Еден младич во потрага по спознание
Еден 16-годишен средношколец од Република Чешка го напишал следново писмо до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Прага за да го изрази своето ценење.
„Случајно наидов на Вашето списание Разбудете се! Не знам колку време влијае врз овој голем свет, но мислам дека мора да е општо прифатено во јавноста. Уште на прв поглед изненадува обемот на информации и факти кои се вклучени во статиите. Вистинските приказни и советите што ги содржи Разбудете се! им ги отвораат очите на оние кои не ги познаваат секојдневните проблеми и ризици.
Восхитен сум од ова списание не само заради тоа што е толку поучно туку и заради тоа што гледа од птичја перспектива на луѓето и расите . . . Со ова писмо би сакал да Ви кажам колку е важно да вложувате напори да пишувате за нас. Ви благодарам од името на сите читатели кои, исто како мене, ѝ се восхитуваат на Вашата работа. Ве молам, испраќајте ми ги и натамошните изданија на списанието Разбудете се! . . Ве молам, испратете ми ја и брошурата Која е смислата на животот? Како може да се пронајде?“
Уверени сме дека и Вие ќе извлечете голема корист ако ја прочитате убавата брошура од 32 страници, Која е смислата на животот? Како може да се пронајде? Оваа публикација покажува дека нашиот Творец има една величествена намера која наскоро ќе ја оствари. Можете да нарачате примерок ако го пополните и испратите по пошта придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Која е смислата на животот?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.