Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
2-8 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. САМОИЛОВА 27 — 29
„Воената стратегија на Давид“
it-1-E 41
Во две прилики кога бегал од цар Саул, Давид се засолнил на подрачјето на цар Ахис. Во првата прилика, кога се посомневале дека е непријател, Давид се преправал дека е луд, и Ахис го пуштил бидејќи сметал дека е безопасен лудак (1Са 21:10-15; Пс 34, натпис; Пс 56, натпис). Во втората прилика, Давид дошол заедно со 600 војници и нивните семејства. Затоа Ахис им дозволил да живеат во Сиклаг. Во текот на една година и четири месеци додека биле таму, Ахис мислел дека Давид и неговите луѓе оделе во воен поход на југот од Јуда, а тие, всушност, ги пустошеле Гесурците, Герзејците и Амаличаните (1Са 27:1-12).
16-22 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. САМОИЛОВА 1 — 3
Духовни бисери
it-1-E 369, пас. 2
Брат
Зборот „брат“ може да се однесува на некоја личност која има слични цели и намери со друга личност. На пример, иако Давид и Јонатан немале заеднички родители, Давид го нарекувал Јонатан свој брат затоа што се сакале и имале заеднички интереси (2Са 1:26).
30 МАЈ — 5 ЈУНИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. САМОИЛОВА 7 — 8
Духовни бисери
it-2-E 206, пас. 2
Пророштвото на Валаам. Пред Израелците да влезат во Ветената земја, пророкот Валаам му рекол на моавскиот цар Валак: „Ајде да ти објавам што ќе му направи овој народ на твојот народ на крајот од деновите... Ѕвезда ќе излезе од Јаков, жезол ќе се подигне од Израел. Тој ќе му ги разбие слепоочниците на Моав, и черепот на сите воинствени синови“ (4Мо 24:14-17). Во првото исполнување на ова пророштво, „ѕвездата“ била цар Давид кој ги покорил Моавците (2Са 8:2). Според тоа, очигледно е дека „крајот на деновите“ во првото исполнување на ова пророштво започнале кога Давид станал цар. Бидејќи Давид бил претслика за Исус, месијанскиот Цар, пророштвото на Валаам се однесува и на времето кога Исус ќе ги порази своите непријатели (Иса 9:7; Пс 2:8, 9).
6-12 ЈУНИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. САМОИЛОВА 9 — 10
Духовни бисери
it-1-E 266
Брада
Многу древни народи од Истокот, вклучувајќи ги и Израелците, сметале дека брадата му дава достоинство на еден маж. Божјиот закон им забранувал на Израелците да ја стрижат „косата на слепоочниците“, односно косата помеѓу очите и ушите, како и краевите на брадата (3Мо 19:27; 21:5). Без сомнение, тоа било така бидејќи кај некои пагански народи тоа било религиозен обичај.
20-26 ЈУНИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. САМОИЛОВА 13 — 14
„Себичноста на Амном водела до страшни последици“
it-1-E 32
Авесалом
Убиството на Амнон. Сестрата на Авесалом, Тамара, била многу убава. Затоа Амнон, постариот полубрат на Авесалом, се вљубил во неа. Амнон се преправил дека е болен и порачал да ја испратат Тамара во неговата одаја за да му зготви нешто, а потоа ја силувал. Неговата љубов кон Тамара се претворила во омраза и ја избркал на улица. Таа ја раскинала својата долга ригеста кошула што ја носеле царските ќерки кои биле девици, и си ја посипала главата со пепел. Кога Тамара го сретнала Авесалом, тој веднаш сфатил што се случило и ја прашал дали била со Амнон, што покажува дека знаел за чувствата што неговиот полубрат ги имал кон неа. Сепак, Авесалом ѝ рекол на Тамара да не покренува никакво обвинение, и ја прибрал кај себе дома (2Са 13:1-20).
it-1-E 33, пас. 1
Авесалом
Поминале две години. Дошло време да се стрижат овците и тоа било прилика за веселба. По тој повод Авесалом организирал веселба во Ваал-Хасор, кој се наоѓал на 22 километри североисточно од Ерусалим. Авесалом ги поканил царските синови и самиот Давид. Кога Давид ја одбил поканата, Авесалом го наговорил да го испрати Амнон, неговиот првороден, наместо него (Из 10:18). За време на веселбата, кога срцето на Амнон се развеселило од виното, Авесалом им наредил на своите слуги да го погубат. Другите синови се вратиле во Ерусалим, а Авесалом избегал во Гесур, источно од Галилејското море, кај својот дедо од Сирија (2Са 13:23-38). На овој начин, „мечот“ што го прорекол Натан влегол во куќата на Давид и останал таму до крајот на неговиот живот (2Са 12:10).
27 ЈУНИ — 3 ЈУЛИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. САМОИЛОВА 15 — 17
„Гордоста го навела Авесалом на бунтовност“
it-1-E 1083-1084
Хеврон
По неколку години, Авесалом, синот на Давид се вратил во Хеврон каде што неуспешно се обидел да го преземе престолот на својот татко (2Са 15:7-10). Авесалом одлучил да почне со освојувањето на престолот токму од Хеврон најверојатно поради неговата историска важност како некогашен главен град на Јуда. Освен тоа, Хеврон бил роден град на Авесалом.