ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr19 Септември стр. 1-4
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, септември 2019

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, септември 2019
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2019)
  • Поднаслови
  • 2-8 СЕПТЕМВРИ
  • 9-15 СЕПТЕМВРИ
  • 16-22 СЕПТЕМВРИ
  • 23-29 СЕПТЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2019)
mwbr19 Септември стр. 1-4

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

2-8 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕВРЕИТЕ 7-8

„Ти си засекогаш свештеник сличен на Мелхиседек“

it-2-E стр. 366

Мелхиседек

Цар на древниот Салим и „свештеник на Севишниот Бог“, Јехова (1Мо 14:18, 22). Тој е првиот свештеник кој се спомнува во Библијата. Со својата свештеничка служба започнал некое време пред 1933 год. пр.н.е. Бидејќи Мелхиседек бил цар на градот Салим, што значи „мир“, апостол Павле го нарекол „цар на мирот“. Го нарекол и „цар на праведноста“ затоа што самото негово име „Мелхиседек“ го содржи тоа значење (Ев 7:1, 2). Се смета дека од древниот град Салим подоцна настанал Ерусалим, кој во своето име го содржи и името на тој древен град. Затоа, за Ерусалим понекогаш се користел и зборот „Салим“ (Пс 76:2).

Откако ги поразил Ходолгомор и царевите кои му биле сојузници, Аврам (Авраам) отишол „во долината на Савин, односно во Царевата Долина“. Таму Мелхиседек изнел „леб и вино“ и го благословил Авраам со зборовите: „Благословен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и на земјата! И благословен да е Севишниот Бог, кој ти ги предаде в раце твоите угнетувачи!“ Тогаш Авраам му дал на Мелхиседек „десеттина од сѐ“, односно „десеттина од најдобриот плен“ што го зел откако ги поразил царевите кои биле здружени против него (1Мо 14:17-20; Ев 7:4).

it-2-E стр. 367, пас. 4

Мелхиседек

Зошто за Мелхиседек се вели дека „нема ни почеток на неговите денови ни крај на неговиот живот“?

Павле ни открива нешто интересно за Мелхиседек. Во врска со него, тој напишал: „Поради тоа што е без татко, без мајка, без родословие и нема ни почеток на неговите денови ни крај на неговиот живот, туку е направен сличен на Синот Божји, тој останува свештеник засекогаш“ (Ев 7:3). Како и секој друг човек, Мелхиседек се родил и на крајот умрел. Меѓутоа, имињата на неговите родители не ни се познати, и нема запис за неговите предци и за неговите потомци. Библијата не кажува кога тој се родил, ниту кога умрел. Затоа, со право може да се каже дека Мелхиседек пророчки го претставувал Исус Христос, кој засекогаш ќе биде свештеник. Во врска со свештеничката служба на Мелхиседек, не постои запис дека тој имал претходник или наследник. Слично на тоа, и Исус не ја наследил својата служба како Првосвештеник од некој сличен на него, а Библијата ни кажува и дека никој друг нема да ја наследи таа улога од него. Освен тоа, точно е дека Исус потекнувал од племето на Јуда и од царската лоза на Давид, но никој од неговите предци не служел како свештеник. Значи, Исус не станал свештеник благодарение на своето потекло. Тој можел да биде воедно и цар и свештеник само затоа што Јехова му го ветил тоа.

it-2-E стр. 366

Мелхиседек

Претслика за свештеничката служба на Христос. Во едно важно пророштво за Месијата, Јехова му се заколнал на Давидовиот „Господар“: „Ти ќе бидеш довека свештеник сличен на Мелхиседек!“ (Пс 110:1, 4). Благодарение на овој псалм, Евреите можеле да заклучат дека ветениот Месија ќе биде и свештеник и цар. Во писмото до Евреите, апостол Павле го отстранил секој сомнеж во врска со тоа кој е проречениот Месија, кога рекол дека Исус е тој кој засекогаш останува „првосвештеник сличен на Мелхиседек“ (Ев 6:20; 5:10).

it-1-E стр. 1113, пас. 4-5

Првосвештеник

Службата на Исус Христос како Првосвештеник. Во писмото до Евреите пишува дека Исус, откако воскреснал и отишол на небото, служи како првосвештеник сличен на Мелхиседек (Ев 6:20; 7:17, 21). За да укаже колку свештеничката служба на Исус е позначајна и повозвишена од свештеничката служба на Арон, апостол Павле истакнал дека Мелхиседек не ја наследил својата улога на цар и свештеник, туку ја добил лично од Севишниот Бог. Исус Христос не потекнувал од племето на Леви, туку од племето на Јуда и од лозата на Давид, и својата свештеничка служба не ја наследил од Арон, туку бил поставен како свештеник директно од Јехова, исто како и Мелхиседек (Ев 5:10). Во Псалм 110:4 е запишано ветувањето на Јехова дека Исус ќе биде цар и свештеник на небото. Таму пишува: „Јехова се заколна, и нема да зажали: ’Ти ќе бидеш довека свештеник сличен на Мелхиседек!‘“ Но, освен поради ова ветување, Исус имал право да биде цар и поради тоа што бил потомок на Давид. Всушност, тој го наследил царството што Јехова му го ветил на Давид кога го склучил сојузот со него (2Са 7:11-16). Затоа, како што било случај и со Мелхиседек, Исус во исто време ја има улогата и на цар и на првосвештеник.

Има уште една работа која покажува дека првосвештеничката служба на Исус е позначајна и повозвишена. Кога Авраам му дал десеттина на Мелхиседек, тоа било исто како неговиот иден потомок Леви, од кого потекнувале свештениците во Израел, да го направил тоа. Исто така, кога го благословил Авраам, Мелхиседек, всушност, го благословил и Леви. Со оглед на тоа што поголемиот обично го благословувал помалиот, и Леви му дал десеттина на Мелхиседек, јасно е дека Мелхиседек е поважен од Леви (Ев 7:4-10). Апостол Павле укажал и на тоа дека Мелхиседек бил „без татко, без мајка, без родословие“ и дека „нема ни почеток на неговите денови ни крај на неговиот живот“. Поради тоа, пророчки го претставувал Исус Христос кој засекогаш ќе биде првосвештеник и кој откако воскреснал добил „неуништлив живот“ (Ев 7:3, 15-17).

Најди духовни бисери

it-1-E стр. 523, пас. 5

Сојуз

Во која смисла сојузот на Законот станал „застарен“?

Сојузот на Законот во извесна смисла станал „застарен“ кога Бог преку Еремија прорекол дека во иднина ќе има нов сојуз (Ере 31:31-34; Ев 8:13). Во 33 год. од н.е., сојузот на Законот престанал да важи благодарение на смртта на Исус на маченичкиот столб (Кол 2:14), и бил заменет со новиот сојуз (Ев 7:12; 9:15; Де 2:1-4).

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

it-1-E стр. 524, пас. 3-5

Сојуз

Новиот сојуз. Во седмиот век пред н.е., Јехова преку пророкот Еремија претскажал дека ќе има нов сојуз кој нема да биде како сојузот на Законот кој Израелците го раскинале (Ере 31:31-34). Вечерта пред да умре, на 14 нисан 33 год. од н.е., кога ја воспоставил Господаровата вечера, Исус Христос го најавил новиот сојуз. Темелот за овој сојуз е откупната жртва на Исус (Лк 22:20). На 50-тиот ден од неговото воскресение, односно на 10-тиот ден од неговото вознесување кај Таткото, Исус го излеал светиот дух кој го добил од Јехова врз своите ученици кои биле собрани во една горна соба во Ерусалим (Де 2:1-4, 17, 33; 2Ко 3:6, 8, 9; Ев 2:3, 4).

Новиот сојуз е склучен помеѓу Јехова и „Израелот Божји“ —помазаниците кои се во единство со Христос и го сочинуваат неговото тело, односно собрание (Ев 8:10; 12:22-24; Га 6:15, 16; 3:26-28; Ри 2:28, 29). Овој сојуз е склучен на темел на пролеаната крв на Исус Христос (односно, животот на Исус даден како жртва), кој откако се вознел на небото, му ја принел на Јехова вредноста на својата жртва (Мт 26:28). Кога некој ќе добие небесен позив (Ев 3:1) од страна на Бог, станува учесник во неговиот сојуз преку откупната жртва на Христос (Пс 50:5; Ев 9:14, 15, 26). Исус Христос е Посредникот на новиот сојуз (Ев 8:6; 9:15) и главниот потомок на Авраам (Га 3:16). Како Посредник на новиот сојуз, Исус им помага на оние што се учесници во сојузот да станат потомство на Авраам (Ев 2:16; Га 3:29) со тоа што им ги простува гревовите. На тој начин, Јехова ги прогласува за праведни (Ри 5:1, 2; 8:33; Ев 10:16, 17).

Овие Христови браќа родени со дух стануваат „царско свештенство“ и служат заедно со Првосвештеникот (1Пе 2:9; От 5:9, 10; 20:6). Тие вршат свештеничка служба и се наречени „слуги на новиот сојуз“ (Фп 2:17; 2Ко 3:6). Овие поединци кои имаат небесен позив мора тесно да ги следат стапките на Исус и да останат верни сѐ до крајот на нивниот живот на Земјата. Потоа Јехова ќе им даде духовно тело и ќе ги награди со бесмртност и нераспадливост, и ќе можат да служат како цареви и свештеници заедно со Христос на небото (1Пе 2:21; Ри 6:3, 4; 1Ко 15:53; 1Пе 1:4; 2Пе 1:4). Целта на овој сојуз е да се собере народ за Јеховиното име како дел од потомството на Авраам (Де 15:14). Тие стануваат Христова „невеста“ и со нив Исус склучува сојуз за Царството за да можат да владеат со него (Јвн 3:29; 2Ко 11:2; От 21:9; Лк 22:29; От 1:4-6; 5:9, 10; 20:6). Новиот сојуз ќе биде на сила сѐ додека не се исполни неговата цел, односно сѐ додека сите припадници на „Израелот Божји“ не воскреснат за бесмртен живот на небото. Бидејќи благословите од овој сојуз ќе траат вечно, може да се нарече „вечниот сојуз“ (Ев 13:20).

9-15 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕВРЕИТЕ 9-10

Најди духовни бисери

it-1-E стр. 249-250

Крштавање

Лука напишал дека Исус се молел за време на своето крштавање (Лк 3:21). Освен тоа, во писмото до Евреите, апостол Павле напишал дека, кога Исус „влегол во светот“ (тоа не се однесува на моментот кога се родил и не можел да ги прочита и да ги каже овие зборови, туку на моментот кога се крстил и започнал со својата служба), ги кажал зборовите запишани во Псалм 40:6-8 (според Септуагинтата): „Жртва и принос не сакаше, туку ми подготви тело... Еве, дојдов — во свитокот на книгата е напишано за мене — да ја вршам твојата волја, Боже“ (Ев 10:5-9). Со своето раѓање, Исус станал дел од еврејскиот народ, кој бил во сојуз со Бог. Тоа бил сојузот на Законот (2Мо 19:5-8; Га 4:4). Според тоа, Исус веќе бил во сојуз со Јехова кога дошол кај Јован за да го крсти. Тој сакал да направи нешто повеќе од она што го барал Законот. Исус покажал дека е спремен да ја врши волјата на својот Татко. Волјата на Јехова вклучувала Исус спремно да го даде како жртва своето тело и повеќе да не се принесуваат животински жртви кои ги барал Законот. Апостол Павле напишал: „Според таа ’волја‘ сме посветени со принесувањето на телото на Исус Христос еднаш засекогаш“ (Ев 10:10). Освен тоа, Јеховина волја било Исус да изврши едно важно дело поврзано со Царството, а Исус покажал дека е спремен да го направи тоа (Лк 4:43; 17:20, 21). Јехова, пак, покажал дека го одобрува тоа што Исус бил спремен да ја врши Неговата волја, така што го помазал со свет дух и рекол: „Ти си мојот сакан Син! Ти си по мојата волја!“ (Мр 1:9-11; Лк 3:21-23; Мт 3:13-17).

16-22 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕВРЕИТЕ 11

Најди духовни бисери

it-1-E стр. 804, пас. 5

Вера

Божји слуги од минатото кои имале вера. Сите оние што ги спомнал апостол Павле кога зборувал за големиот „облак од сведоци“ (Ев 12:1) имале вера која била изградена на цврст темел. На пример, Авел сигурно знаел за Божјето ветување во врска со „потомството“ кој требало да ѝ ја смачка главата на „змијата“. Тој со свои очи можел да види како Јехова ја спроведува казната која им ја изрекол на неговите родители во рајската градина. Надвор од неа, Адам и неговото семејство морале со пот и мака да ја обработуваат земјата која била проколната и раѓала трње и троскот. Исто така, Авел веројатно можел да види како Ева копнеела по својот маж, а како тој господарел над неа. Без сомнение, неговата мајка зборувала за маките и болките што ги носела бременоста. Освен тоа, влезот од рајската градина го чувале херувими и меч со пламено сечило (1Мо 3:14-19, 24). Сите овие работи биле „доказ“ за Авел дека избавувањето ќе дојде преку ветеното потомство. Затоа, поттикнат од вера, тој му принел на Бог жртва која била повредна од жртвата на Каин (Ев 11:1, 4).

23-29 СЕПТЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕВРЕИТЕ 12-13

Најди духовни бисери

w89-E 15/12 стр. 22, пас. 10

Жртви кои се прифатливи за Јехова

10 Христијаните со еврејско потекло требало да внимаваат да не бидат заведени од разните учења што ги ширеле поборниците на јудаизмот (Галатите 5:1-6). За некој да биде цврст во вистината, треба своето срце да го „зацврсти со Божјата незаслужена доброта“, а не со такви учења. Очигледно, некои се расправале поради храна и жртви, бидејќи Павле рекол дека срцето не се зацврстува „со јадења, кои не им користат на оние што се занимаваат со нив“. Ќе добиеме духовни благослови ако сме му оддадени на Бог и покажуваме дека ја цениме откупната жртва, а не ако претерано се грижиме дали треба да јадеме одредена храна или да држиме одредени денови (Римјаните 14:5-9). Освен тоа, откако Исус се принел себеси како жртва, жртвите кои се принесувале според Законот повеќе немале никаква вредност (Евреите 9:9-14; 10:5-10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели