ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/07 стр. 3
  • Млади на интернет!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Млади на интернет!
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Децата и Интернетот — што можат да сторат родителите?
    Разбудете се! 2008
  • Дали твоето дете користи Интернет?
    Разбудете се! 2008
  • Децата и Интернетот — што треба да знаат родителите?
    Разбудете се! 2008
  • Помош за младите да се справат со проблемите
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 3/07 стр. 3

Млади на интернет!

Замисли си го твоето дете како ноќе талка само по улиците.

Замисли си дека твојот тинејџер планира забава кај вас дома, а ти немаш поим за тоа.

Замисли си дека твојот син или ќерка прави дупликат клучеви од вашата куќа и им ги дава на потполно непознати луѓе.

АКО твоето дете има пристап до Интернет, многу лесно може да се најде во некоја од овие ситуации, иако тоа на прв поглед изгледа неверојатно. „Интернет нуди безброј најразлични места за состанување — од електронски огласни табли (или форуми) до инстант-пораки кои се испраќаат на таканаречените страници за дружење“, се вели во списанието Science News.

Младите брзо научија да живеат со Интернет. Всушност, во 2004 год., речиси 90 отсто од младите во Соединетите Држави на возраст меѓу 12 и 17 години користеа Интернет, кој е достапен во речиси секој дел од светот.

Малку се оние што велат дека Интернетот не е корисен. Сепак, сите треба да бидеме свесни и за опасностите што се поврзани со него. На пример, голем број млади талкаат сами на Интернет, а некои стапуваат во контакт и со лица кои, ниту ти ниту твоето дете, никогаш не би ги поканиле дома.

Некои наивни млади лекомислено изнесуваат на Интернет лични информации, и свои размислувања и фотографии. Според професорот Џенг Јан од Државниот универзитет во Њујорк, младите „честопати не се свесни колку многу луѓе имаат пристап до тие информации, и дека меѓу нив има и такви што сакаат сексуално да ги искористат“.

Да разгледаме подетално што прават многу млади на Интернет. Ова ќе ни помогне да ги уочиме можните проблеми, да видиме што, всушност, бараат таму нашите деца и да сфатиме како можеме да им помогнеме да ги задоволат своите оправдани потреби. А ќе им помогне и на младите христијани да ги надминат тешкотиите и да му останат верни на Бог во овие тешки времиња (2. Тимотеј 3:1-5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели