Вовед во дел 8
Јехова му дал голема мудрост на Соломон, а му укажал и чест да го изгради храмот. Но, овој цар постепено се оддалечил од Јехова. Ако си родител, објасни му на твоето дете како некои што им служеле на лажни богови му влијаеле негативно на Соломон и го навеле да го напушти Бог. Царството се поделило на два дела, и лошите цареви го навеле народот да го отфрли Јехова и да им служи на лажни богови. Во овој период, многу верни пророци на Јехова биле прогонувани и убиени. Под влијание на царицата Језавела, северното царство потонало во уште поголемо идолопоклонство. Тоа било многу тешко време во Израел. Но, дури и тогаш имало многу луѓе кои му останале верни на Јехова. Некои од нив биле царот Јосафат и пророкот Илија.