ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 98 стр. 228-стр. 229 пас. 5
  • Апостолите повторно барале истакната положба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Апостолите повторно барале истакната положба
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Учениците се расправаат додека наближува Исусовата смрт
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • „Исус... им покажуваше љубов до крај“
    „Појди по мене!“
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Ги подготвува апостолите за своето заминување
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 98 стр. 228-стр. 229 пас. 5
Салома му пристапува на Исус и бара нешто посебно за своите синови

ПОГЛАВЈЕ 98

Апостолите повторно барале истакната положба

МАТЕЈ 20:17-28; МАРКО 10:32-45; ЛУКА 18:31-34

  • ИСУС ПОВТОРНО ЈА ПРОРЕКОЛ СВОЈАТА СМРТ

  • ГИ СОВЕТУВАЛ АПОСТОЛИТЕ ДА НЕ СЕ ИСТАКНУВААТ

Откако тргнале од јужниот дел на Переја, Исус и учениците ја преминале реката Јордан во близина на Ерихон и продолжиле кон Ерусалим. Со нив патувале и други луѓе кои оделе да го прослават празникот Пасха во 33 год. од н.е.

Исус одел пред своите ученици, решен да стигне навреме за празникот во градот. Меѓутоа, учениците биле исплашени. Претходно, кога Исус поради смртта на Лазар тргнал од Переја кон Јудеја, Тома им рекол на другите ученици: „Да појдеме и ние, да умреме со него!“ (Јован 11:16, 47-53). Не било чудно што учениците чувствувале страв, затоа што во Ерусалим нивниот живот би можел да биде доведен во опасност.

За да ги подготви за она што ќе се случело, Исус ги тргнал настрана апостолите и им рекол: „Одиме во Ерусалим. Синот човечки ќе им биде предаден на главните свештеници и на книжниците, а тие ќе го осудат на смрт и ќе им го предадат на незнабошците за да го исмеваат и да го камшикуваат и да го приковаат на столб, а на третиот ден тој ќе воскресне“ (Матеј 20:18, 19).

Со тоа Исус по третпат им кажал на учениците дека ќе умре и дека ќе биде воскреснат (Матеј 16:21; 17:22, 23). Но, овојпат им кажал и дека ќе биде прикован на столб. Тие го слушале, но не разбирале што сакал да им каже. Причината можеби била тоа што очекувале царството Израел да биде обновено на Земјата, и сакале да добијат слава и чест со Христос во тоа негово царство.

Јаков и Јован

Меѓу оние што патувале била и мајката на апостолите Јаков и Јован — по сѐ изгледа Салома. Нив двајца Исус ги нарекол „синови на громот“, несомнено поради нивниот темпераментен карактер (Марко 3:17; Лука 9:54). Тие веќе некое време посакувале да имаат истакната положба во Царството на Христос, а тоа го знаела и нивната мајка. Затоа таа во нивно име му пристапила на Исус и му се поклонила со намера да го замоли нешто. Исус ја прашал: „Што сакаш?“ Таа му одговорила: „Кажи овие двајца мои синови да седнат до тебе во твоето царство, едниот од твојата десна страна, а другиот од левата“ (Матеј 20:20, 21).

Зад таа молба, всушност, стоеле Јаков и Јован. Бидејќи само што им кажал каков срам и какво понижување го чекале во Ерусалим, Исус им рекол: „Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата што треба да ја пијам јас?“ Тие му рекле: „Можеме“ (Матеј 20:22). Сепак, веројатно не сфатиле на што мислел Исус со тоа што го кажал.

И покрај тоа, Исус продолжил: „Навистина ќе ја пиете мојата чаша, но да седите од мојата десна и лева страна, тоа не можам да ви го дадам јас, туку им припаѓа на оние за кои мојот Татко го приготвил“ (Матеј 20:23).

Кога дознале што побарале Јаков и Јован, другите десет апостоли се налутиле. Можеби токму тие двајца први ги започнале расправиите што претходно се воделе меѓу апостолите околу тоа кој од нив бил најголем (Лука 9:46-48). Како и да било, она што дванаесетте апостоли го побарале од Исус покажало дека не го примениле неговиот совет да се однесуваат како помали. Желбата за истакната положба сѐ уште била во нивните срца.

Исус решил да стави крај на таа расправија која создавала непријателство меѓу апостолите. Затоа ги повикал сите дванаесет и со љубов ги советувал: „Знаете дека оние што се сметаат за владетели, господарат над народите, и големците ги држат под своја власт. А меѓу вас нека не биде така! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга, и кој сака да биде прв меѓу вас, нека им биде роб на сите“ (Марко 10:42-44).

Самиот Исус им дал пример што требало да го следат. За себе тој им рекол: „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи и да го даде својот живот како откупнина за мнозина“ (Матеј 20:28). Околу три години, Исус им служел на другите. На крајот, дури и умрел за целото човештво! Учениците требало да се угледаат на него. Требало да развијат желба да им служат на другите, а не да бараат истакната положба ниту, пак, да очекуваат другите да им служат ним.

  • Како Исус ги подготвил своите ученици за она што требало да се случи?

  • Што побарале Јаков и Јован, и како реагирале на тоа останатите апостоли?

  • Што направил Исус за да им помогне на апостолите да ја искоренат желбата да бидат први?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели