ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Јехова одговара на една горлива молитва
    Стражарска кула 2008 | 15 Октомври
    • 17. Каква можност стои сега пред човештвото, и на кои зборови ќе се сетиме наскоро?

      17 Се разбира, ние знаеме дека битката не е завршена. Но, продолжуваме да ја проповедаме добрата вест — дури и на противниците (Мат. 24:14, 21). Сепак, наскоро можноста што им се дава на тие противници да се покаат и да се спасат ќе им биде одземена. Посветувањето на Јеховиното име е далеку поважно од спасението на луѓето. (Прочитај Езекиел 38:23.) Кога народите ќе се здружат за да го уништат Божјиот народ, како што е проречено, ќе се сетиме на овие зборови од молитвата на псалмистот: „Нека се засрамат и нека се збунат за сите времиња, нека се засрамат и нека изгинат“ (Пс. 83:17).

      18, 19. а) Што ги очекува оние што решително се противат на Јехова како Севишен Владетел? б) Како влијае врз тебе тоа што наближува конечното оправдување на Јеховиното право да владее?

      18 Сите вообразени луѓе кои непопустливо му се противат на Јехова како Севишен Владетел ги чека срамен крај. Божјата реч ни открива дека оние што „не ѝ се покоруваат на добрата вест“ — поради што ќе бидат погубени во Армагедон — ќе претрпат „вечно уништување“ (2. Сол. 1:7-9). Нивното уништување и преживувањето на оние што му служат на Јехова ќе биде убедлив доказ дека Јехова е единствениот вистински Бог. Оваа огромна победа нема да биде заборавена во новиот свет. Оние што ќе станат при ‚воскресението на праведните и неправедните‘ ќе дознаат за овој величествен чин што ќе го изврши Јехова (Дела 24:15). Во новиот свет, тие ќе можат да видат со свои очи колку е мудро да се живее под Јеховината власт. А кротките меѓу нив брзо ќе се уверат дека Јехова е единствениот вистински Бог.

  • „Ова е навистина Божјето најсвето и највозвишено име“
    Стражарска кула 2008 | 15 Октомври
    • „Ова е навистина Божјето најсвето и највозвишено име“

      Николас од Кис ја дал оваа изјава во една проповед што ја одржал во 1430 год.a Тој се интересирал за многу работи, на пример, изучувал грчки и хебрејски јазик, филозофија, теологија, математика и астрономија. На 22 години, станал доктор по римокатоличко канонско право. Во 1448 год., станал кардинал.

      Пред околу 550 години, Николас од Кис отворил старечки дом во Кис, град кој сега е познат како Бернкасел-Кис, а се наоѓа околу 130 километри јужно од Бон (Германија). Во оваа иста зграда сега е сместена библиотеката на Кис која содржи повеќе од 310 ракописи. Еден од нив е Кодекс Кусанус 220 во кој е запишана проповедта на Кис од 1430 год. Во таа проповед, со наслов In principio erat verbum (Во почетокот беше Речта), Николас од Кис го користел латинскиот назив Јехуа за Јехова.b На 56. страница е дадена следнава изјава во врска со Божјето име: „Тоа е името што Бог си го дал себеси. Се работи за тетраграмот, односно име составено од четири букви... Ова е навистина Божјето најсвето и највозвишено име“. Оваа изјава на Николас од Кис е во склад со фактот дека Божјето име се појавува во изворниот текст на Хебрејските списи (2. Мој. 6:3).

      Овој кодекс од почетокот на 15 век е еден од најстарите постоечки документи во кој тетраграмот е преведен со „Јехуа“. Ова документирано сведоштво е уште еден доказ дека различни облици на Божјето име, слични на изговорот „Јехова“, со векови биле највообичаената транскрипција на Божјето име во книжевноста.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели