Дали знаете?
(Одговорите на овој тест можат да се најдат во наведените библиски стихови, а целосните одговори се отпечатени на 30 страница. Додатни информации побарајте во публикацијата „Insight on the Scriptures“ [Увид во Писмото] објавена од Јеховините сведоци.)
1. Која била првата брачна двојка за која во библискиот запис стои дека била погребана во пештерата Махпела во близина на Хеврон, и за кои други е познато дека биле погребани таму? (Битие 49:29—33; 50:13).
2. Кој син на Давид бил познат по својата извонредна убавина? (2. Самоил 14:25).
3. Какво граѓанство поседувал апостол Павле од раѓање? (Дела 22:25—28).
4. Кое предупредување му било дадено на Адам во врска со забранетиот плод? (Битие 2:17).
5. Откако цар Ровоам го одбил барањето на народот, кој човек го испратил кај бунтовните северни племиња, и што му се случило на тој човек? (2. Летописи 10:18).
6. На што сакал да укаже Исус кога рекол дека „никој не може да им робува на двајца господари“? (Матеј 6:24).
7. Кога Јехова им обезбедил на Израелците мана за јадење, што се случило со маната што не ја собрале? (Излез 16:21).
8. Кој го предал Исус? (Лука 6:16).
9. Кој бил главен идолски бог на Амонците? (Софонија 1:5).
10. Кој дел од човечкото тело честопати се користи симболично во Библијата за да се претстави способноста да се примени голема сила или моќ? (Еремија 32:17).
11. Кој му рекол на цар Ахасвер дека Астина треба да се симне од престолот и да се замени со друга царица? (Естира 1:14—20).
12. На кој начин Мојсеј направил горчливата вода од Мера да стане слатка? (Излез 15:23—25).
13. Од каде тргнале Израелците кога излегле од Египет? (Излез 12:37).
14. Кој го известил Јосиј за тоа како напредуваат поправките на храмот и кој му читал на царот од „книжниот свиток на Законот“ што бил пронајден таму? (2. Цареви 22:8—10).
15. Каква боја биле четирите коњи што ги видел Јован, како што е запишано во Откровение, и што претставувале тие? (Откровение 6:2—8).
Одговор на тестот
1. Авраам и Сара; исто така и Исак, Ревека, Лија и Јаков
2. Авесалом
3. Римско
4. „Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш“
5. Адорам, надзорникот на работниците. Тој бил каменуван до смрт
6. „Не можете да му робувате на Бог и на Богатството“
7. „Кога сонцето ќе огрееше, маната се растопуваше“
8. Јуда Искариот
9. Мелхом
10. Раката
11. Мемукан, говорникот на седумте медоперсиски кнезови
12. „Господ му покажа едно дрво. Го фрли тој дрвото во водата“
13. Рамзес
14. Сафан, секретарот на царот
15. Белиот — праведна војна; со пламена боја — човечките војни; црниот — глад; бледиот — смрт