ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb18 Февруари стр. 4
  • „Почитувај ги татка си и мајка си“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Почитувај ги татка си и мајка си“
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Сличен материјал
  • Оддавај им чест на сите видови луѓе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Да ги почитуваме нашите остарени родители
    Тајната на семејната среќа
  • Што значи да ги почитуваш родителите?
    Одговор на библиски прашања
  • Оддавај му чест на Јехова — зошто и како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
mwb18 Февруари стр. 4

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Почитувај ги татка си и мајка си“

Кога Исус бил на Земјата, ја кажал следнава заповед: „Почитувај ги татка си и мајка си“ (2Мо 20:12; Мт 15:4). Исус со право можел да го каже ова бидејќи како дете и самиот им бил послушен на родителите (Лк 2:51). А како возрасен, тој се погрижил да има кој да ја чува мајка му по неговата смрт (Јвн 19:26, 27).

И денес младите покажуваат почит кон родителите со тоа што им се послушни и внимаваат како зборуваат со нив. Всушност, заповедта да ги почитуваме своите родители никогаш нема да застари. Дури и откако тие ќе остарат, треба да продолжиме да ги почитуваме така што ќе црпиме од нивното знаење и искуство (Из 23:22). Покажуваме почит кон нашите остарени родители и со тоа што се грижиме за нив во емоционален поглед, а ако е потребно и финансиски (1Ти 5:8). Било да сме помлади или постари, уште еден важен начин на кој ќе покажеме почит кон родителите е тоа што ќе одржуваме добра комуникација со нив.

ГЛЕДАЈ ЈА ПОУЧНАТА АНИМАЦИЈА КАКО ДА ЗБОРУВАМ СО МОИТЕ РОДИТЕЛИ?, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Што би можело да ти отежнува да зборуваш со твоите родители?

  • Како ќе покажеш почит кон родителите кога зборуваш со нив?

    Едно момче им пишува писмо на родителите, разговара со нив и игра фудбал со татко му
  • Зошто вреди да се трудиш да комуницираш со родителите? (Из 15:22)

    Родители му помагаат на својот син да се справи со предизвиците кои го очекуваат

    Разговорите со твоите родители може многу да ти помогнат во животот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели