Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
13-19 ЈАНУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 3-5
Најди духовни бисери
it-2-E 192, пас. 5
Ламех
Песната што ја составил Ламех за своите две жени (1Мо 4:23, 24) укажува дека во негово време луѓето биле насилни. Тој рекол: „Чујте го мојот глас, жени Ламехови! Слушнете ја мојата реч: Убив човек, зашто ме рани, младич, зашто ме удри. Ако биде Каин одмазден седумпати, Ламех ќе биде седумдесет и седум пати“. Очигледно, Ламех ги кажал овие зборови за да се одбрани, тврдејќи дека не извршил намерно убиство, како што било случај со Каин. Тој тврдел дека го сторил тоа во самоодбрана бидејќи човекот го удрил и го ранил. Според тоа, оваа песна требало да му послужи како заштита од секој што ќе посакал да му се одмазди за смртта на оној што го нападнал.
27 ЈАНУАРИ — 2 ФЕВРУАРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 9-11
„Целата земја имаше само еден јазик“
it-2-E 202, пас. 3
Јазик
Семоќниот Бог го осуетил нивниот дрзок план така што им го побркал јазикот. Поради тоа не можеле сложно да соработуваат за да ја извршат својата намера и да ја довршат изградбата. Како резултат на ова, се расеале по целата Земјина топка. Со тоа што им го побркал јазикот, Јехова го забавил нивниот иден напредок кој би се движел во погрешен правец — правец што не би бил во склад со неговата волја. Таквата збрка во јазикот привремено ги спречила луѓето да ги здружат своите интелектуални и физички способности за да ги остварат своите амбициозни планови. Исто така, со тоа им било отежнато да црпат од знаењето што го стекнувала секоја јазична група одделно — знаење кое не им било дадено од Бог туку било резултат на човечките истражувања и искуство. (Спореди со Про 7:29; 5Мо 32:5.) Според тоа, иако била една од главните причини што водела до поделби во човечкото општество, збрката во јазиците, всушност, им користела на луѓето затоа што го забавила остварувањето на опасни и штетни цели (1Мо 11:5-9; спореди со Иса 8:9, 10). Ако размислиме за она што се случува во нашево време како последица на насобраното човечко знаење и на неговата злоупотреба, ќе сфатиме што предвидел Бог дека ќе се случело уште одамна доколку не го спречел градењето на Вавел.
it-2-E 472
Народи
Бидејќи различните јазични групи не можеле меѓусебно да се разберат, секоја од нив развила сопствена култура, уметност, обичаи, карактеристики и религија, односно секоја ги правела работите на свој начин (3Мо 18:3). Затоа што биле отуѓени од Бог, разните народи си измислиле свои божества и си направиле свои идоли (5Мо 12:30; 2Ца 17:29, 33).
Најди духовни бисери
it-2-E 503
Нимрод
На почетокот, во царството на Нимрод спаѓале градовите Вавел, Ерех, Акад и Халне. Сите тие биле во земјата Сенар (1Мо 10:10). Според тоа, веројатно изградбата на Вавел и на вавилонската кула започнала под водство на Нимрод. Овој заклучок е во склад со традиционалните еврејски верувања. Во своето дело Еврејски старини, историчарот Јосиф Флавиј напишал: „[Нимрод] постепено почнал да владее како тиранин. Тој сметал дека, само ако ги натера луѓето да станат зависни од него и од неговата моќ, тие ќе престанат да се плашат од Бог. Нимрод се заканувал дека ќе му се одмазди на Бог ако Тој одлучи повторно да ја уништи земјата со потоп. Тој сакал да изгради кула која ќе биде толку висока што ниедна вода нема да може да ја прекрие, и така да му се одмазди на Бог затоа што ги уништил неговите предци. Луѓето спремно го послушале [Нимрод], сметајќи дека послушноста кон Бог е рамна на ропство. Затоа почнале да ја градат кулата... Брзината со која ја граделе ги надминала сите очекувања“ (Jewish Antiquities I 114 115 [iv 2 3]).