Човечката нехуманост — дали некогаш ќе има крај?
Еден примерок од изданието на Разбудете се! од 8 јуни 2000 во кое се обработува тешкиот проблем на ропството кое, за жал, сѐ уште постои во некои делови од светот, ѝ бил даден на италијанската министерка за општествена солидарност, Ливија Турко. Во едно писмо до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Италија, таа признава:
„Современите облици на ропство, од кои се погодени особено жените и децата, претставуваат голема неволја во која милиони човечки суштества сѐ уште страдаат во нехумани услови“. Таа заклучува: „Секој глас што ќе се јави од огорченост кон оваа неприфатлива реалност претставува незаменлив придонес, а кога ќе дојде до толку широка публика како што се читателите на [Разбудете се!], тогаш е уште поделотворен“.
Благодарение на дистрибуирањето на повеќе од 20 милиони примероци од секое издание на Разбудете се! на 82 јазика, милиони читатели не само што се информираат за природата на денешните проблеми туку ги дознаваат и библиски решенија за нив.
Сепак, сѐ уште останува прашањето: Ако навистина постои Бог, зошто го допушта ужасното страдање на невини луѓе? Многумина се прашуваат: ‚Како можам да го сакам Творецот чија мудрост е очигледна во чудата на создавање, но кој очигледно не покажува сочувство кон луѓето денес?‘ Задоволителниот одговор на овие прашања се наоѓа во брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас? Можете да нарачате примерок ако го пополните и испратите по пошта придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.