ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 91
  • Што ако не се вклопувам во ниедно друштво?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако не се вклопувам во ниедно друштво?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто луѓето се трудат да се вклопат во некое друштво?
  • Што треба да знаеш
  • Како да се вклопам?
    Разбудете се! 2011
  • Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?
    Разбудете се! 2009
  • Треба ли да си го проширам кругот на пријатели?
    Младите прашуваат
  • Зошто родителите не ме оставаат да се забавувам?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 91
Едно момче седи само бидејќи не може да се вклопи во ниту едно друштво

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако не се вклопувам во ниедно друштво?

„Или ќе се вклопиш во некое друштво или нема да имаш ни пријатели ни живот ни иднина. Ќе останеш сам и заборавен од сите“ (Карл).

Дали оваа изјава ти звучи како преувеличување? Можеби. Сепак, некои луѓе би направиле сѐ за да не го доживеат она што го опишал Карл. Дали и ти би постапил така? Оваа статија ќе ти помогне да најдеш подобар начин на кој можеш да си стекнеш пријатели.

  • Зошто луѓето се трудат да се вклопат во некое друштво?

  • Што треба да знаеш

  • Што велат некои млади

Зошто луѓето се трудат да се вклопат во некое друштво?

  • Не сакаат да бидат отфрлени. „На социјалните мрежи видов слики од една група млади што ги познавам како се забавуваат без мене. Почнав да се прашувам што не е во ред со мене, и постојано ме мачеше мислата дека не сум доволно добра за нив“ (Натали).

    РАЗМИСЛИ: Дали некогаш си се чувствувал отфрлен од некое друштво? Дали си сменил нешто кај себеси за да те прифатат?

  • Не сакаат да бидат различни од другите. „Родителите не ми даваат да имам мобилен телефон. Кога другите деца ќе ми го побараат бројот и ќе им кажам дека немам мобилен, тие ми велат: ’Немаш телефон? Па колку години имаш ти?‘ Кога ќе им кажам дека имам 13, тие ме сожалуваат“ (Марија).

    РАЗМИСЛИ: Поради кои правила што ти ги поставуваат родителите се чувствуваш поинаков од другите? Како се справуваш со тие правила?

  • Не сакаат да бидат малтретирани. „Децата на училиште не ги сакаат оние што постапуваат поинаку, зборуваат поинаку, па дури и се од поинаква религија. Ако не се вклопиш во нивно друштво, тогаш си им омилена мета“ (Оливија).

    РАЗМИСЛИ: Дали некогаш си бил малтретиран затоа што не си се вклопувал во некое друштво? Како си се справил со таа ситуација?

  • Не сакаат да ги изгубат пријателите. „Се обидував да се приспособам на секое друштво во кое бев. Го копирав начинот на кој зборуваа другите. Се смеев на работи што не ми беа смешни. Кога децата ќе исмеваа некого, и јас им се придружував иако добро знаев дека тоа не е убаво“ (Рејчел).

    РАЗМИСЛИ: Колку ти е важно да те сакаат оние со кои се дружиш? Дали некогаш си го сменил начинот на кој зборуваш и постапуваш само за да се вклопиш во нивното друштво?

Што треба да знаеш

  • Ако ги копираш другите, тоа може да има спротивен ефект. Зошто? Бидејќи, ако се преправаш, луѓето лесно ќе можат да те прочитаат. Брајан, кој има 20 години, се сеќава: „Кога на училиште се правев дека сум нешто што не сум, работите беа уште полоши. Сфатив дека е најдобро да бидеш она што си, бидејќи другите обично можат да видат дали глумиш“.

    ПОДОБАР ПРИСТАП: Размисли што ти е најважно. Библијата вели: „Да можете да процените што е најважно“ (Филипјаните 1:10). Затоа прашај се: „Што е поважно — да се вклопам во друштво кое има поинакви вредности од моите или да бидам она што сум?“

    „Бесмислено е да се обидуваш да бидеш како другите. Тоа нема да ги натера луѓето повеќе да те сакаат и нема да станеш подобра личност“ (Џејмс).

  • Ако се обидуваш да се вклопиш по секоја цена, тогаш нема да имаш свое јас. Така би можел да станеш некој што сака да им угоди на сите и кој игра како што другите му свират. Џереми, кој има 22 години, вели: „Правев сѐ за да се вклопам во одредено друштво, дури и по цена на мојот углед. Дозволив другите да ме контролираат — станав нивна марионета“.

    ПОДОБАР ПРИСТАП: Треба да знаеш кои се твоите вредности и да живееш според нив, наместо да бидеш како камелеон кој ги менува боите во зависност од околината. Со добра причина Библијата вели: „Не поведувај се по мнозинството“ (2. Мојсеева 23:2).

    „Се трудев да го засакам сето она што тие го сакаа — музиката, видеоигрите, облеката, сериите, начинот на шминкање... сакав да станам нивна копија. Мислам дека сфатија дека глумам. Тоа им беше јасно на сите, па и мене. На крај се чувствував празно и осамено, и повеќе не знаев која сум. Веќе немав свое јас. Сфатив дека не можеш да се вклопиш во секое друштво и дека нема сите да те сакаат. Тоа не значи дека треба да престанеш да градиш пријателства. Само треба да бидеш стрплив и да си дадеш време да се запознаеш себеси“ (Мелинда).

  • Ако се обидуваш да се вклопиш по секоја цена, тоа може да влијае врз твоето однесување. Крис, кој има 25 години, сфатил дека ова било случај со еден негов роднина. Крис вели: „За да се вклопи во друштвото, тој почна да прави работи што претходно не ги правеше — на пример, почна да се дрогира. Стана зависник од дрога, и тоа речиси му го уништи животот“.

    ПОДОБАР ПРИСТАП: Држи се понастрана од луѓе кои со своите зборови и постапки покажуваат дека немаат добри вредности. Библијата вели: „Кој оди со мудрите, ќе стане мудар, а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“ (Изреки 13:20).

    „Понекогаш е добро да вложиш труд за да се вклопиш во некое друштво, но не по секоја цена. Никогаш не треба да го правиш она што знаеш дека не е исправно. Добри пријатели ќе ти бидат оние што ќе те прифатат онаков каков што си“ (Мелани).

    Предлог: Кога се трудиш да стекнеш нови пријатели, немој да се концентрираш само на оние што имаат исти интереси како тебе. Избери си пријатели кои имаат исти духовни и морални вредности како тебе.

    Една девојка носи облека која не ѝ стои добро

    Секоја облека нема да ти стои добро. Слично на тоа, некои луѓе нема да ти помогнат да станеш подобра личност

Што велат некои млади

Ема

„Ако не се вклопуваш во некое друштво, можеби ќе биде добро да застанеш и да размислиш зошто. Дали не те прифаќаат затоа што не живеат според истите мерила како тебе? Ако е тоа причината, можеш да бидеш среќен што не се вклопуваш со нив“ (Ема).

Ник

„Наместо да се преокупираш со мислата дали ќе се вклопиш во некое друштво, подобро е времето и силата да ги користиш за да развиеш особини кои ќе те направат подобра личност. Ако добро се однесуваш со другите, луѓето што навистина сакаш да ти бидат пријатели ќе бидат привлечени кон тебе“ (Ноа).

Даниела

„За да се вклопам во некое друштво, се трудам да дознаам што сакаат другите и како гледаат на работите. Не се менувам поради нив, ниту очекувам тие да размислуваат како мене. Тоа ми помогна да си стекнам пријатели кои се на различна возраст“ (Доминик).

Што ако не се вклопувам во ниедно друштво?

Размисли што ти е најважно.

Што е поважно — да се вклопиш во друштво кое нема добри вредности или да бидеш она што си?

Гради ја својата личност и немој да се срамиш од тоа што си.

Немој да бидеш како камелеон кој ги менува боите во зависност од околината.

Држи се понастрана од луѓе кои со своите зборови и постапки покажуваат дека немаат добри вредности.

Не е секогаш погрешно да се трудиш да се вклопиш во некое друштво, но не по секоја цена. Никогаш не треба да го правиш она што знаеш дека не е исправно.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели