„Реалистичен и практичен прирачник“
МИНАТОТО лето, весникот Arkansas Democrat Gazette разгледа неколку книги издадени од Watch Tower Bible and Tract Society. Во врска со една од нив, во него беше наведено: „Младите прашуваат е реалистичен и практичен прирачник за семејствата, без оглед на нивната религиозна припадност . . .
Оваа книга им дава на своите читатели многу здрави совети во врска со моралот и емоциите. На пример, авторите сфаќаат дека сите млади луѓе посакуваат да се ослободат од ограничувањата што им ги поставуваат родителите, но на младите им го дава следниов совет:
‚Дали сакаш повеќе слобода и одговорност? Тогаш, самиот докажи дека си одговорен. Сериозно преземи какви и да било задачи што ќе ти ги доделат родителите‘.
Малку родители нема да покажат ценење за едно дело кое доследно ја проповеда доктрината за лична одговорност и постојано ги опоменува младите луѓе да имаат почит кон себеси и кон другите. Иако книгата секогаш дава библиска поткрепа за советите што се наоѓаат во неа, во голема мерка тие се засноваат на здравиот разум . . . Особено е впечатлив делот во кој се дискутира за самопочитта, бидејќи многу млади луѓе биле наведени да мислат дека неограничената восхитеност од себеси е нешто добро“.
Откако цитираше од книгата, статијата продолжи: „Овие љубезни потсетници дека надуеноста е еден вид гордост и дека понизноста е камен-темелник на христијанскиот живот, се потенцијални противотрови за некои бесмислици од популарната психологија што им ги наметнуваат на младите луѓе добронамерните пријатели и советници“.
Ако сакате да извлечете корист од информациите што се наоѓаат во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, можете да добиете личен примерок ако го пополните и испратите по пошта придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.