Вие сте поканети — ќе дојдете ли?
ПОКАНЕТИ—КАДЕ? На најважната средба што Јеховините сведоци ја одржуваат секоја година — комеморацијата на смртта на Христос, која се темели на Господовата вечера што ја вовел. Извештајот на Матеј ни кажува: „Исус зеде леб и, откако кажа благослов, го раскрши и, давајќи им го на учениците, рече: ‚Земете, јадете. Ова значи моето тело‘. Исто така, зеде чаша и, откако заблагодари, им даде велејќи: ‚Пијте од неа сите; зашто ова значи мојата „крв на сојузот“, која треба да се пролее во корист на мнозина за простување на гревовите‘“ (Матеј 26:26—28).
Значењето на овие зборови ќе биде објаснето на овогодишната прослава на Господовата вечера, која се паѓа в четврток, 28 март, по зајдисонце. Се надеваме дека и Вие ќе бидете таму. Ве молиме, информирајте се кај Јеховините сведоци за точното време и место на состанокот во Вашето место. Ќе бидете добредојдени.