ПЕСНА 106
Да развиваме љубов!
Печатено издание
1. Особини како Божјите
се трудиме да развиваме,
а од нив сите најважната
ќе биде секогаш љубовта.
Талентот, мудроста, храброста
без неа воопшто не вредат.
Па, љубов чиста и искрена
од сите нас нека извира.
2. А љубовта е несебична,
кон сите добра, дарежлива,
и злите мисли ги отфрла,
од срце секому простува.
Со љубов сѐ ќе издржиме,
и лошото ќе го трпиме,
бидејќи љубовта искрена
е силна и не престанува.
(Види и Јован 21:17; 1. Кор. 13:13; Гал. 6:2.)