ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • fg лекција 3 прашања 1-4
  • Дали добрата вест е навистина од Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали добрата вест е навистина од Бог?
  • Добра вест од Бог!
  • Сличен материјал
  • Зошто да учиме од Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Библијата е порака од Бог за нас
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Дали Библијата навистина потекнува од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Писмо од еден Бог што те сака
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Добра вест од Бог!
fg лекција 3 прашања 1-4

ЛЕКЦИЈА 3

Дали добрата вест е навистина од Бог?

1. Кој е Автор на Библијата?

Разни Библии и древни библиски записи

Добрата вест дека луѓето ќе живеат вечно на Земјата е запишана во Библијата (Псалм 37:29). Библијата се состои од 66 помали книги. Нив ги напишале околу 40 верни мажи кои биле водени од Бог. Првите пет книги ги напишал Мојсеј пред околу 3.500 години. Последната ја напишал апостол Јован пред повеќе од 1.900 години. Чии биле мислите што ги запишувале библиските писатели? Бог им кажувал што да напишат со помош на својот свет дух (2. Самоилова 23:2). Тие ги запишувале Божјите мисли, а не своите. Значи, Автор на Библијата е Јехова. (Прочитај 2. Тимотеј 3:16; 2. Петрово 1:20, 21.)

Гледај го видеоклипот Кој е Автор на Библијата?

2. Зошто можеме да бидеме сигурни дека Библијата е од Бог?

Знаеме дека Библијата е од Бог затоа што во неа точно и детално е проречена иднината. Тоа не го може ниту еден човек (Исус Навин 23:14). Само Семоќниот Бог може точно да ја прорече иднината на луѓето. (Прочитај Исаија 42:9; 46:10.)

За очекување е една книга од Бог да биде нешто посебно. Така и е. Библијата е преведена на стотици јазици и отпечатена во милијарди примероци. Иако е многу стара, таа е во склад со она што го докажала науката. Исто така, нејзините 40 писатели не си противречат.a Од Библијата можеме да видиме и колку е голема Божјата љубов. Освен тоа, таа има моќ да им го смени животот на луѓето. Овие факти увериле милиони лица дека Библијата е Божја Реч. (Прочитај 1. Солуњаните 2:13.)

Гледај го видеоклипот Дали Библијата е книга од Бог?

3. За што се зборува во Библијата?

Слики од првобитниот рај, Адам и Ева избркани од рајот, потопот од времето на Ное, Мојсеј ги држи Десетте заповеди, и Исус како поучува.

Меѓу најважните теми за кои се зборува во Библијата е добрата вест дека Бог наумил нешто многу убаво за целото човештво. Во неа е објаснето како уште на самиот почеток од човечката историја луѓето ја изгубиле можноста да живеат во рај на Земјата, и како тој рај еден ден повторно ќе биде обновен. (Прочитај Откровение 21:4, 5.)

Божјата Реч содржи и закони, начела и совети. Освен тоа, во неа е запишано како постапувал Бог со луѓето. Така можеш да видиш каква личност е тој. Значи, Библијата може да ти помогне да го запознаеш Бог. Таа покажува како можеш да станеш негов пријател. (Прочитај Псалм 19:7, 11; Јаков 2:23; 4:8.)

4. Што ќе ти помогне да ја разбереш Библијата?

Оваа брошура ќе ти помогне да ја разбереш Библијата со помош на истиот метод што го користел Исус. Тој цитирал библиски стихови и им ги објаснувал на другите за „да ги разберат Писмата“. (Прочитај Лука 24:27, 45.)

Зар има нешто толку убаво како добрата вест од Бог? Сепак некои луѓе не се многу заинтересирани за неа, а други воопшто не сакаат да ја чујат. Но, не дозволувај тоа да те расколеба. Само ако го запознаеш Бог, ќе можеш да живееш вечно. (Прочитај Јован 17:3.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 2. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?

a Види ја брошурата Книга за сите луѓе.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели