„Навремен совет“ за секого
„БЕВ трогната до солзи од толку добриот и навремен совет“, напишала една читателка во врска со книгата Тајната на семејната среќа. „Навистина сум трогната и вчудовидена од нејзината подробност и чувствителност додека зборува (во принцип) за секоја тешка ситуација која би можела да настане во семејството . . . Запрев токму на средината на 8. поглавје за да ви пишам. Не можев повеќе да чекам.“
Оваа благодарна читателка од Северна Каролина (САД) додала: „Се молам за моето семејство, како и за многу други семејства во светот, да обрнат повеќе од вообичаено внимание на она што го содржи оваа книга“.
Милиони луѓе во целиот свет извлекле корист од оваа публикација од 192 страници. Во оваа книга има по нешто за секој член од семејството — сопругот, сопругата, родителите, децата и бабите и дедовците. Некои од нејзините поучни поглавја се: „Воспитувај го своето дете уште од најраното детство“, „Помогни му на твојот тинејџер да напредува“, „Заштити го своето семејство од погубни влијанија“ и „Зачувај мир во своето домаќинство“.
За да добиете примерок, Ве молиме пополнете го и испратете го придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание. Ќе добиете конкретни предлози кои можат да Ви помогнат да ги решите проблемите и да се восхитувате на семејниот живот, како што имал намера Творецот.
□ Испратете ми примерок од книгата Тајната на семејната среќа.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.