„Мора да се прочита“
Ова го кажал еден професор по физика во Соединетите Држави во врска со книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе?a Тој напишал: „Книгата обработува некои од најзбунувачките прашања во астрофизиката, молекуларната биологија и анатомијата на човекот — работи за кои тешко може да се каже дека настанале случајно... Навистина вреди да се разгледаат примерите и доказите што се изнесени во оваа книга без оглед дали некој повеќе ја прифаќа еволуцијата или создавањето“.
Една жена напишала: „Немам зборови да опишам колку длабоко ме погоди оваа мала книга. Просто не можев да ја оставам! Секоја следна страница ми разоткриваше нови и нови научни сознанија за нашата вселена. Навистина научив многу работи!“
Некои од другите работи што ѝ оставиле впечаток на оваа жена била разработката на четирите фундаментални физички сили, како и на уникатноста на луѓето во споредба со животните.
Си се прашал ли некогаш дали има цврсти научни докази што укажуваат на тоа дека постои Творец? Ако постои, дали навистина се грижи за нас? Одговорите на овие и на слични прашања ќе ги најдеш во оваа неверојатно интересна книга со 192 страници. Можеш да нарачаш примерок ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.
[Фуснота]
a Издадена од Јеховините сведоци.
[Слика на страница 32]
Фотографија на столбови од гас наречени „Столбови на создавањето“, кои се наоѓаат во маглината NGC 6611 или маглината Орел (М16). Фотографијата е направена со помош на вселенскиот телескоп Хабл.
[Извор на слика на страница 32]
Фотографијата горе и на корицата: J. Hester and P. Scowen (AZ State Univ.), NASA