ПЕСНА 97
Божјата Реч за нас значи живот
Печатено издание
1. Сите зборови, поуки,
што Јехова ги дал,
значат живот и важни се
како лебот за нас.
Мир и радост ни даваат,
надеж за убав свет.
(РЕФРЕН)
Секој ден ни е потребна
Јеховината Реч.
Живот значат зборовите
што од неа се дел.
2. Читаме и за луѓето
што со вера во Бог,
биле храбри и истрајни
целиот живот свој.
Убав пример за сите нас
сѐ до денеска се.
(РЕФРЕН)
Секој ден ни е потребна
Јеховината Реч.
Живот значат зборовите
што од неа се дел.
3. Надеж, вистинска утеха
дава Божјата Реч,
мудрост кога под притисок
од проблемите сме.
Затоа да ја цениме,
богатство таа е.
(РЕФРЕН)
Секој ден ни е потребна
Јеховината Реч.
Живот значат зборовите
што од неа се дел.
(Види и Ис. Нав. 1:8; Рим. 15:4.)