Настан што не треба да се пропушти
„Правете го ова за мој спомен!“ Овие зборови, запишани во Лука 22:19, ги кажал нашиот Господар Исус Христос кога ја вовел Спомен-свеченоста по повод својата смрт. Бидејќи тој умрел за луѓето, ние имаме можност да живееме вечно во рајски услови. Затоа треба да се сеќаваме на неговата смрт.
Дали ќе присуствуваш на одбележувањето на Исусовата смрт оваа година?
Јеховините сведоци срдечно те покануваат да им се придружиш во одбележувањето на овој важен настан. Спомен-свеченоста ќе се одржи по зајдисонце на датумот што одговара на 14 нисан од библискиот лунарен календар. Оваа година тој паѓа во понеделник, 2 април. Јеховините сведоци можат да ти кажат каде и кога овој настан ќе биде одбележан во твоето место.