‚Ги растера моите сомневања во врска со Божјето име‘
Еден човек од шпанско говорно подрачје, од Сан Диего (Калифорнија), ги напишал горенаведените зборови во едно писмо до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Соединетите Држави. Тој објаснил: „Иако не сум член на вашата организација, многу сакам да ја читам вашата литература. Сега ви пишувам за да ви честитам. Пред три дена, вниманието ми го привлече една брошура што беше фрлена во ѓубрето. Ја зедов, иако беше влажна. Имаше наслов Божественото име кое ќе остане засекогаш. Откако ја исушив, внимателно ја разгледав.
Никогаш досега не сум бил толку фасциниран од некоја публикација. Мислам дека во целиот свет нема слична на неа. Ги растера сите мои сомневања во врска со Божјето име. Веќе го користам тој оштетен примерок за да ги поучам за Божјето име моите пријатели што се религиозни. Ги прашувам: ‚Како гласи Божјето име?‘, но тие не знаат да ми одговорат! Тогаш им ја покажувам брошурата. Ве молам, испратете ми три нови примероци на шпански јазик“.
Можете да нарачате примерок од брошурата од 32 страници Божественото име кое ќе остане засекогаш, ако го пополните овој купон и ако го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата Божественото име кое ќе остане засекогаш
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.