„Ве молам, помогнете ми! Вие сте ми единствената надеж“
СО ГОРНИВЕ ЗБОРОВИ ЕДНА ДОКТОРКА на Медицинскиот универзитет во Каунас (Литванија) го завршила писмото до канцеларијата на Јеховините сведоци во таа земја. Докторката објаснила:
„На работа почнав да ја читам книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. Планирав да употребам информации оттаму во некои мои статии, но се случи нешто и книгата исчезна. Очигледно некој ја зел. Многу ме вознемири тоа што изгубив нешто толку скапоцено. Ве молам, бидете љубезни и испратете ми уште еден примерок.
Многу ми е потребна оваа книга затоа што ги посетувам училиштата и работам со млади луѓе, а книгата ми помага да одговорам на многу нивни прашања. Ако добијам друг примерок, ќе го чувам дома и добро ќе се грижам за него. Оваа книга содржи нешто многу скапоцено и сигурно затоа некој ја зел. Во овие тешки времиња, неопходно е да црпиме сила од некаде. Ве молам, помогнете ми! Вие сте ми единствената надеж“.
Книгата Младите прашуваат одговара на многу прашања за кои размислуваат младите, како што се: „Како можам да ги натерам родителите да ми дадат поголема слобода?“, „Дали да си заминам од дома?“, „Како можам да стекнам вистински пријатели?“, „Каква кариера да изберам?“, „Што е со предбрачниот секс?“ и „Како да знам дали е тоа вистинска љубов?“ Ова се наслови на само неколку поглавја. За да нарачате примерок од оваа книга, пополнете го придружниот купон и испратете го на адресата што е приложена на купонот или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Испратете ми еден примерок од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.