ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/8 стр. 32
  • Младите бараат одговори

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Младите бараат одговори
  • Разбудете се! 2005
Разбудете се! 2005
g05 8/8 стр. 32

Младите бараат одговори

Во 2002, во Торонто (Канада) се одржа 17. Светски ден на младите католици. Дојдоа стотици илјади луѓе од целиот свет. Иако не учествуваа во тој настан, Јеховините сведоци очекуваа дека во градот ќе дојдат голем број млади лица. Како се подготвија за тоа? Со ист став како христијаните од првиот век, ја искористија таа прилика да разговараат со нив за Библијата (Дела 16:12, 13).

Сведоците ги пофалија тие млади луѓе за тоа што се интересираат за духовни работи. Како резултат на тоа, водеа голем број пријателски разговори за библиски теми. Кога една девојка Сведок прашала една друга девојка дали Светскиот ден на младите ги исполнил нејзините очекувања, таа рекла: „Па, досега имаше музика и танцување, но ништо од тоа не ми ја зајакнува верата“.

Потоа, оваа девојка Сведок ѝ ја понудила брошурата Книга за сите луѓе и ѝ објаснила дека во неа се одговорени многу прашања што луѓето си ги поставуваат за Библијата, како на пример, „Дали таа е навистина реч Божја?“ и „Од каде знаеме дека не се променила откако првпат била напишана?“

Девојката рекла: „Баш тоа ме интересира и мене. Сакам да најдам одговор на моите прашања. Веднаш ќе ја прочитам. Можеби тоа ќе биде највредното нешто што ќе го извлечам од ова патување“.

Ова е само еден од многуте разговори што Сведоците ги водеа со делегатите на Светскиот ден на младите католици. Ако сакате и Вие да ја добиете брошурата Книга за сите луѓе, која има 32 страници, пополнете го придружниот купон и испратете го на наведената адреса или на соодветната адреса од 5. страница во ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата Книга за сите луѓе.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели