ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr18 Април стр. 1-5
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, април 2018

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, април 2018
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
  • Поднаслови
  • 2-8 АПРИЛ
  • 9-15 АПРИЛ
  • 16-22 АПРИЛ
  • 23-29 АПРИЛ
  • 30 АПРИЛ — 6 МАЈ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
mwbr18 Април стр. 1-5

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

2-8 АПРИЛ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 26

„Пасхата и Спомен-свеченоста — сличности и разлики“

nwtsty слика

Пасхалната вечера

На пасхалната трпеза морало да има: 1) печено јагне (ниту една коска не смеела да му биде скршена); 2) бесквасен леб; и 3) горчливо зелје (2Мо 12:5, 8; 4Мо 9:11). Според Мишната, горчливото зелје можеби било марула, цикорија, добрејка, ендивија или глуварче. Очигледно, ова требало да ги потсети Израелците на горчливиот живот што го имале како робови во Египет. Исус го употребил бесквасниот леб како симбол за своето совршено тело (Мт 26:26). Апостол Павле го нарекол Исус „нашето пасхално јагне“ (1Ко 5:7; Превод на д-р Д. Х. Константинов). До првиот век, и 4) виното веќе било дел од пасхалната вечера. Исус го употребил виното како симбол за својата крв, која требало да биде пролеана како жртва (Мт 26:27, 28).

nwtsty белешка за Мт 26:26

претставува: Грчкиот збор естин (буквално: „е“) овде има значење на „значи, означува, симболизира“. На апостолите им било јасно дека Исус го имал на ум ова значење на зборот, со оглед на тоа што во оваа прилика пред нив бил Исус во совршено човечко тело, како и бесквасниот леб што требало да го јадат. Според ова, не е можно лебот да бил самото тело на Исус. Вредно е да се забележи дека истиот грчки збор се појавува во Мт 12:7, и во многу библиски преводи е преведен со „значи“.

nwtsty белешка за Мт 26:28

крв на сојузот: Новиот сојуз помеѓу Јехова и помазаните христијани станал полноважен на темел на Исусовата жртва (Ев 8:10). Овде Исус го употребил истиот израз што го употребил Мојсеј кога како посредник го склучил сојузот на Законот со Израелците на планината Синај (2Мо 24:8; Ев 9:19-21). Исто како што сојузот на Законот помеѓу Бог и Израел станал полноважен преку крвта на воловите и козите, така и преку Исусовата крв станал полноважен новиот сојуз што Јехова го склучил со духовниот Израел. Тој стапил на сила на Педесетница 33 год. од н.е. (Ев 9:14, 15).

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Мт 26:17

На првиот ден од Празникот на бесквасните лебови: Празникот на бесквасните лебови започнувал на 15 нисан, еден ден по Пасхата (14 нисан), и траел 7 дена (sgd дел 19). Сепак, во времето на Исус, Пасхата станала толку тесно поврзана со овој празник што понекогаш сите 8 дена, вклучувајќи го и 14 нисан, ги нарекувале „Празникот на бесквасните лебови“ (Лк 22:1). Во овој контекст, изразот „на првиот ден“ може да се преведе и како „на денот пред“. (Спореди со Јвн 1:15, 30, каде што грчкиот збор „првиот“ [протос] е преведен со „пред“, имено „постоеше пред [протос] мене“.) На темел на изворниот грчки јазик и еврејската традиција може да се дојде до заклучок дека апостолите му го поставиле прашањето на Исус на 13 нисан. Апостолите почнале со подготовките за Пасхата на 13 нисан додека сѐ уште било ден. А вечерта, на почетокот на 14 нисан, ја прославиле Пасхата (Мр 14:16, 17).

nwtsty белешка за Мт 26:39

нека ме одмине оваа чаша: Во Библијата, зборот „чаша“ често се користи во преносна смисла за да се укаже на Божјата волја за некоја личност. Исус сигурно бил загрижен поради срамот што можел да му го нанесе на Бог затоа што ќе умрел лажно обвинет како богохулник и бунтовник, и затоа се молел да го одмине оваа „чаша“.

9-15 АПРИЛ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 27-28

„’Одете и правете ученици‘ — зошто, каде и како?“

nwtsty белешки за Мт 28:19

правете ученици: Грчкиот глагол матитеио може да се преведе и со „поучува“, со цел да му се помогне некому да стане ученик или следбеник. (Спореди со Мт 13:52, каде што овој глагол е преведен со „поучен“.) Глаголите „крштавајќи“ и „учејќи“ покажуваат што е вклучено во заповедта „правете ученици“.

луѓето од сите народи: Буквално: „сите народи“. Но, од контекстот дознаваме дека се работи за поединци од сите народи. Грчката заменка „ги“ во изразот крштавајќи ги е во машки род и се однесува на луѓе, а не на „народи“ — збор кој на грчки е во среден род. Заповедта да се проповеда на „луѓето од сите народи“ била нова. Светото писмо покажува дека, пред Исус да започне со својата служба, незнабошците можеле да дојдат во Израел и да му служат на Јехова заедно со Израелците (1Ца 8:41-43). Но, со оваа заповед, Исус им дал задача на своите ученици да им проповедаат и на луѓето кои не биле родени Евреи, и со тоа укажал дека проповедничкото дело ќе се извршува низ целиот свет (Мт 10:1, 5-7; От 7:9; Мт 24:14).

nwtsty белешка за Мт 28:20

учејќи ги: Грчкиот збор преведен со „поучува“ вклучува давање упатства, објаснување, образложување и изнесување докази. Да ги поучуваме другите да држат сѐ што Исус заповедал е долготраен процес, и вклучува да им ги пренесеме неговите учења, да им помогнеме да ги применат и да го следат неговиот пример (Јвн 13:17; Еф 4:21; 1Пе 2:21).

Најди духовни бисери

nwtsty белешки за Мт 27:51

завесата: Оваа убаво украсена завеса ја одделувала Светињата над светињите од Светињата. Според еврејското предание, оваа тешка завеса била отприлика 18 метри долга, 9 метри широка и 7 сантиметри дебела. Со тоа што ја расцепил завесата на два дела, Јехова го покажал својот гнев кон убијците на неговиот Син, но и покажал дека патот кон небото сега е отворен (Ев 10:19, 20).

светилиштето: Грчкиот збор наос овде укажува на средишниот дел од храмската зграда во кој се наоѓале Светињата и Светињата над светињите.

nwtsty белешка за Мт 28:7

кажете им на неговите ученици дека стана: Овие жени биле првите ученици на кои им било кажано дека Исус воскреснал. Освен тоа, токму тие добиле задача да им кажат и на другите ученици за тоа (Мт 28:2, 5, 7). Според една небиблиска еврејска традиција, на жените не им било дозволено да бидат сведоци на суд. За разлика од ова, Јеховиниот ангел им укажал чест на овие жени така што им ја дал оваа прекрасна задача.

16-22 АПРИЛ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАРКО 1-2

„Простени ти се гревовите“

nwtsty белешка за Мр 2:9

Што е полесно: Лесно е некој да рече дека може да простува гревови, со оглед на тоа дека нема да му требаат видливи докази за да го поткрепи таквото тврдење. Но за Исус да речел Стани... и оди требало да направи чудо од кое сите ќе можеле јасно да видат дека му е дадена власт да простува гревови. Овој извештај и извештајот од Иса 33:24 покажуваат дека тоа што се разболуваме е поврзано со наследениот грев.

Најди духовни бисери

nwtsty белешки за Мр 1:11

од небото се слушна глас: Ова е првата од трите прилики запишани во евангелијата каде што Јехова директно им зборува на луѓе (Мр 9:7; Јвн 12:28).

Ти си мојот... Син: Како духовно суштество, Исус бил Божјиот единороден Син (Јвн 3:16). Кога се родил како човек, Исус бил „син на Бог“ исто како што бил совршениот човек Адам (Лк 1:35; 3:38). Сепак, логично е да заклучиме дека Јехова сакал да каже нешто повеќе отколку само тоа кој е Исус. Со оваа изјава и со тоа што го излеал својот свет дух, Бог јасно покажал дека Исус станал негов духовен Син — „повторно роден“ со надеж пак да живее на небото и помазан со свет дух за да биде Цар и Првосвештеник (Јвн 3:3-6; 6:51; спореди со Лк 1:31-33; Ев 2:17; 5:1, 4-10; 7:1-3).

Ти си по мојата волја: Или „јас сум задоволен од тебе; многу ме радуваш“. Сличен израз се користи во Мт 12:18, и е цитат од Иса 42:1 во врска со ветениот Месија или Христос. Со оваа изјава и со тоа што го излеал светиот дух врз својот Син, Бог јасно покажал дека Исус е ветениот Месија.

nwtsty белешка за Мр 2:28

Господар... на саботата: Исус го применил овој израз на себеси (Мт 12:8; Лк 6:5), со што укажал дека му било дозволено на сабат да го прави она што му го заповедал неговиот небесен Татко. (Спореди со Јвн 5:19; 10:37, 38.) Во сабота, Исус направил некои од своите највпечатливи чуда, меѓу кои и лекувањето болни (Лк 13:10-13; Јвн 5:5-9; 9:1-14). Ова, очигледно, укажувало на тоа какво олеснување ќе донесе за време на своето владеење, кое ќе биде како саботната починка (Ев 10:1).

23-29 АПРИЛ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАРКО 3-4

„Лекувал во сабота“

nwtsty белешка за Мр 3:5

налутено ги погледна... длабоко разжалостен: Само Марко запишал како се почувствувал Исус кога видел колку бесчувствителни биле верските водачи во оваа ситуација (Мт 12:13; Лк 6:10). Можеби Петар, кој и самиот бил чувствителен човек, му го пренел на Марко овој жив опис на чувствата на Исус. (Види го видеоклипот „Вовед во Марко“.)

Најди духовни бисери

nwtsty белешки за Мр 3:29

похули на светиот дух: Зборот „хули“ укажува на некој што зборува погрдно и кажува клевети за Бог или за светите работи. Со оглед на тоа што светиот дух произлегува од Бог, ако некој свесно се спротивставува на влијанието на светиот дух или го оспорува неговото влијание, е исто како да хули на Бог. Како што покажуваат Мт 12:24, 28 и Мр 3:22, еврејските верски водачи виделе дека Исус прави чуда со помош на Божјиот свет дух; сепак, му ја припишале таа моќ на Сатана Ѓаволот.

виновен за вечен грев: Изгледа се однесува на намерен грев поради кој некој би изгубил можност да живее вечно; не постои жртва која би го покрила овој грев (Мт 12:31).

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Кој има уши да слуша, нека слуша“

nwtsty белешка за Мр 4:9

Кој има уши да слуша, нека слуша: Пред да ја каже споредбата за сејачот, Исус рекол: „Слушајте!“ (Мр 4:3). Споредбата ја завршил со сличен поттик: „Кој има уши да слуша, нека слуша“. Со ова Исус истакнал колку е важно неговите ученици да го послушаат овој совет. Слични изјави има и во Мт 11:15; 13:9, 43; Мр 4:23; Лк 8:8; 14:35; От 2:7, 11, 17, 29; 3:6, 13, 22; 13:9.

30 АПРИЛ — 6 МАЈ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАРКО 5-6

„Исус има моќ да ги воскресне твоите најмили што починале“

nwtsty белешка за Мр 5:39

не е умрено, туку спие: Во Библијата, смртта честопати е споредена со спиење (Пс 13:3, фус.; Јвн 11:11-14; Де 7:60, фус.; 1Ко 7:39, фус.; 1Со 4:13, фус.). Исус имал намера да го воскресне девојчето. Тој можеби ги кажал овие зборови бидејќи за кратко ќе покажел дека, исто како што луѓето можат да се разбудат од длабок сон, така и мртвите можат да бидат вратени во живот. Моќта да го воскресне девојчето Исус ја добил од својот Татко, „кој ги оживува мртвите и зборува за она што не се случило како веќе да се случило“ (Ри 4:17).

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Мр 5:19

раскажи им: Исус обично им велел на луѓето да не разгласуваат за неговите чуда (Мр 1:44; 3:12; 7:36). Но во оваа прилика на овој човек му рекол да им каже на своите роднини што се случило. Ова можеби било случај бидејќи народот го молел Исус да си замине од тој крај, и немало да може да им посведочи на тамошните жители; исто така, сведоштвото на овој човек можело да послужи за да се спречат негодувања меѓу народот поради загубата на свињите.

nwtsty белешка за Мр 6:11

истресете си го правот од нозете: Со овој гест учениците ќе покажеле дека не се одговорни пред Бог за реакцијата на луѓето и дека оставаат на него да им суди. Сличен израз се појавува и во Мт 10:14; Лк 9:5. Марко ги додал зборовите ним за сведоштво, а Лука за сведоштво против нив. Павле и Варнава го примениле ова упатство во писидиска Антиохија (Де 13:51). А Павле направил нешто слично кога си ја истресол облеката во Коринт. Потоа објаснил што значи тоа: „Вашата крв на вашите глави! Јас сум чист“ (Де 18:6). Оваа практика можеби им била позната на учениците; побожните Евреи кои минувале низ земјите во кои живееле незнабошците пред да влезат на еврејска територија си го треселе правот од нозете бидејќи го сметале за нечист. Но, очигледно, Исус сакал да каже нешто друго кога им го дал ова упатство на своите ученици.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели