ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | НЕЕМИЈА 9-11
Верните слуги на Бог го поддржуваат чистото обожавање
Божјиот народ спремно го поддржувал чистото обожавање на разни начини
Народот се подготвил за Празникот на сениците и го прославил на исправен начин.
Секој ден народот се собирал за да го слуша читањето на Божјиот закон, и поради тоа бил радосен.
Народот ги признал своите гревови, се молел и побарал благослов од Јехова.
Народот се согласил и понатаму да го поддржува чистото обожавање во сѐ.
Поддршката на чистото обожавање вклучувала:
Да стапуваат во брак само со луѓе кои му служеле на Јехова
Да даваат парични прилози
Да го држат денот за одмор
Да носат дрва за жртвеникот
Да му ги даваат на Јехова првините од жетвата и првородените од своите стада