Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2022 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
10-16 ЈУЛИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕЗРА 7 — 8
„Езра му носел слава на Јехова со своите постапки“
si-E 75, пас. 5
Библиска книга број 13 — 1. Летописи
5 Езра бил најсоодветната личност за да го состави овој веродостоен и точен историски извештај. „Езра го подготви своето срце да го истражува Јеховиниот закон, да постапува според него и да поучува во Израел за уредбите и за правдата“ (Езра 7:10). Јехова му помагал со својот свет дух. Персискиот владетел сфатил дека мудроста што ја има Езра доаѓа од Бог и му дал големи овластувања во покраината Јуда (Езра 7:12-26). Бидејќи добил овластувања и од Бог и од царот, Езра можел да го напише овој извештај на темел на најдобрите документи кои тогаш биле достапни.
21-27 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | НЕЕМИЈА 10 — 11
„Тие направиле жртви за Јехова“
w86-E 15/2 26
Победа на вистинската религија
Оние што одлучиле да го остават своето наследство и да се преселат во Ерусалим требало да бидат спремни да сносат дополнителни трошоци и да претрпат одредена штета. Освен тоа, оние што живееле во тој град можеби биле изложени на различни опасности. Поради сето ова, другите многу ги ценеле оние што доброволно направиле такви жртви и, без сомнение, го молеле Јехова да ги благослови.
28 АВГУСТ — 3 СЕПТЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | НЕЕМИЈА 12 — 13
„Покажи дека си му верен на Јехова со изборот на пријатели“
it-1-E 95, пас. 5
Амонци
Откако Товиј бил исфрлен од храмскиот двор, бил прочитан и применет Божјиот закон, запишан во 5. Мојсеева 23:3-6, со кој се забранувало Амонците и Моавците да бидат примени во израелската заедница (Не 13:1-3). Оваа забрана, која била воведена околу 1.000 години претходно поради тоа што Амонците и Моавците не сакале да им помогнат на Израелците кои се приближувале кон Ветената земја, воглавно се смета дека се однесувала на тоа дека тие не можеле да станат полноправни членови на израелскиот народ и да ги добијат сите права и привилегии кои би им следувале со таквата припадност. Тоа не мора да значи дека некои поединци од Амонците и Моавците не можеле да имаат близок контакт со Израелците или да живеат меѓу нив, и така да извлечат корист од благословите кои Бог му ги давал на својот народ. Ова јасно се гледа од тоа што Амонецот Селек бил еден од храбрите јунаци во војската на Давид, како и од извештајот во врска со Моавката Рут (Рут 1:4, 16-18).