ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr17 Март стр. 1-2
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, март 2017

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, март 2017
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2017)
  • Поднаслови
  • 13-19 МАРТ
  • 20-26 МАРТ
  • 27 МАРТ–2 АПРИЛ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2017)
mwbr17 Март стр. 1-2

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

13-19 МАРТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕРЕМИЈА 5-7

„Престанале да ја вршат Божјата волја“

w88-E 1/4 11-12, пас. 7-8

Еремија — пророкот кој ги објавувал Божјите осуди

7 Јехова го предупредил Еремија: „Тие ќе се борат против тебе, но нема да те надвладеат“ (Еремија 1:19). Но, зошто Евреите и нивните владетели ќе сакале да се борат против овој пророк? Затоа што пораката што требало да ја објави го осудувала тоа што тие само формално му служеле на Бог и не гледале причина да се променат. Сепак, Еремија отворено им ги пренел зборовите од Бог: „Гледај, за нив Јеховината реч стана за потсмев, не им е мила неговата реч... Од најмал до најголем, сите си трупаат неправедна добивка. Од пророк до свештеник [токму оние што требало да ги застапуваат моралните и духовните вредности], сите се измамници“ (Еремија 6:10, 13).

8 Точно, тие го поттикнувале народот да принесува жртви. Но, само наизглед верно му служеле на Јехова — не го правеле тоа од љубов и од искрени мотиви. За нив, поважно било да се држат обичаите отколку да се постапува исправно. Освен тоа, еврејските верски водачи му влевале на народот лажно чувство на сигурност, така што велеле: „Мир е! Мир е!“, иако немало мир (Еремија 6:14; 8:11). Тие само ги залажувале луѓето дека се во мир со Бог. Израелците си мислеле дека нема за што да се грижат бидејќи тие биле народ избавен од Јехова и ним им припаѓал светиот град и храмот. Но, дали и Јехова мислел така?

w88-E 1/4 12, пас. 9-10

Еремија — пророкот кој ги објавувал Божјите осуди

9 Јехова му заповедал на Еремија да застане на портата на храмот, каде што сите ќе можеле да го видат, и да им ја пренесе Неговата порака на луѓето што оделе да му се поклонат. Требало да им каже: „Не надевајте се на лажни зборови и не велете: ‚Храмот Јеховин, храмот Јеховин, ова е храмот Јеховин!‘... Од тоа нема никаква корист“. Со тоа што претерано се гордееле со храмот, Евреите покажале дека живеат според она што го гледаат, а не според верата. Тие ги заборавиле зборовите од Јехова: „Небесата се мојот престол, а земјата ми е подножје на нозете. Тогаш, каде можете да ми изградите дом?“ Јасно е дека Јехова, Севишниот Владетел на сиот универзум, не престојувал во храмот, сеедно колку била величествена таа градба (Еремија 7:1-8; Исаија 66:1).

10 Еремија продолжил јавно да го прекорува народот: „Можете ли да крадете, да убивате, да вршите прељуба, лажно да се заколнувате, на Ваал приноси да му горите и да одите по други богови, кои порано не ги познававте... и да речете: ‚Ќе бидеме избавени‘, иако ги правите сите тие гадости?“ Евреите, кои биле Божји избран народ, мислеле дека Јехова ќе толерира секакво однесување сѐ додека му принесуваат жртви во храмот. Но, ако мислеле дека Јехова е како некој татко кој лесно паѓа на емоции и кој сака да му угоди на своето единствено и разгалено дете, многу се лажеле (Еремија 7:9, 10; 2. Мојсеева 19:5, 6).

Најди духовни бисери

w88-E 1/4 13, пас. 15

Еремија — пророкот кој ги објавувал Божјите осуди

Јуда ја плаќа цената

15 Околу 632 год. пр.н.е. Асирија паднала под власта на Халдејците и Медијците, а Египет имал власт само над јужниот дел од Јуда. Но, вистинска закана за Јуда претставувал нападот што требало да дојде од северот. Според тоа, Еремија требало да им пренесе на Евреите лоша вест: „Еве, доаѓа народ од северна земја... Сурови се и немилосрдни... наредени се како воини во борбени редови против тебе, ќерко сионска“. Во тоа време, Вавилон бил моќна светска сила. Токму преку него Јехова ја казнил неверната Јуда (Еремија 6:22, 23; 25:8, 9).

20-26 МАРТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕРЕМИЈА 8-11

„Луѓето се успешни само кога го следат водството од Јехова“

it-1-E 555

Краставици

На посеаните ниви луѓето поставувале колци, стапови или други работи за да ги заплашат животните. Пророкот Еремија ги споредил идолите што ги правеле народите што вршеле идолопоклонство токму со едно вакво „страшило во нива со краставици“ (Ере 10:5).

27 МАРТ–2 АПРИЛ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕРЕМИЈА 12-16

„Го заборавиле Јехова“

it-1-E 1121, пас. 2

Колкови

Јехова ги споредил целиот дом на Израел и целиот дом на Јуда со појас на неговите колкови. Ова значело дека тие требало да бидат толку блиску до него за да му носат фалба и да го украсуваат (Ере 13:11). Во едно пророштво за царот Исус Христос се вели: „Колковите ќе си ги опаше со праведност, а бедрата со верност“. Ова може да значи дека сета моќ што ја поседува, Исус Христос ќе ја користи праведно и верно. Исто како што еден појас служи за зацврстување така и праведноста го зацврстува како Судија поставен од Јехова (Иса 11:1, 5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели