ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr21 Ноември стр. 1-6
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, ноември — декември 2021

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, ноември — декември 2021
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2021)
  • Поднаслови
  • 1⁠-7 НОЕМВРИ
  • 8⁠-14 НОЕМВРИ
  • 15⁠-21 НОЕМВРИ
  • 20⁠-26 ДЕКЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2021)
mwbr21 Ноември стр. 1-6

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

1⁠-7 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИСУС НАВИН 18 — 19

„Јехова ја поделил земјата на мудар начин“

it-1-E 359, пас. 1

Граница

Очигледно, врз распределбата на земјата меѓу племињата влијаеле два фактори: резултатите од ждрепката и големината на племето. Ждрепката одредувала каде отприлика секое племе ќе добие свој дел од земјата, на пример, дали покрај морето или во планинскиот регион. Ждрепката ги покажувала одлуките на Јехова со што се спречувало да дојде до љубомора или расправии меѓу племињата (Из 16:33). Исто така, на тој начин Бог ги водел работите за секое племе да го добие она што било во склад со пророштвото кое му било дадено на Јаков и кое е запишано во 1. Мојсеева 49:1⁠-33.

it-1-E 1200, пас. 1

Подрачја во наследство. Јехова му кажал на Мојсеј каде ќе бидат границите на земјата која ќе им ја дал на Израелците како наследство (4Мо 34:1⁠-12; ИсН 1:4). Племето на Гад, племето на Рувим и половина од племето на Манасија го добиле своето подрачје од страна на Мојсеј (4Мо 32:33; ИсН 14:3). Подрачјето што другите племиња го добиле како наследство било одредено со ждрепка под водство на Исус Навин и Елеазар (ИсН 14:1, 2). Во склад со пророштвото на Јаков, кое е запишано во 1. Мојсеева 49:5, 7, Симеон и Леви не добиле посебно подрачје како наследство. Подрачјето на Симеон се состоело од земјиште и градови во склоп на подрачјето на Јуда (ИсН 19:1⁠-9), додека на племето на Леви му припаднале 48 градови низ целото подрачје на Израел. Бидејќи левитите добиле посебна служба во светилиштето, Јехова рекол дека тој ќе биде нивното наследство. Тие добивале десеток како дел, или наследство, за службата што ја извршувале (4Мо 18:20, 21; 35:6, 7). Секое семејство добивало земјиште во склоп на подрачјето на нивното племе. Како што семејствата се зголемувале и синовите добивале наследство, така земјата постепено се делела на сѐ помали делови.

it-1-E 359, пас. 2

Граница

Откако со ждрепката ќе се утврдела географската локација на племето, требало да се одреди колкава ќе биде површината на земјиштето според вториот фактор, големината на племето. Во 4. Мојсеева 33:54 пишува: „Со ждрепка разделете ја земјата во наследство по своите семејства. На побројното семејство зголемете му го наследството, а на помалото намалете му го наследството. Каде кому ќе му се падне ждрепката, тоа нека биде негово“. Иако одлуката што била донесена преку ждрепка важела, сепак можеле да се прават промени во големината на наследството (ИсН 19:9).

Духовни бисери:

it-1⁠-E 359, пас. 5

Граница

Од извештајот за поделбата на земјата западно од реката Јордан дознаваме дека најпрво со ждрепка биле одредени подрачјата што им припаднале на племето на Јуда (ИсН 15:1⁠-63), на племето на Ефрем (ИсН 16:1⁠-10) и на половината племе на Манасија (ИсН 17:1⁠-13). Биле одредени границите на нивните подрачја и кои градови ќе им припаднат. Потоа, по сѐ изгледа, дошло до прекин во поделбата на земјата бидејќи, како што дознаваме од Библијата, израелскиот логор бил преместен од Гилгал во Сило (ИсН 14:6; 18:1). Не знаеме колку долго траел тој период, но по некое време Исус Навин ги прекорил преостанатите седум племиња затоа што одолговлекувале да го заземат преостанатиот дел од земјата (ИсН 18:2, 3). Има различни објаснувања зошто седумте племиња имале ваков неодлучен став. Некои изучувачи сметаат дека овие племиња можеби не чувствувале итна потреба да го заземат преостанатиот дел од подрачјето затоа што при освојувањето на земјата насобрале доволно плен и затоа што Ханаанците не биле реална закана за нивната слобода. Друга причина за ваквиот став можеби било тоа што се плашеле да се соочат со силните непријатели кои живееле на подрачјето кое требало да го заземат (ИсН 13:1⁠-7). Исто така, за разлика од подрачјата што веќе биле разделени, тие не го познавале толку добро овој дел од Ветената земја.

8⁠-14 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИСУС НАВИН 20 — 22

Духовни бисери:

it-1⁠-E 402, пас. 3

Ханаан

Кога Израелците ја освоиле Ветената земја, многу Ханаанци останале живи и не им се покориле. Сепак, може да се каже дека се исполнило она што е запишано во Исус Навин 21:43⁠-45: „Јехова му ја даде на Израел целата земја за која им се заколна на нивните прататковци дека ќе им ја даде... Јехова им даде и мир од сите страни... Не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што му ги даде Јехова на Израеловиот дом. Сѐ се исполни“. Сите околни народи кои им биле непријатели на Израелците биле уплашени и не претставувале реална опасност за нивната безбедност. Бог претходно кажал дека постепено ќе ги истера Ханаанците за да не се намножат дивите животни доколку земјата наеднаш се опустоши (2Мо 23:29, 30; 5Мо 7:22). Иако Ханаанците имале моќна воена опрема, во која спаѓале бојни коли со железни сечила, тоа што Израелците не успеале да освојат одредени подрачја не значело дека Јехова пропуштил да го исполни своето ветување (ИсН 17:16⁠-18; Су 4:13). Наместо тоа, извештаите покажуваат дека Израелците доживеале неколку порази бидејќи му биле неверни на Јехова (4Мо 14:44, 45; ИсН 7:1⁠-12).

15⁠-21 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИСУС НАВИН 23 — 24

„Последните зборови на Исус Навин до народот“

it-1-E 75

Сојуз

Севишниот Бог им дал на Израелците потполно право на Ветената земја, односно Ханаан, бидејќи таа земја им ја ветил на нивните прататковци. Затоа кога влегле, тие, всушност, не биле дојденци и не требало да склучуваат сојузи со паганските народи кои живееле таму, како што им заповедал Јехова (2Мо 23:31⁠-33; 34:11⁠-16). Тие требало да ги држат само Божјите закони и одредби, а не законите и одредбите на народите кои требало да бидат истерани (3Мо 18:3, 4; 20:22⁠-24). Јехова особено ги предупредил да не склучуваат бракови со таквите народи. Доколку го правеле тоа, тие ќе дошле во близок контакт не само со жени паганки туку и со нивните роднини и со нивните пагански верувања и обичаи. Тоа можело да биде замка за нив и да ги наведе да му бидат неверни на Бог (5Мо 7:2⁠-4; 2Мо 34:16; ИсН 23:12, 13).

20⁠-26 ДЕКЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | СУДИИТЕ 10 — 12

Духовни бисери

it-2-E 26

Јефтај

Јефтај — законски син. Иако мајката на Јефтај била блудница, тоа не значи дека тој бил роден од блуд, односно дека бил незаконски син. Неговата мајка била блудница пред да му стане втора жена, односно наложница на Галад, исто како што Раав била блудница, но подоцна се омажила за Салмон (Су 11:1; ИсН 2:1; Мт 1:5). Што покажува дека Јефтај не бил незаконски син? Една работа е тоа што неговите полубраќа, односно синовите од првата жена на Галад, го избркале за да не добие дел од наследството (Су 11:2). Исто така, подоцна Јефтај бил поставен за поглавар од страна на луѓето од Галад (меѓу кои се чини дека највлијателни биле неговите полубраќа) (Су 11:11). Освен тоа, тој му дал жртва на Бог во светиот шатор (Су 11:30, 31). Ниту една од овие работи не би биле возможни за некој што е незаконски син, бидејќи во Законот јасно стоело: „Во Јеховината заедница не смее да биде примен... некој незаконски син. Никој од неговите не смее да биде примен во Јеховината заедница дури ни до десеттото колено“ (5Мо 23:2).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели