ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr18 Јануари стр. 1-6
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, јануари 2018

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, јануари 2018
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
  • Поднаслови
  • 1-7 ЈАНУАРИ
  • 8-14 ЈАНУАРИ
  • 15-21 ЈАНУАРИ
  • 22-28 ЈАНУАРИ
  • 29 ЈАНУАРИ — 4 ФЕВРУАРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
mwbr18 Јануари стр. 1-6

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

1-7 ЈАНУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 1-3

„Се приближи небесното царство!“

nwtsty белешка за Мт 3:1

проповедаше: Грчкиот збор буквално значи „да се даде објава во јавност“ и го истакнува начинот на кој се пренесува објавата — јавно, пред сите, а не само пред одредена група луѓе.

nwtsty белешки за Мт 3:2

Царство: Овде прв пат се појавува грчкиот збор василиа кој укажува на царска власт, како и на територијата и народот над кои владее еден цар. Во Христијанските грчки списи овој збор се појавува 162 пати, од кои 55 во евангелието по Матеј, и најчесто се однесува на Божјето владеење од небото. Матеј го користел овој израз толку често што неговото евангелие може да се нарече Евангелие за Царството.

Царството небесно: Овој израз се среќава околу 30 пати само во евангелието по Матеј. Во евангелијата по Марко и Лука се користи изразот „Божјето Царство“ и укажува на тоа дека ова Царство владее од духовниот свет (Мт 21:43; Мр 1:15; Лк 4:43; Да 2:44; 2Ти 4:18).

се приближи: Се мисли на тоа дека наскоро требало да се појави идниот владетел на небесното Царство.

nwtsty слики

Облеката и изгледот на Јован Крстител

Јован носел облека од камилски влакна и кожен појас во кој можело да се носат некои поситни работи. Слична облека носел и пророкот Илија (2Ца 1:8). Ткаенината од камилски влакна била груба и од неа најчесто правеле облека сиромашните, додека од меките ткаенини изработени од свила и лен се правела облека за богатите (Мт 11:7-9). Бидејќи бил назареец од раѓање, Јован никогаш не ја стрижел својата коса. Од неговиот изглед и облека веднаш можело да се забележи дека водел едноставен живот и дека бил целосно посветен на службата за Бог.

Скакулци

Во Библијата, со зборот скакулци се мисли на разни видови скакулци со кратки антени, особено на оние кои мигрираат во огромни роеви. Според едно истражување направено во Ерусалим, пустинските скакулци се состојат од 75 отсто протеини. Денес во некои земји скакулците служат како храна, и обично се отстрануваат главата, нозете, крилцата и стомакот, а преостанатиот дел се јаде суров или приготвен. Некои велат дека овие инсекти богати со протеини имаат вкус на морски ракчиња.

Див мед

На оваа слика се прикажани: 1) пчеларник кој го направиле диви пчели и 2) саќе полно со мед. Медот што го јадел Јован можеби бил од еден вид диви пчели Apis mellifera syriaca, кои потекнуваат од тоа подрачје. Овој вид пчели се прилагодиле на жешката и сува клима во Јудејската Пустина и не се погодни за одгледување бидејќи ги напаѓаат луѓето. Како и да е, уште од 9 век пр.н.е. жителите на Израел чувале пчели во цилиндрични глинени садови. Во едно древно урбано подрачје (денешен Тел Рехов) во Јорданската долина, пронајдени се голем број остатоци од овие пчеларници. Медот во овие пчеларници го правеле еден вид пчели кои најверојатно биле донесени од подрачјето на денешна Турција.

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Мт 1:3

Тамара: Првата од петте жени спомнати во родословието на Исус запишано од Матеј. Другите четири се Раав и Рут, кои не биле Израелки (стих 5), Витсавеа „жената на Урија“ (стих 6) и Марија (стих 16). Овие жени се вброени во родословието, во кое генерално се наведени мажи, најверојатно затоа што на невообичаен начин станале предци на Исус.

nwtsty белешка за Мт 3:11

ве крштавам: Грчкиот збор баптизо значи „нурнување; потопување“. Некои други библиски извештаи покажуваат дека крштавањето се извршувало со целосно потопување. Во една прилика, Јован крштавал во Јорданската Долина близу Салим бидејќи таму имало „многу вода“ (Јвн 3:23). Кога Филип требало да го крсти етиопскиот дворјанин, и двајцата слегле во водата (Де 8:38). Овој грчки збор се користи и во Септуагинтата во 2Ца 5:14, каде се спомнува дека Намаан се нурнал во Јордан седум пати.

8-14 ЈАНУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 4-5

„Поуки од Проповедта на гората“

nwtsty белешки за Мт 5:3

Среќни: Не станува збор само за убаво чувство кое доаѓа кога некој прави нешто што му носи задоволство. Кога овој збор се однесува на луѓето, означува длабоко внатрешно чувство кое произлегува од блискиот однос со Јехова и од неговиот благослов. Овој збор се користи и за Бог и за Исус како небесен Цар (1Ти 1:11; 6:15).

оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби: Грчкиот израз преведен со „оние што настојуваат“ буквално значи „бедните“ (сиромашни, питачи) и во овој контекст се користи за оние што имаат некаква потреба и се свесни за тоа. Истиот збор се користи во извештајот за просјакот Лазар во Лк 16:20, 22. Грчката фраза, која во некои библиски преводи е преведена со „бедните по дух“, се однесува на луѓе кои се сосема свесни дека им е потребен Бог и кои чувствуваат духовен глад.

nwtsty белешка за Мт 5:7

милосрдните: Зборовите кои во Библијата се преведени со „милосрдност“ и „милост“ не значат само да се прости или да се поштеди од некаква казна. Најчесто се користат за некој што од сочувство и жал му помага на оној што има некаква потреба.

nwtsty белешка за Мт 5:9

миротворците: Освен што не го рушат мирот, тие активно се трудат да го вратат таму каде што е нарушен.

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Мт 4:9

ако... ми се поклониш: Грчкиот глагол кој е употребен овде може да се преведе како „обожава“. Но бидејќи во грчкиот јазик овој глагол е во свршен вид (глаголско време аорист) и укажува на дејство што се извршува само еднаш, преведен е со „ми се поклониш“. Од ова гледаме дека Ѓаволот не барал од Исус да му служи, туку да изврши само еден чин на обожавање во негова чест.

nwtsty белешка за Мт 4:23

поучувајќи... проповедајќи: Поучувањето вклучува повеќе отколку само да се проповеда, односно да се пренесува некоја порака. Кога некој поучува, тој ги обучува другите, дава објаснувања и користи аргументи и уверливи докази.

15-21 ЈАНУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 6-7

„Барајте го најнапред Божјето Царство“

nwtsty белешка за Мт 6:24

робува: Грчкиот глагол „робува“ укажува на роб кој му припаѓа само на еден господар. Исус во овој стих сакал да каже дека еден христијанин не може да му биде потполно посветен на Бог, а истовремено и на собирањето богатство.

nwtsty белешки за Мт 6:33

барајте ги најнапред: Грчкиот глагол „барајте“ има повторливо дејство и може да се преведе и како „постојано барајте“. Вистинските следбеници на Исус не треба да го бараат Царството само одредено време, а потоа да се посветат на други работи во животот. Напротив, тие мора секогаш да се трудат Царството да им биде на прво место.

царството: Во некои древни грчки ракописи стои „Божјето Царство“.

праведност: Оние кои ја бараат Божјата праведност спремно ја вршат волјата на Бог и живеат според неговите мерила за исправно и погрешно. Ова учење било сосема спротивно на учењата на фарисеите, кои настојувале да им ја наметнат својата правда на другите (Мт 5:20).

nwtsty белешки за Мт 7:28

беа восхитени: Грчкиот глагол преведен со „беа восхитени“ е во несвршен вид и покажува колку силен и траен впечаток оставиле зборовите на Исус врз мноштвото луѓе.

од неговото поучување: Овој израз се однесува на начинот на кој Исус поучувал, односно на методите што ги користел, како и на сите поуки што ги дал во Проповедта на гората.

nwtsty белешка за Мт 7:29

не како нивните книжници: Кога поучувал, Исус не се осврнувал на учењата на познатите верски учители, како што вообичаено правеле книжниците, туку зборувал како некој зад чии зборови стои Бог, односно ги темелел своите учења на Божјата Реч (Јвн 7:16).

22-28 ЈАНУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 8-9

„Исус ги сакал луѓето“

nwtsty белешки за Мт 8:3

го допре: Според Мојсеевиот закон, оние што имале лепра требало да бидат во карантин за да не ги заразат другите (3Мо 13:45, 46; 4Мо 5:1-4). Но, еврејските верски водачи им наметнувале на луѓето дополнителни правила. На пример, никој не смеел да се приближи до лепрозен на растојание помало од четири лакти (речиси 2 метра). Но ако дувало ветар, лепрозниот морал да биде оддалечен најмалку 100 лакти (речиси 45 метри). Поради ваквите крути правила, другите се однесувале безмилосно кон лепрозните. Усните преданија зборуваат позитивно за еден рабин кој се криел од лепрозните, и за друг рабин кој фрлал камења по нив за да ги држи подалеку од себе. За разлика од нив, Исус бил толку трогнат од тешката состојба на лепрозниот што направил нешто незамисливо во очите на Евреите — го допрел човекот. Го направил тоа иако можел да го излекува и само со еден збор (Мт 8:5-12).

Сакам: Кога го рекол ова, Исус не само што прифатил да го излекува лепрозниот туку изразил и силна желба да го направи тоа. Така покажал дека зад неговата постапка стоело нешто повеќе отколку само чувство на должност.

nwtsty белешки за Мт 9:10

беше на трпезата: Односно „лежеше на трпезата“. Во времето на Исус, кога некои јаделе на иста трпеза, тоа покажувало дека се блиски. Од таа причина, за Евреите било незамисливо да јадат на иста маса со некој што не бил Евреин.

даночници: Многу Евреи го собирале данокот за римската власт. Народот ги мразел овие луѓе бидејќи не само што соработувале со нивните окупатори туку и изнудувале повеќе од пропишаните даноци. Евреите ги избегнувале даночнците и ги ставале во ист кош со грешниците и блудниците (Мт 11:19; 21:32).

nwtsty белешка за Мт 9:36

се сожали: Грчкиот глагол сплахнизоме кој е употребен во овој израз е сроден со зборот „утроба“ (сплахна) и укажува на силните емоции кои ги чувствуваме длабоко во себе. Ова е еден од најсилните грчки зборови за сочувство.

29 ЈАНУАРИ — 4 ФЕВРУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 10-11

„Исус им бил поткрепа на другите“

nwtsty белешки за Мт 10:29

врапчиња: Грчкиот збор струтион е во деминутивна форма и може да укажува на која било мала птица, но честопати се однесува на врапчето — најевтината птица која се продавала како храна.

за една паричка: Буквално „за еден ас“. Тоа било сумата што еден работник ја добивал за 45 минути работа (види sgd дел 18). Во оваа прилика, кога по трет пат ја обиколувал Галилеја, Исус кажал дека две врапчиња коштале еден ас. Во друга прилика, веројатно околу една година подоцна, додека проповедал во Јудеја, Исус рекол дека 5 врапчиња коштале два аса (Лк 12:6). Од овие извештаи гледаме дека врапчињата имале толку мала вредност што трговците за 4 купени врапчиња 5-тото го давале гратис.

nwtsty слика

Врапче

Врапчињата биле најевтините птици кои се продавале како храна. Со парите што ги добивал еден работник за 45 минути работа можело да се купат две врапчиња. Грчкиот израз може да укажува на која и да било мала птица како, на пример, градското врапче (Passer domesticus biblicus) и шпанското врапче (Passer hispaniolensis), кои сѐ уште се многу застапени во Израел.

nwtsty белешка за Мт 10:30

секое влакно на главата ви е изброено: Се вели дека во просек човекот има повеќе од 100.000 влакна на главата. Тоа што Јехова го знае и овој ситен детаљ покажува колку многу е заинтересиран за секој негов слуга.

nwtsty белешки за Мт 11:28

оптоварени: Оние што Исус ги повикал да дојдат кај него биле оптоварени поради грижите и биле изморени и напатени. На овие луѓе службата за Јехова им станала товар поради човечките традиции кои биле додадени на Мојсеевиот закон (Мт 23:4). Дури и саботниот ден, кој требало да им причинува радост и да ги закрепне, им станал товар (2Мо 23:12; Мр 2:23-28; Лк 6:1-11).

јас ќе ве закрепнам: Грчкиот збор кој е преведен со „закрепне“ може да укажува и на физички одмор (Мт 26:45; Мр 6:31) и на олеснување од некаков товар во животот за некој да си ја врати силата (2Ко 7:13; Фм 7). Контекстот покажува дека да го земеме „јаремот“ на Исус (Мт 11:29) значи да служиме, а не да одмараме. Кога Исус рекол дека ќе ги закрепне, мислел на тоа дека тој ќе им ја врати силата и ќе ги зајакне изморените за да имаат желба да го земат неговиот јарем, кој е пријатен и лесен.

nwtsty белешка за Мт 11:29

Земете го мојот јарем на себе: Зборот „јарем“ Исус го употребил во симболична смисла со цел да покаже дека треба да бидеме подложни и послушни на упатствата. Ако мислел на јарем во кој се впрегнувале две животни и кој Јехова симболично го ставил врз Исус, тогаш Исус ги повикал своите ученици да дојдат под истиот јарем заедно со него, а тој ќе им помагал. Во таков случај, оваа изјава би можела да се преведе и како: „Дојдете кај мене под мојот јарем“. Но ако имал на ум јарем што луѓето го ставале на рамениците за да носат товар, тогаш мислел на јарем што тој им го ставал на другите. Тоа би значело дека неговите ученици треба да се подложат на неговиот авторитет и да бидат послушни на неговото водство.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели