ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/3 стр. 3
  • Помош!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Како може да те спаси смртта на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зошто ни е потребно спасение?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поглед одблизу на некои митови за смртта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Нашата потрага по подолг живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/3 стр. 3

Помош!

МИЛИОНИ литри вода одненадеж го преплавија окното на еден рудник во близина на Питсбург (Пенсилванија, САД). Девет рудари беа заробени на длабочина од 73 метри. Три дена подоцна, повторно излегоа на површината, живи и здрави. Како се спасија?

Со помош на картите на рудникот, како и на Глобалниот систем за позиционирање (GPS), спасувачите пронајдоа место каде што направија дупка широка 65 сантиметри и низ неа спуштија до заробените рудари корпа слична на капсула. Со корпата, еден по еден, ги извлекоа рударите од јамата која за малку ќе им станеше гробница. На сите им падна камен од срце — беа благодарни и пресреќни што се спасија.

Повеќето од нас никогаш нема да бидат заробени под земја како тие девет јагленокопачи и нема да мораат да се борат за живот во некоја катастрофа. Сепак, сите ние треба да бидеме спасени од болеста, староста и, на крајот, од смртта, зашто не можеме да им избегаме. „Човекот роден од жена има краток век и полн е со немир“, рекол верниот Божји слуга Јов. „Како цвет никнува, и го кинат, како сенка бега, и не останува“ (Јов 14:1, 2). Денес, околу 3.500 години подоцна, тие зборови сѐ уште важат бидејќи човечкиот живот и понатаму има трагичен крај — завршува со смрт, а на смртта никој од нас не може да ѝ побегне. Сеедно каде живееме и колку се грижиме за своето здравје, нам ни треба некој што ќе нѐ избави од канџите на страдањето, староста и смртта.

Научниците, а и други лица, вложуваат големи напори за да изнајдат нешто што ќе го продолжи таканаречениот „нормален“ животен век. Една организација вели дека нејзината цел е „да ѝ застане на патот на смртта која ги коси луѓето со ред“ и „да им помогне на своите членови еден ден да постигнат физичка бесмртност“. Сепак, и покрај напредната наука и големата желба на научниците, досега човечкиот живот не е продолжен на многу подолго од тие 70-80 години за кои зборувал Мојсеј пред 3.500 години (Псалм 90:10).

Сеедно дали размислуваш за животот и смртта исто како Јов или не, со изминувањето на годините неизбежно и ти ‚како сенка ќе избегаш‘ далеку од пријателите, од семејството, од домот и од сето она што си го постигнал во животот — право во прегратките на смртта. „Живите се свесни дека ќе умрат“, напишал мудриот Соломон, царот на древниот Израел. „А мртвите не се свесни за ништо, и за нив повеќе нема плата, зашто споменот за нив е заборавен“ (Проповедник 9:5).

Како што покажува и Библијата, тажната реалност е дека смртта „царува“ над луѓето како свиреп тиранин. Да, смртта е последниот непријател од кој треба да биде спасен човечкиот род (Римјаните 5:14; 1. Коринќаните 15:26). Но, ни најспособните спасители ни најдобрата опрема на светот не можат засекогаш да те спасат од смртта. Сепак, Творецот на човекот, Јехова Бог, се погрижил да бидеш спасен од неа.

[Извор на слика на страница 3]

Фотографија од Gene J. Puskar-Pool/Getty Images

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели