ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 57
  • Што ако направиш сериозен грев?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако направиш сериозен грев?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Како старешините им покажуваат љубов и милост на оние што направиле грев
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Како е организирано христијанското собрание?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како можат старешините да им помогнат на оние што се отстранети од собранието
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Секогаш прифаќај го укорот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 57
Лекција 57. Во една сала за состаноци, еден млад брат им признава на двајца старешини дека направил сериозен грев.

ЛЕКЦИЈА 57

Што ако направиш сериозен грев?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Без сомнение, ти многу го сакаш Јехова и даваш сѐ од себе за да не направиш нешто со што ќе го повредиш. Сепак, одвреме-навреме ќе правиш грешки. Но, сите грешки не се подеднакво сериозни (1. Коринќаните 6:9, 10). Ако направиш тежок грев, не заборавај дека Јехова сѐ уште те сака и дека е спремен да ти прости и да ти помогне.

1. Што мора да правиме за Јехова да ни прости?

На оние што го сакаат Јехова им паѓа многу тешко кога ќе сфатат дека направиле сериозен грев. Но, тие можат да најдат утеха во зборовите што Јехова им ги кажал на своите слуги: „Ако бидат вашите гревови како црвено платно, ќе станат бели како снег“ (Исаија 1:18). Ако искрено се каеме, Јехова потполно ќе ни прости. Што значи да се каеме? Тоа значи да ни биде многу жал за она што сме го сториле, да бидеме решени повеќе да не го правиме тој грев и сесрдно да го молиме Јехова да ни прости. Потоа треба да вложиме голем труд за да го промениме погрешното размислување или лошите навики кои воделе до тој грев и да се трудиме да живееме во склад со Јеховините морални мерила. (Прочитај Исаија 55:6, 7.)

2. Како Јехова ни помага преку старешините?

Ако направиме тежок грев, Јехова нѐ поттикнува да ги повикаме „старешините од собранието“. (Прочитај Јаков 5:14, 15.) Старешините го сакаат Јехова, а ги сакаат и неговите овчички. Благодарение на поуките што ги добиваат од Јехова, тие можат да ни помогнат да си го обновиме пријателството со него (Галатите 6:1).

Како ќе ни помогнат старешините ако направиме сериозен грев? Двајца или тројца старешини ќе се состанат со нас и со помош на Библијата ќе ни помогнат да сфатиме зошто она што сме го направиле е погрешно. Исто така, ќе ни дадат практични совети и предлози за да не ја повториме истата грешка. За да го заштитат собранието од лошо влијание, старешините ќе го отстранат од собранието секој што направил сериозен грев и не се кае.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе видиме нешто повеќе за тоа како Јехова може да ни помогне ако направиме сериозен грев и како да покажеме благодарност за неговата помош.

3. Треба да го признаеме гревот за духовно да оздравиме

Кога ќе направиме некој грев, го повредуваме Јехова. Затоа, треба нему да му го признаеме гревот. Прочитај Псалм 32:1-5, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто е за наше добро да му ги признаеме гревовите на Јехова наместо да се обидуваме да ги скриеме?

Освен што ќе му го признаеме гревот на Јехова, многу ќе ни олесни и кога ќе побараме помош од старешините. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: „Кого Јехова го сака, него и го укорува“ (3:01)

  • Како старешините му помогнале на Кенон да се врати кај Јехова?

Треба да зборуваме искрено и отворено со старешините бидејќи тие сакаат да ни помогнат. Прочитај Јаков 5:16, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто на старешините ќе им биде полесно да ни помогнат ако сме искрени со нив?

Слики: 1. Скршен од болка, еден брат си го покрива лицето со рацете. 2. Братот му се моли на Јехова. 3. Братот зборува со еден старешина по телефон. 4. Братот се сретнува со тројца старешини. 5. Братот е радосен бидејќи има чиста совест.

Признај го гревот, зборувај искрено со старешините и прифати ја помошта што Јехова со љубов ти ја дава

4. Јехова покажува милост кон оние што направиле грев

Ако некој направил сериозен грев и не сака да живее според Јеховините мерила, ќе биде отстранет од собранието и нема да се дружиме со него. Прочитај 1. Коринќаните 5:6, 11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Библијата вели дека „малку квасец го потквасува целото тесто“. Според тоа, како би можело да влијае врз целото собрание ако се дружиме со некој што згрешил и не се кае?

Имајќи ја на ум Јеховината милост кон несовршените грешници, старешините преземаат иницијатива за да им помогнат на оние кои биле отстранети од собранието. Многумина се вратиле во собранието бидејќи таквата мерка, иако била болна, им помогнала да сфатат колку е сериозно она што го направиле (Псалм 141:5).

Како начинот на кој Јехова постапува со грешниците покажува дека тој е разумен, милостив и полн со љубов?

5. Јехова ни простува кога се каеме

Исус раскажал една споредба од која може да видиме како се чувствува Јехова кога некој ќе се покае. Прочитај Лука 15:1-7, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што учиш од оваа споредба за Јехова?

Прочитај Езекиел 33:11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • По што се гледа дека некој вистински се кае?

Еден пастир нежно преврзува повредена овца.

Јехова е како пастир кој се грижи за секоја своја овчичка

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Ако им кажам на старешините што направив, се плашам дека ќе ме отстранат од собранието“.

  • Што би му рекол на некој кој размислува вака?

ШТО НАУЧИ:

Јехова ќе ни прости и тежок грев ако искрено се каеме и сме решени никогаш повеќе да не го повториме.

Како би одговорил?

  • Зошто е за наше добро да му ги признаеме гревовите на Јехова?

  • Што треба да правиме за Јехова да ни прости?

  • Ако направиме сериозен грев, зошто треба да побараме помош од старешините?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Види како еден човек почувствувал колку се вистинити зборовите од Исаија 1:18.

Никогаш не се сомневај во Јеховината милост (5:02)

Како старешините се трудат да им помогнат на оние што направиле сериозен грев?

„Како старешините им покажуваат љубов и милост на оние што направиле грев“ (Стражарска кула од август 2024)

Дознај нешто повеќе во врска со тоа што значи некој да биде исклучен од собранието.

„Како можат старешините да им помогнат на оние што се отстранети од собранието“ (Стражарска кула од август 2024)

Во животната приказна со наслов „Требаше да му се вратам на Јехова“ прочитај како еден човек кој се оддалечил од вистината повторно станал близок со Јехова.

„Библијата менува животи“ (Стражарска кула од 1 април 2012)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели