Имала силно влијание врз животот на ова дете
Пред повеќе години, деветгодишниот Савинјен од еден мал град во Пенсилванија (САД), напиша писмо во кое го изрази своето ценење за публикацијата Моја книга со библиски приказни. Во писмото стоеше дека тој штотуку ја прочитал оваа книга која е полна со слики на кои се прикажани личности и настани за кои се зборува во Библијата.
До издавачите на книгата, тој напиша: „Мислам дека треба да продолжите да ја печатите оваа книга за да ги охрабрите и другите деца како мене да дознаат нешто повеќе Библијата.
Од неа научив дека сѐ во Библијата е вистина и дека е запишано за да нѐ поучи и да имаме надеж за иднината.
Немаше да го знам ова ако не покажевте интерес за нас децата и ако не ги напишевте овие информации толку едноставно за да можеме и ние подобро да ги разбереме“.
Што правите Вие за да го поттикнете Вашето дете да учи? Би можеле да нарачате примерок од Моја книга со библиски приказни, која има 256 страници и содржи 116 приказни во кои се зборува за луѓе и настани од Библијата. Само пополнете го купонот подолу и испратете го на адресата што е отпечатена на него или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од публикацијата Моја книга со библиски приказни.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно проучување на Библијата.