ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 12-13
Споредбата за пченицата и каколот
Исус ја употребил споредбата за пченицата и каколот за да покаже како и кога ќе ја собере пченицата — помазаните христијани кои ќе владеат заедно со него во неговото Царство. Сеењето започнало на Педесетница 33 год. од н.е.
„Човек... посеа добро семе на својата нива“
Сејачот: Исус Христос
Доброто семе е посеано: Учениците на Исус се помазани со свет дух
Нивата: Човештвото
„Додека луѓето спиеја, дојде неговиот непријател, посеа какол меѓу пченицата“
Непријателот: Ѓаволот
Луѓето спиеја: Смртта на апостолите
„Нека растат двете заедно до жетвата“
Пченицата: Помазаните христијани
Каколот: Лажните христијани
„Соберете го најнапред каколот... а потоа соберете ја пченицата“
Робовите/жетварите: Ангелите
Собирањето на каколот: Лажните христијани се одвоени од помазаните христијани
Собирањето во амбарот: Помазаните христијани се собираат во очистеното христијанско собрание
По што се разликувале вистинските христијани од лажните кога започнала жетвата?
Како мене лично ми користи оваа споредба?