ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 1 стр. 10-11
  • Како да стекнеш вистински пријатели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да стекнеш вистински пријатели
  • Разбудете се! 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ
  • ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
  • Трајни пријателства во свет без љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Зошто не можам да задржам пријатели?
    Разбудете се! 1996
  • Добри пријатели — лоши пријатели
    Разбудете се! 2005
  • Кои ми се вистински пријатели?
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 1 стр. 10-11
Двајца млади разговараат

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | МЛАДИ

Како да стекнеш вистински пријатели

ПРЕДИЗВИК

Двајца млади стојат на двете страни од еден мост

Благодарение на технологијата, како никогаш порано можеш на лесен начин да бидеш во контакт со многу луѓе. Сепак, пријателствата што ги имаш можеби ти изгледаат површни. Еден млад човек тоа го опишал вака: „Мислам дека моите пријателства можат да се распаднат секој миг. А татко ми има пријатели со кои е близок со години!“

Зошто денес е толку тешко да се има долготрајни и цврсти пријателства?

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Дел од вината лежи во технологијата. Пишувањето пораки, социјалните мрежи и сличните видови на комуникација оставаат впечаток дека можеш да бидеш пријател со некого без да се дружите. Разговорите се заменија со брзи и кратки пораки. „Луѓето сѐ помалку разговараат лице в лице“, пишува во книгата Artificial Maturity. „Учениците минуваат сѐ повеќе време пред екраните а сѐ помалку еден со друг.“

Понекогаш, технологијата може да направи некои пријателства да изгледаат поблиски отколку што навистина се. Брајан,a кој има 22 години, вели: „Пред некое време сфатив дека, бидејќи секогаш јас прв им пишувам на пријателите, главно јас сум тој што го одржува пријателството. Затоа престанав да им пишувам за да видам колкумина од нив ќе ми пишат први. Искрено, тоа го направија само неколкумина. Очигледно, некои не ми биле толку блиски пријатели како што си мислев.“

Но, зар контактирањето преку пораки и социјални мрежи не ги зајакнува пријателствата? Да, ги зајакнува, особено ако со тие луѓе имаме и личен контакт. Меѓутоа, социјалните мрежи честопати градат мостови меѓу луѓето без да ги приближат едни кон други.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Дефинирај што е вистинско пријателство. Библијата вели дека пријателот е ‚поприврзан од брат‘ (Изреки 18:24). Дали сакаш да имаш таков пријател? Дали ти си таков пријател? За да дојдеш до одговорот на овие прашања, запиши три особини што би сакал да ги има твојот пријател. Потоа напиши три особини што ги покажуваш ти. Прашај се: ‚Кои од моите пријатели на Интернет ги покажуваат особините што јас ги ценам? Што би рекле тие — кои особини ги покажувам јас?‘ (Библиско начело: Филипјаните 2:4.)

Одреди што ти е најважно. Пријателствата преку Интернет честопати се темелат на исти интереси како, на пример, исто хоби. Меѓутоа, многу поважно е двајца пријатели да имаат исти вредности отколку да ги интересираат исти работи. „Можеби немам многу пријатели“, вели 21-годишната Лин, „но тие што ги имам ме мотивираат да бидам подобра личност.“ (Библиско начело: Изреки 13:20.)

Излези од дома и дружи се. Ништо не може да го замени разговорот лице в лице, бидејќи така и ти и оној со кого разговараш можете да ги забележите и најмалите разлики во тонот на гласот, изразот на лицето и говорот на телото. (Библиско начело: 1. Солуњаните 2:17.)

Напиши писмо. Пишувањето писмо можеби изгледа старомодно, но покажува дека на оној што му пишуваш си му посветил искрено внимание. Во денешниот брз начин на живот, луѓето многу ретко си посветуваат такво внимание. На пример, во својата книга со наслов Alone Together, Шери Таркл спомнува еден млад човек кој рекол дека во животот никој не му напишал писмо. За времето кога луѓето си пишувале писма, тој рекол: „Ми недостига тоа време, иако тогаш не сум бил ни роден“. Зошто не се послужиш со оваа ‚стара технологија‘ за да стекнеш пријатели?

Заклучок: За да бидете вистински пријатели со некого, потребно е повеќе отколку само да бидете во контакт. Треба и двајцата да покажувате љубов и сочувство, да бидете стрпливи и да си простувате. Тие особини го градат пријателството. Но, такви особини тешко можеш да покажеш преку Интернет.

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4).

  • „Кој оди со мудрите, ќе стане мудар“ (Изреки 13:20).

  • „На секој начин настојувавме да ги видиме вашите лица“ (1. Солуњаните 2:17).

Ализабел

АЛИЗАБЕЛ

„Секој од нас има потреба да разговара со некого кога му е тешко. Пријателите можат да нѐ разберат и знаат што да направат за да се чувствуваме подобро. Тие се радуваат со нас кога сме радосни, а ни подаваат рака кога ќе паднеме.“

Џордан

ЏОРДАН

„Кога бев помал, бев повлечен и не се трудев да склопувам пријателства. Тоа беше најтажниот период од мојот живот. Но, на крајот ја надминав срамежливоста и станав поотворен. Многу е важно да имаш пријатели кои ќе ти помогнат во тешко време и со кои ќе ги споделиш убавите моменти.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели