ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Царство кое ќе владее засекогаш
    Поуки од Библијата
    • Цар Навуходоносор сонува голем кип кој го срушил еден камен

      ПОГЛАВЈЕ 60

      Царство кое ќе владее засекогаш

      Една вечер, цар Навуходоносор сонил чуден сон. Толку се вознемирил што не можел да заспие. Ги повикал сите свои магионичари и им рекол: „Објаснете ми го тоа што го сонував“. Тие го прашале: „А што сонуваше, царе?“ Царот им одговорил: „Не, вие кажете ми што сонував! Инаку ќе ве убијам!“ Магионичарите повторно рекле: „Кажи ни го сонот, и ќе ти го објасниме“. Царот им вратил: „Вие сакате да ме измамите. Веднаш кажете ми што сонував!“ На тоа магионичарите рекле: „Нема човек на Земјата што може да ти го открие тоа, царе. Тоа што го бараш е невозможно“.

      Навуходоносор многу се налутил и наредил да бидат убиени сите магионичари и мудри луѓе во земјата. Меѓу мудрите луѓе биле и Даниел, Седрах, Мисах и Авденаго. Кога дознал за наредбата, Даниел побарал од царот да му даде малку време. Потоа, тој и неговите другари му се молеле на Јехова и барале помош од него. Што направил Јехова?

      Додека Даниел спиел, Јехова му покажал што сонувал Навуходоносор и му го открил значењето на тој сон. Уште следниот ден, Даниел отишол кај слугата на царот и му рекол: „Не ги убивајте мудрите луѓе. Јас можам да го објаснам сонот на царот“. Така, слугата го однел Даниел пред Навуходоносор и Даниел му рекол: „Бог ти откри што ќе се случи во иднина. Еве го твојот сон: Најпрво виде еден огромен кип. Главата му беше од злато, градите и рацете од сребро, стомакот и бутовите од бакар, нозете од железо, а стапалата од железо помешано со глина. Потоа, од една планина се отцепи камен кој удри во стапалата на кипот. Тогаш целиот кип се сруши и стана прав кој го однесе ветрот. А каменот се претвори во голема планина, која се прошири по целата Земја“.

      Потоа Даниел рекол: „Еве што значи сонот: Главата од злато е твоето царство. Сребрениот дел е царството што ќе почне да владее по тебе. Потоа, со целиот свет ќе завладее едно царство кое е претставено со бакар. Следното царство ќе биде силно како железо. На крајот, царството што ќе владее ќе биде поделено — некои негови делови ќе бидат силни како железо, а други слаби како глина. Каменот кој се претвори во планина е Божјето Царство. Тоа ќе ги уништи сите други царства и ќе владее засекогаш“.

      Кога го чул тоа, царот му се поклонил на Даниел и му рекол: „Твојот Бог ти откри што значи мојот сон. Нема друг Бог како него“. По ова, царот не го убил Даниел. Напротив, го поставил за главен надгледник над сите мудри луѓе и за владетел во Вавилон. Дали забележа како Јехова одговорил на молитвата на Даниел?

      „Ги собраа на местото кое на хебрејски се вика Ар-Магедон“ (Откровение 16:16)

      Прашања: Зошто Даниел можел да го објасни значењето на сонот? Што значел сонот?

      Даниел 2:1-49

  • Тројцата Евреи не се поклониле
    Поуки од Библијата
    • Седрах, Мисах и Авденаго не се поклониле пред златниот кип

      ПОГЛАВЈЕ 61

      Тројцата Евреи не се поклониле

      Некое време откако имал необичен сон, цар Навуходоносор направил голем кип од злато. Кипот го поставил во рамницата Дура, и потоа ги повикал сите луѓе од царството што биле на висока положба да дојдат таму. Меѓу нив биле и Седрах, Мисах и Авденаго. Царот наредил: „Штом ќе ја чуете музиката од трубите, харфите и гајдите, веднаш поклонете се пред кипот! Ако некој не се поклони, ќе биде фрлен во печка со оган“. Дали тројцата Евреи се поклониле пред кипот, или му останале верни на Јехова?

      По наредба на царот, музиката почнала. Сите се поклониле, само Седрах, Мисах и Авденаго не го направиле тоа. Некои ги виделе, и веднаш отишле кај царот и му рекле: „Оние тројца Евреи не се поклонија пред кипот“. Навуходоносор наредил да му ги доведат, а потоа им рекол: „Ќе ви дадам втора шанса. Ако и овојпат не се поклоните пред кипот, ќе ве фрлам во печката. Нема бог што може да ве спаси“. Тие му рекле: „Не ни треба втора шанса, царе. Нашиот Бог може да нѐ спаси. Ама дури и да не нѐ спаси, пак нема да се поклониме“.

      Навуходоносор многу се налутил. Тој им рекол на своите слуги: „Разгорете го огнот во печката седум пати повеќе од обично!“ Потоа им заповедал на војниците: „Врзете ги овие луѓе и фрлете ги внатре!“ Печката била толку жешка што војниците умреле во истиот момент кога ги фрлиле тројцата Евреи во огнот. Кога Навуходоносор погледнал внатре, видел дека во печката се движат четворица луѓе, а не тројца. Многу се уплашил и им рекол на своите службеници: „Нели фрливме тројца луѓе во огнот? Внатре има четворица, а едниот од нив ми личи на ангел!“

      Навуходоносор се приближил до печката и извикал: „Слуги на Севишниот Бог, излезете надвор!“ Сите биле восхитени кога виделе како Седрах, Мисах и Авденаго излегуваат од печката живи и здрави. Не им биле изгорени ниту кожата, ниту косата, ниту облеката, и воопшто не мирисале на чад.

      Навуходоносор рекол: „Богот на Седрах, Мисах и Авденаго заслужува голема слава. Тој испрати ангел и ги спаси. Нема таков бог како нивниот“.

      Исто како тројцата Евреи, дали и ти си решен да му бидеш верен на Јехова сеедно што ќе се случи?

      Цар Навуходоносор е вчудовиден кога Седрах, Мисах и Авденаго излегуваат живи и здрави од печката

      „Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му“ (Матеј 4:10)

      Прашања: Што не сакале да направат Седрах, Мисах и Авденаго? Како Јехова ги спасил?

      Даниел 3:1-30

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели