно би биле виновни за крв Езе 33:8, 9; 3:18, 19
Павле бил без вина за крв; ја кажувал целата вистина Де 20:26, 27; 1Ко 9:16
Тоа го спасува и оној што сведочи и оној што слуша 1Ти 4:16; 1Ко 9:22
35. Смрт
А. Причина за смртта
Човекот во почетокот бил совршен, требало да живее вечно 1Мо 1:28, 31
Непослушноста донела смртна пресуда 1Мо 2:16, 17; 3:17, 19
Гревот и смртта преминале на сите деца на Адам Ри 5:12
Б. Состојбата на мртвите
Адам бил создаден како душа, а не му била дадена душа 1Мо 2:7; 1Ко 15:45
Она што умира е човекот, душата Езе 18:4; Иса 53:12; Јов 11:20
Мртвите се без свест, не знаат за ништо Про 9:5, 10; Пс 146:3, 4
Мртвите спијат и чекаат воскресение Јвн 11:11-14, 23-26; Де 7:60
В. Не е можно да се зборува со мртвите
Мртвите не живеат кај Бог како духови Пс 115:17; Иса 38:18
Предупредени сме да не се обидуваме да зборуваме со „мртвите“ Иса 8:19; 3Мо 19:31
Спиритистичките посредници и гатачите се осудени 5Мо 18:10-12; Га 5:19-21
36. Создавање
А. Се согласува со научните докази; ја побива еволуцијата
Науката се согласува со редоследот на создавањето 1Мо 1:11, 12, 21, 24, 25
Божјиот закон за „видовите“ се покажал точен 1Мо 1:11, 12; Јк 3:12
Б. Деновите на создавање не се денови од по 24 часа
„Ден“ може едноставно да означува некој временски период 1Мо 2:4
За Бог може еден ден да биде долг временски период Пс 90:4; 2Пе 3:8
37. Спасение
А. Спасението е од Бог на темел на Исусовата откупна жртва
Животот е дар кој Бог го дава преку својот Син 1Јо 4:9, 14; Ри 6:23
Спасение е можно само на темел на Исусовата жртва Де 4:12
Оној што „се кае на смртна постела“ не може да направи никакви дела Јк 2:14, 26
Треба вистински да се трудиме ако сакаме да се спасиме Лк 13:23, 24; 1Ти 4:10
Б. Учењето „еднаш спасен — засекогаш спасен“ не е библиско
Оние што примиле свет дух можат да паднат Ев 6:4, 6; 1Ко 9:27
Многу Израелци загинале, иако биле спасени од Египет Ју 5
Спасението не доаѓа веднаш Фп 2:12; 3:12-14; Мт 10:22
Оние што ќе се вратат во светот стануваат полоши отколку порано 2Пе 2:20, 21
В. Учењето за „сеопшто спасение“ не е библиско
За некои не е можно да се покаат Ев 6:4-6
Бог не ужива во смртта на злите Езе 33:11; 18:32
Но љубовта не може да трпи неправда Ев 1:9
Злите ќе бидат уништени Ев 10:26-29; От 20:7-15
38. Судбина
А. На човекот не му е судено како ќе постапува
Божјата намера е сигурна Иса 55:11; 1Мо 1:28
На поединци им е дадено да изберат дали ќе му служат на Бог Јвн 3:16; Фп 2:12
39. Тројство
А. Бог, Таткото, една Личност, најголема во вселената
Бог не се три личности 5Мо 6:4; Мл 2:10; Мр 10:18; Ри 3:29, 30
Синот е создаден; пред тоа Бог бил сам От 3:14; Кол 1:15; Иса 44:6
Бог бил отсекогаш владетел на вселената Фп 2:5,6; Да 4:35
Бог треба да биде возвишуван над сите Фп 2:10, 11
Б. Синот подложен на Таткото пред и по доаѓањето на Земјата
Синот послушен на небото, испратен од Таткото Јвн 8:42; 12:49
Послушен на Земјата, Таткото поголем Јвн 14:28; 5:19; Ев 5:8
Возвишен на небото, но сѐ уште подложен Фп 2:9; 1Ко 15:28; Мт 20:23
Јехова му е поглавар и Бог на Христос 1Ко 11:3; Јвн 20:17; От 1:6
В. Единството на Бог и Христос
Секогаш се во потполна согласност Јвн 8:28, 29; 14:10
Единство слично на единството меѓу сопруг и сопруга Јвн 10:30; Мт 19:4-6
Сите верници мора да го имаат истото единство Јвн 17:20-22; 1Ко 1:10
Почитувањето на Јехова преку Христос е засекогаш Јвн 4:23, 24
Г. Светиот дух е сила со која се служи Бог
Сила, а не личност Мт 3:16; Јвн 20:22; Де 2:4, 17, 33
Не е личност на небото кај Бог и Христос Де 7:55, 56; От 7:10
Бог се служи со него за да ги изврши своите намери Пс 104:30; 1Ко 12:4-11
Го добиваат оние што му служат на Бог, тој ги води 1Ко 2:12, 13; Га 5:16
40. Христовото враќање
А. Враќањето е невидливо за луѓето
Им рекол на учениците дека светот повеќе нема да го види Јвн 14:19
Само учениците го виделе вознесувањето на небо; враќањето е слично Де 1:6, 10, 11
Тој е на небото како невидлив дух 1Ти 6:14-16; Ев 1:3
Се враќа како цар на небесното Царство Да 7:13, 14
Б. Се препознава преку физичките факти
Учениците барале знак за присутноста Мт 24:3
Христијаните ја „гледаат“ присутноста преку разбирањето на Библијата Еф 1:18
Многу настани даваат доказ за присутноста Лк 21:10, 11
Непријателите ќе го „видат“ кога ќе ги затекне уништувањето От 1:7
41. Хронологија
А. Во 1914 год. (од н. е.) завршуваат времињата на незнабошците
Низата цареви прекината во 607 год. пр. н. е. Езе 21:25-27
Треба да поминат „седум времиња“ пред да се обнови владетелството Да 4:32, 16, 17
Седум = 2 х 3 1/2 времиња, или 2 х 1.260 дена От 12:6, 14; 11:2, 3
Ден за година [изнесува 2.520 години] Езе 4:6; 4Мо 14:34
Траат до воспоставувањето на Царството Лк 21:24; Да 7:13, 14
42. Царство
А. Што ќе направи Божјето Царство за човештвото
Ќе ја изврши Божјата волја Мт 6:9, 10; Пс 45:6; От 4:11
Вистинска влада, со цар и со закони Иса 9:6, 7; 2:3; Пс 72:1, 8
Ќе го уништи злото, ќе владее со целата Земја Да 2:44; Пс 72:8
За 1.000 години ќе го доведе човештвото до совршенство во рајот От 21:2-4; 20:6
Б. Почнува да дејствува додека Христовите непријатели уште се активни
Христос морал уште долго да чека по воскресението Пс 110:1; Ев 10:12, 13
Ја презема власта, војува против Сатана Пс 110:2; От 12:7-9; Лк 10:18
Царството воспоставено тогаш, ,тешко на Земјата‘ От 12:10, 12
Во сегашниве тешки времиња треба да го застапуваме Царството От 11:15-18
В. Не е ,во срцата‘, не е воспоставено преку човечки напори
Царството е на небото, а не на Земјата 2Ти 4:18; 1Ко 15:50; Пс 11:4
Не е во ,срцата‘; Исус им се обраќал на фарисеите Лк 17:20, 21
Не е дел од овој свет Јвн 18:36; Лк 4:5-8; Да 2:44
Царството ќе ги надомести човечките влади и световните мерила Да 2:44
43. Црква
А. Црквата е духовна градба, изградена врз Христос
Бог не живее во храмови изградени од човек Де 17:24, 25; 7:48
Вистинската црква е духовен храм од живи камења 1Пе 2:5, 6
Христос е главниот камен-темелник; апостолите се исто така темел Еф 2:20
Бог треба да биде обожаван со дух и со вистина Јвн 4:24
Б. Црквата не е изградена врз Петар
Исус не рекол дека црквата е изградена врз Петар Мт 16:18
Исус е наречен „карпа“. 1Ко 10:4