ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/4 стр. 32
  • Најважниот состанок во годината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најважниот состанок во годината
  • Разбудете се! 2003
Разбудете се! 2003
g03 8/4 стр. 32

Најважниот состанок во годината

Замислете си дека страдате од некоја смртоносна болест. Можете да се излекувате со операција, но трошоците за неа се многу повисоки од Вашите можности. Замислете си дека се појавува некој добротвор и се понудува да плати за операцијата. Зарем нема да бидете благодарни за овој животоспасувачки дар?

Библијата поучува дека првите луѓе, Адам и Ева, им пренеле грев и смрт на сите свои потомци. Според тоа, секој од нас на некој начин бил роден со неизлечлива болест — и никој не може да си го дозволи лекот (Псалм 49:7—9). Сепак, Јехова Бог го дал како откуп својот Син, Исус Христос, за да ја плати цената на нашите гревови. Поради овој животоспасувачки дар, имаме прилика да живееме засекогаш во рај (Римјаните 6:23).

Во среда 16 април, по зајдисонце, Јеховините сведоци ќе ја одбележат Исусовата смрт. Минатата година беа присутни повеќе од 15.000.000 — од кои повеќето не беа Јеховини сведоци. Поканети сте да присуствувате на овогодишниот Меморијал на Христовата смрт. Тоа навистина е најважниот состанок во годината. Ве молиме, информирајте се кај Јеховините сведоци во Вашата близина за точното време и место.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели