Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2023 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
25 СЕПТЕМВРИ — 1 ОКТОМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЕСТИРА 9 — 10
„Тој не го користел авторитетот на себичен начин“
it-2-E 716, пас. 5
Пурим
Цел. Иако според некои изучувачи, празникот Пурим кој го слават Евреите денес повеќе нема толку религиозен карактер и понекогаш е придружен со недолично однесување, тоа не било случај во времето кога бил воспоставен и некој период потоа. И Мардохеј и Естира биле слуги на вистинскиот Бог, Јехова, и овој празник бил воспоставен во негова чест. Избавувањето на Евреите во тоа време може да му се припише на Јехова Бог бидејќи проблемот се појавил поради тоа што Мардохеј не сакал да отстапи од својата верност кон Бог. Аман веројатно бил Амаличанец. Тој народ бил проколнат од Јехова и осуден на уништување. Мардохеј ја почитувал Божјата одредба и одбил да му се поклони на Аман (Ес 3:2, 5; 2Мо 17:14-16). Исто така, зборовите на Мардохеј до Естира (Ес 4:14) покажуваат дека тој се надевал дека избавување за Евреите ќе дојде од некој многу помоќен, а и тоа што Естира постела пред да влезе кај царот со својата првобитна молба, тој да дојде на гозба, покажува дека барала помош од Бог (Ес 4:16).