Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2023 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
6-12 НОЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 13 — 14
Духовни бисери
it-1-E 191
Пепел
Пепелта исто така се користела за да се укаже дека нешто е безвредно или безначајно. На пример, Авраам понизно признал пред Јехова: „[Јас] сум прав и пепел“ (1Мо 18:27; види и Иса 44:20; Јов 30:19). А и Јов ги споредил зборовите на неговите лажни тешители со „изреки од пепел“ (Јов 13:12).
20-26 НОЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 18 — 19
„Никогаш не ги напуштај соверниците“
w90-E 1/9 22, пас. 20
Дали се трудиш да ги исполниш условите за да добиеш поголеми одговорности?
20 Старешинството треба да биде свесно дека, доколку некој брат повеќе не служи како старешина или слуга-помошник, тоа може да му причинува стрес, дури и ако тој самиот се откажал од одговорностите. Ако братот не е исклучен, но старешините гледаат дека е потиштен, тие треба со љубов да му пружат духовна помош (1. Солуњаните 5:14). Треба да му помогнат да сфати дека тој е потребен во собранието. Дури и ако било потребно да се даде совет, можеби нема да помине долго време пред едно понизно и благодарно лице повторно да добие додатни одговорности во собранието.
18-24 ДЕКЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 28 — 29
„Дали си стекнал добро име како Јов?“
it-1-E 655, пас. 10
Облека
И многу други работи симболично се споредени со облека. Униформата или посебната облека што некој ја носи покажува дека тој припаѓа на одредена организација или дека поддржува некое движење. На сличен начин, кога во Библијата се користи во симболична смисла, облеката укажува на она што го идентификува едно лице. Со други зборови, таа се однесува на ставот што го има лицето и на она што го прави како резултат на тој став, како што е случај и во споредбата на Исус за свадбената облека (Мт 22:11, 12).