Дели го ‚доброто од својата ризница‘ — биди гостољубив (Мат. 12:35а)
Несомнено, секој од нас сака да го дели ‚доброто од својата ризница‘ така што ‚ќе биде гостољубив‘ (Рим. 12:13). Старешините организираат говорниците од другите собранија да добијат ручек и да им бидат покриени патните трошоци. Меѓутоа, можеби не сме спремни да поканиме некого затоа што сме посиромашни или ни е незгодно некој да ни дојде дома. Во таков случај многу може да ни помогне советот што Исус ѝ го дал на Марта (Лука 10:39-42). Тој нагласил дека „подобриот дел“ од гостољубивоста е дружењето и охрабрувањето, а не богатиот ручек или модерно наместениот дом. Ако го применуваме овој совет, ќе можеме да го делиме ‚доброто од својата ризница‘ со нашите браќа во склад со Божјата Реч (3. Јов. 5-8).