ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/10 стр. 10-11
  • Вистинско решение — дали е возможно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вистинско решение — дали е возможно?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потребна е промена на умот и срцето
  • Можете да имате корист уште денес
  • „Речта Божја е жива“
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Како да ја облечеме новата личност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Каква личност сакаш да бидеш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Ќе им дојде крај на злобните дела!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/10 стр. 10-11

Вистинско решение — дали е возможно?

ИЗГЛЕДА дека криминалот е постојан составен дел на современото општество. И покрај добронамерните напори на социјалните работници, чуварите на редот и мирот и специјалистите за рехабилитација на криминалците, светот станува сѐ поопасно место. Има ли некакво решение?

Библијата покажува дека претстои една голема промена. Таа нема да биде резултат на напорите на човечките влади. Сите човечки владетели си имаат ограничувања, без оглед на тоа колку се благородни нивните цели. Тие едноставно немаат моќ и средства да ја искоренат причината за криминалот или да воспостават систем во кој ќе има трајна безбедност.

Промената за која зборува Библијата ќе ја донесе нашиот Творец. Како Творец на универзумот, тој има моќ и законско право да го направи она што не можат да го направат луѓето. Библијата вели дека „Он ги претвора кнезовите во ништо, судиите земни ги прави да бидат ништожни . . . поради големата моќ и големата сила во Него“ (Исаија 40:23—26, ПСП). Какви промени ветува Бог и како тие ни даваат реална надеж за еден подобар свет?

Во Псалм 37:10 ни е кажано Божјето ветување: „Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а [злобниот] веќе ќе го нема“. Бог има намера да се ослободи од оние што се непоправливо злобни и немаат намера да се променат. Меѓутоа, тој нема да ги уништи сите луѓе. На оние што сакаат да станат кротки, понизни и мирољубиви, псалмистот им ветува: „Надевај се на Господа и држи се за Неговиот пат; Тој ќе те возвиши и ќе ја наследиш земјата; радосно ќе ја гледаш пропаста на безбожните“. Кога ќе ги нема злобните, оние што ќе останат ќе уживаат „во изобилен мир“ — во еден свет во кој ќе нема никаков криминал (Псалм 37:11, 34).

Потребна е промена на умот и срцето

Самото тоа што ќе бидат уништени злобните и ќе бидат спасени добрите луѓе не е доволно за да се реши проблемот со криминалот еднаш засекогаш. Криминалот честопати е резултат на неисправно школување на срцата и умовите на луѓето. Меѓутоа, на ова поле Божјата влада ќе ги надмине другите влади. Ќе даде практична поука и образование за да ги обучи луѓето да ја сакаат праведноста. Во Исаија 54:13 стои: „Сите Господови синови ќе ти бидат ученици, и голема ќе биде среќата на твоите деца“.

Резултатите ќе бидат навистина задоволувачки! Библијата живописно ги опишува промените што кај себе ќе ги направат луѓето кои некогаш можеби имале карактеристики слични на животните. Во неа стои: „Волкот ќе живее со јагнето, рисот ќе лежи со јарето, телето и лавчето ќе пасат заедно“. Зошто? Затоа што „земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода“ (Исаија 11:6, 9). Меѓутоа, Вие и Вашето семејство не мора да ја чекате иднината за да направите такви промени. Зошто?

Можете да имате корист уште денес

Има луѓе што уште денес ги прават промените што се неопходни за да се подготват за еден свет во кој нема да има криминал. Тие веќе облекуваат една нова личност, онаква каква што сака Бог да имаат луѓето што ќе живеат во неговиот нов свет (2. Петрово 3:13). Тоа го прават применувајќи ги библиските начела во својот живот. Забележете го интересниот опис што го дава Библијата: „Да се обновите во силата која го задвижува вашиот ум, и да ја облечете новата личност која е создадена по Божја волја во вистинска праведност и лојалност“ (Ефешаните 4:23, 24).

Во Колошаните 3:12—14 понатаму се опишуваат позитивните особини што денес ги негуваат многу поединци со искрени срца. Таму стои: „Според тоа, како Божји избрани, свети и љубени, облечете се во нежна наклоност на сочувство, љубезност, понизност на умот, благост и долготрпеливост. Поднесувајте се еден со друг и простувајте си спремно еден на друг, ако некој има причина за поплака против друг. Токму како што Јехова доброволно ви прости вам, така правете и вие. Но, освен сево ова, облечете се во љубов зашто таа е совршена врска на единство“.

Дали би сакале да добиете помош да ја облечете новата христијанска личност? Милиони луѓе низ целиот свет веќе го прават тоа со помош на Јеховините сведоци. На состаноците што редовно се одржуваат во Салите на Царството и на големите конгреси дури и луѓето што некогаш биле насилнички криминалци научиле како да облечат една мирољубива личност.a Ако сакате да извлечете корист од една таква одлична библиска образовна програма, не двоумете се да контактирате со издавачите на ова списание. Тие со радост ќе Ви помогнат да се најдете меѓу луѓето што уште денес се подготвуваат да живеат во Божјиот нов свет во кој ќе нема криминал.

[Фуснота]

a За примери видете го српското издание на Разбудете се! од 8 мај 2001, страници 8—10.

[Слики на страница 10]

Милиони луѓе добиваат образование за да живеат во еден свет во кој ќе нема криминал

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели