Како да уживате во среќен семеен живот
„ГИ ЧИТАМ списанијата Стражарска кула и Разбудете се! веќе 40 години“, пишува Грасиела од Аргентина (Јужна Америка). „Денес, после толку многу години, навистина можам да речам дека тие одговараа на моите потреби. Ми помагаа во детството, во моите тинејџерски години, во додворувањето и во бракот, како и во подигањето на моите шест деца.
Овие списанија ни помагаат на мојот сопруг и мене во воспитувањето на нашите четири деца кои сѐ уште живеат со нас. Добро ги користам списанијата за да разговарам со децата и со наставниците што им предаваат на училиште. Читав директно од Разбудете се! кога разговарав со лекарите во врска со здравствени проблеми. Благодарение на серијата статии од насловната страница „Помош за децата со проблеми во учењето“ (српско издание од 22 февруари 1997), сфативме дека една од нашите ќерки има проблем со учењето“.
Публикациите на Watch Tower Society можат да им помогнат на семејствата да се справат со многуте проблеми со кои се соочуваат и да уживаат во среќен заеднички живот. На пример, книгата од 192 страници Тајната на семејната среќа може да им користи на сопрузите, сопругите, родителите, децата, бабите и дедовците — да, на секој член од семејството. Некои од нејзините поучни поглавја се следниве: „Воспитувај го своето дете уште од најраното детство“, „Помогни му на твојот тинејџер да напредува“, „Заштити го своето семејство од погубни влијанија“ и „Ти можеш да ги надминеш проблемите кои му наштетуваат на семејството“.
За да добиете личен примерок, Ве молиме пополнете го и испратете го по пошта придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание. Ќе добиете конкретни предлози кои можат да Ви помогнат да ги решите проблемите и кои можат да ви помогнат да уживате во Вашиот семеен живот, како што наумил Творецот.
□ Испратете ми примерок од книгата Тајната на семејната среќа.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.
[Слика на страница 32]
Грасиела и нејзиното семејство